Можно е, иако пената и тоникот се многу нежни, сепак не ја исклучувам таа можност. За преку ден имав во план да ја земам Dr.Hauschka Melissa. А за навечер ми беше да не е премногу на топлово да ставам и ноќна крема. Сепак имаш некаков предлог за ноќна крема?
Да се надоврзам со муабетот јас Др.Хаушка Мелиса ја користев и како ноќна крема и немав никаков проблем (иако нивната филизофија е да не се користат ноќни креми туку само нивниот ноќен серум со јаболка )
@Artemission @Sexybaby86 со мало задоцнување,никако прано неможев да се вклучам. Пола пост ми стои од некни така напишан па малово ми се разболе и стана се историско Ова е тоникот од Reviva Labs. Знам дека имаше и крем со гликолна кислеина 10% и 5%. Другарка го нарачуваше од I Herb ама јас неможев да го најдам,знам со сигурност на Амазон дека го има. Се фалеше дека ептен и ја освежило кожата. Фино чистел пори и го изедначувал тенот. Составот му беше супер освен ако не го смениле сега. Кога го споредуваше со Alpha -H тврдеше дека е миљон пати поделотворен, иако ова не е тоник. Знам дека овошни киселини преку лето и чим фати појако сонце не се ставаат, што знам мене и со фактор би ми било шубе да излезамледам по жешково. Некако се одоговлечувам од пусти страв да не ми бидне нешто. Пред 2 години се најдов со золва ми во Гинот и ми рекоа на мое лице (тогаш ептен џам) немам сеуште потреба од овошни киселини. Мислам дека чим заврши летово обавезно ке земам еден од овие, во предлог доаѓаат и некој од овие што ги предложила @sorbet. The Ordinary Buffet го нарачав исто по препорака ама мене не ми беше толку посебен,ама уште малку има останато па ќе го дотрошам. @Artemission дали Елемис ретко се употребува како пишано правило или ти така се водиш? @Sexybaby86 каква кожа имаш,чисто за споредба Ова за неупотреба на гликолна и воопшто за сите киселини имам читано ептен поодамна ги ставаа како состојки во ист кош како формалдехид, алуминиум, длабински хемиски пилинзи,ретинол...колку е се тоа точно не би знаела. Јас до сега пазам и во двете бремености и воопшто вака гледам да избегавам хемија. Мене многу не ме привлекува дизајн ако декларацијата му е безврска. Се опаметив,бар така мислам јас На ум сум да почнам со употреба на пептиди, еве си ја раситнив 30 па ако имате предлог би ми значел. Би сакала да ме тагнете трите кога ќе налетате на попуст од BeautyBay и LookFantastic @Artemission @Sexybaby86 @sorbet
@Selest масна кожа имам, иако во бременоста ми беше сува. Сега пак ми се врати масната, ама не се жалам. Викаат масна кожа била поотпорна на брчки, заради маснотијата не се создавале лесно. Тенот ми е изедначен, не се жалам, иако знае да има некоја поупорна флека чат пат. За гликолна, во план ми е да го пробам или овој на Ревива лабс или на Пикси, ама решив летово пауза да правам, и така Алфата ми се потроши, а и како што кажа не треба летно време да се употребуваат. Склона сум јас на флеки од сонце, лани ми се направи една и уште си ја носам, па ќе паузирам летово. Инаку Buffet на Ordinary и јас го користев, два пати го нарачував и не видов никаков резултат, така што не би го земала пак. А го земав заради пептидите, ама немаше некој ефект кај мене. Ретинолот нивни од друга страна го фалат многу, па на есен би го пробала, односно кога ќе ја одбијам малата од цицање
Да пробаш со мала количина на масло од јојоба после тоникот? Го регулира лачењето на себум затоа ми изгледа соодветно за ситуацијата
Дали некоја од вас го пробала новиот производ на vichy - Vichy mineral 89? Некако премногу идеално ми изгледа за се спакувано во еден производ од околу 1100 денари
Јас лично сум многу против натрупување на секакви производи врз лицето. (порано тоа го правев) На кожата на лицето сѐ што и е потребно е само да го одржуваме чисто со некоја мицеларна водичка, плакнење секојдневно со сапунче и топла вода, јас користам dove сапун, и кога го бришете лицето со пешкир важно е да не трљате, него до тапкање, така сум слушнала не знам зошто е така. Потоа некоја блага помада во зависност од типот на кожата, лично јас користам Бекутан И тоолку. И можам да се пофалам дека кожата ми е како на бебенце (до бекутанот ке е) П.с. Не сум од маркетинг
Се разбира дека го одржуваме лицето чисто, го миеме неколку пати во денот, повеќе и од некои што имаат чисто лице, но повторно се јавуваат проблеми. Никој не сака залудно да троши пари постојано и да испробува нови креми, лосиони и сл, со надеж дека ќе помогнат. Да беше толку едноставно решението, темава немаше да има 365 страни.
