@Sexybaby86 Јас сеуште немам проблем со брчки дел од годините дел од гените, ама имам читано за ефектите од Argireline за статични брчки, чело и назолабијални. За ретинолот има многу ревјус на јутуб, но немам тестирано искрено физичкото лупење на кожата кое доаѓа со него не ми се допаѓа, можеби евентуално зимава да пробам. Во следната нарачка ми се Marine Hyaluronics кој е доста фален за волумен на лицето и порамнување ситни линии и Aha 30% peeling solution за чистење на мртви клетки пори итн. Има и фб групата, доста корисни препораки ќе најдеш, The Ordinary & Deciem Chat Room (Beauty Group). Искрено ја совладав рутинава и за 10мин навечер сум готова.
Според мене не се лажи со апчиња кпга веќе постојат мн работи за акни Мене тој со синото паковче некако мн ми го исуши луцето ама затоа тој со красравица е 5+
Дали некоја ги користела производите на Зиаја од оваа линија? И ако знаете отприлика цена на кремите и пилингот.
Јас ја користам линијава неколку месеци и е одлична за масна кожа. Го имам гелот за миење и ноќната крема и сум презадоволна. Имам и други производи, крема против флеки, тоник, лосион за тело, гел за туширање и се ми се допаѓа многу. Цените им се од 300-450 зависи на што.
Незнам дали мојот проблем е за тука но имам мрсна кожа еве веќе 1-2 години,кога имам некој ваѓен настан земам само влажно марамче и си избришам лицето и не ми е мрсно,но после некое време пак е мрсно лицето.Дали некој има ваков проблем или имал со мрсна кожа и како го решил проблемот ако може да ми кажете?
Прво мрсна кожа не е проблем. Проблеми се акни митисери комедони и слично кои најчесто одат со мрсна кожа.Со влажни марамици дури и нагласено дека е за мрсна кожа не е препорачливо и нема ефект никаков. Имаш дневни креми со мат ефект пудри со мат ефект и многу други производи за контролирање на себумот.
Лично мене не ми помогна, се нафрлав уште повеќе инаку го користев заедно со гелот за миење од истата линија но тоа не мора да значи дека ќе ти се случи и тебе, секоја кожа е различна и различно реагира на секој производ, мислам дека сум една од малкуте што не ми помогнал на нет читав доста рецензии каде го фалеа, пробај го немаш што да изгубиш
И јас го користам веќе 2 години и првиот месец се исфрлив многу повеќе него што имав во тој момент.Но ме предупредија дека тоа се случува затоа што така делува се насобрано извлекува на површина.После еден месец лицето ми стана стакло и ден денес е такво се ретко која бубуљица.Ја имам и Себо контрол од Гамарде исто е убава но ефакларот ми е попогоден некако.
@Elence93 јас ја користев 2 пати таа Ефаклар дуо + , на почетокто си мислев дека ми помага дури имав пишувано и позитивни рецензии на форумов бев уверена дека е спас за лицето , ама потоа пак акни се појавуваа дури мислам дека и помасна ми стана кожата. Земи си ја таа на Гамарде Себо контрол , ќе ти се препороди кожата , за мрсно лице поготово со акни е топ. Цените се исти дури мислам дека со попуст таа на Себо контрол е поевтина плус и природна
Ги нарачав производиве онлајн но незнам како да ги комбинирам. Посебно ме интересира за 2 и 4 производ. Колку пати дневно/неделно? Спојлер
Ниацинамидот не смееш да го мешаш со киселини. Значи ќе го употребуваш самостојно бидејќи може да ти се иритира кожата. Јас го користам сабајле. Салицилната киселина ќе ја користиш навечер, можеш во комбинација со азелаичната киселина. Можеш да ги користиш секој ден, или пак по потреба, поготово киселините. Прогуглај утрински и вечерни рутини на интернет, ги има милион за The Ordinary.