Luminary ќе те замолам ако ја пробаш кремата Мелиса од др.Хаушка овие денови, да ми кажеш дали ќе ти се допадне. И јас планирам да ја земам штом ја дотрошам старата крема, а гледам дека ист проблем имаме со лицето, ем мрсна Т-зона, ем суви делови. Се надевам дека ќе се погоди
Работата е кој нема проблеми со лицето не може да разбере колку пари се фрлени месечно по аптеки дм дерматолози козметичари само да би дошле до тоа чисто лице и да користиме бекутанче и водичка.Најжално е кога ќе кажат па миј го почесто чим имаш тоолку акни а тебе од сабајле до вечер ти е испланирано на неколку саати со што го миеш како колку време.. Како некој со проблематично лице не би сакала никој да е во моја кожа затоа што навистина е исцрпувачки.
Ах колку се нервирам кога некој ќе ми рече миј си го лицето, купи си Дав/Бекутан сапун стакло ќе ти биде, ми иде главата да му ја скинам јас овде месечно трошам минимум 3000 денари за реномирани козметики, внимавам на состојки, исхрани чуда и пак едвам успевам да го одржам во некој ред, и некој ќе се најде паметен ќе ти речи миј го лицето со вода 2 пати на ден, ау фала не знаев Па колку мразам кога некои креваат паника за 2 мозолчиња пред циклус, си викам не сте виделе што е вистински лошо како велат ситиот на гладниот не му верува
Еве јас не би рекла дека имам проблем со акни (акни пред или после циклус не се "состојба за третирање" според мене), ама па никогаш не би користела Бекутан за нега на лице. Кога ќе слушнам таков муабет, тоа најмногу ми паѓа во очи и не знам дали им е јасно дека со тоа што ќе стават Бекутан крема на лице не направиле ништо корисно за кожата. Тоа е како евергрин на темава. Нема-нема ќе се појави некој со ваков совет. Еве совет од мене (не се однесува на тебе, Меј, зборам општо) - сврти ја кутијата од кремата Бекутан и погледни го составот. Прекрасно за "нега" на кожа. Не е добра биту за бебиња. Дав сапун можеби е океј до некаде, за одреден тип на кожа. Тоа и јас имам користено и мене многу убав ми беше Дав со пилинг-гранули за ексфолијација. Ама јас имам масна кожа, па мене сапунот не ми ја суши кожата (а е доста агресивен сапун исто така). Но дека е решение за посериозен тип на акни - да не се лажеме, не е. Акните како состојба бараат многу повеќе од надворешно третирање и многу повеќе од Нивеа и Бубхен креми за бебиња.
Кога вејќе збориме за ова, да ве поздравам со сликава. Колку пати сум добила ваков совет и ми идело да ги извадам сите тракатанции за нега на кожа. Значи фала што ме просветли да си го мијам лицето, не знаев.
За жал не се само акните проблем, некој има проблем со регулирање масност, со истакнати пори што ниту еден Дав и Нивеа не го решаваат. Бидејќи гледам дека е почнат муабетот за The Ordinary и овошни киселини ќе се надоврзам. Го користам гликолскиот тоник 7% на The Ordinary, салицилната киселина 2%, ниацинамид + цинк 1% и 100% маслото од сквалан. По корејскиот метод правам double cleanse навечер, т.е. со маслен отстранувач, отстранувам шминка и нечистотии. Нанесувам чистач за лице (Angels on bare skin од Lush), измивам и на комплетно суво лице нанесувам тоник 3-4 пати неделно. Салицилната ја нанесувам директно на местата каде имам мозолка и порите на носот и околу. Ниацинамидот е витамин Б3 и служи за регулирање на мастењето, намалување црвенило, пори и црнки. Го нанесувам наутро и навечер на цело лице. После следува кремата за лице и околу очи.( навечер со две капки Сквалан за поголема хидратација). Вака успеав да го избистрам тенот, добив здрав сјај и намалено мастење на т-зоната до точка да одам без камена пудра на времево. А можда требаше да пробам само да се измијам со бекутан
Јас ги имам користено на Биодерма само мојата беше зелено паковање , но невидов никаков ефект од неа ...
@Noemi одлична рутина, браво И јас пред да се роди малата бев многу строга кога станува збор за нега на кожата, ама сега некако ја поедноставив рутината, силом прилике нели Сакав да те прашам, бидејќи доста производи користиш од Ordinary, дали си го пробала ретинолот? И дали воопшто си користела ретинол како нега на кожа (не против акни)? Читам многу пофалби на нет за тој на Ordinary, па здравје кога ќе ја одбијам малата од доење на ум сум да го земам. Би сакала да чујам што повеќе искуства за ретинолот општо во нега на кожа, не мора да е строго тој на Ordinary (овој ми е на листа како најпристапен со цена) 32 години ќе полнам, време е да се заангажирам посериозно во борба против брчки