@Minci13 Др.Хаушка Мелиса кремата или Гамарде себо контрол доколку имаш екстремно масна кожа со акни. Маслото не ми се допаѓаше
@Minci13 да само прашај ги од Био хабит каде може да се најде бидејќи секаде е распродадена низ Еурофарм тешко да ја најдеш. Во таа продавница имаш и тестери можеш да ја пробаш да видиш како ќе ти се допадне
имам проблем со акни многу долго , имам испитано хормони , гениколошки се е ок , брис од акна се ок и неможе да се најде причинителот ...од креми лосиони гелови скоро се сум пробала ..некој период лицето ми е ок супер , и потоа пак се нафрлам од они големите акни поткожни ,кој се со многу гној и се болни, сум забележала дека тоа обично е после мензис значи некаде во овулација .... еве сега пак сум нафрлана и сето тоа изгледа страшно ,некој сами од себе ми пукаат некој јас ги истискам знам дека нетреба но ете неможам да се воздржам (одев и на козметичар но ради болката прекинав ) ... еве сега читам за оваа крема Гамарде себо контрол неа ја немам пробано ве молам за совет дали мислите дека ке ми помогне .... Или нешто друго што би могнало не сум во тинејџерски години скоро 28 сум и пак мака мачам ...
Вака, нашиве гинеколози мислат дека ако хормоните се во рамките на нормала дека се е ок но не е баш така. Хормонски дисбаланс може да имаш иако сите хормони изгледаат дека се во ред. На 28 години и како што кажуваш дека се случува ова околу циклус и овулација значи дека акните најверојатно се хормонски. Кај нас многу лесно знаат да кажат “добри ти се резултатите” а од која причина тоа го прават не знам, кога постојат размери со кои што се мери балансот, кај нас не сум видела некој да ги користи од гинеколозиве. Можеби пробај кај ендокринолог. Секој хормон е поврзан со другите хормони па затоа меѓу нив потребен е баланс а не само да се во рамките на нормала. А најбитно нешто во овој случај е никако да не користиш контрацепција како третман бидејќи тие само го маскираат проблемот, и пак, кај нас секој гинеколог одма препишува контрацепција. Доколку можеш, вложи во некој природен начин на балансирање на хормоните, без апчиња, затоа што само така навистина ќе се доведат во ред и ќе има трајни резултати. Со сите други апчина големи се шансите да се врати проблемот и тоа многу поагресивен од претходно. За хормонски баланс јас имам доста истражувано и читано, најдобри коментари читав за хомеопатијата, ајурведата и акупунктурата како холистички начин на лечење. Сите ги има кај нас. Секако начинот на живот и исхраната играат соодветна улога. Никоја крема нема да има ефект ако проблемот е внатрешен но секако битна е и надворешната грижа на кожата. Истражувај и сама, најди доктор на кого можеш да му веруваш и одлучи со што ќе го лечиш проблемот. И пробај да не ти ствара многу стрес баш ова, бидејќи стресот е причинител за хормонски дисбаланс. Дај си време на себе, ќе се среди.
А да го пробаш серумот Логона со органско нане? Речиси иста цена е со Гамарде, 950 денари. Јас го користам моментално, за масна кожа е феноменален. Го ставам и под пудра и онака во текот на денот. Многу ми се допаѓа засега. Може да се користи и како ноќна крема. Види отвори на сајтот на Логона, ќе најдеш детални информации за него и начин на употреба, бенефит, состојки. Штом ја нема Гамарде, би требало и Логона да заврши работа.
Acidi Borici ( борна киселина ) Се користи како лосион за лице, секоја вечер пред спиење, веќе неколку месеци како го употребувам и никогаш поубаво не ми било лицето.
Последна надеж, се надевам дека некоја од вас ќе има некое слично искуство.. Пред повеќе од 2 години на образот, до носот ми се појави црвенило и неколку акни. Мислев дека не е ништо страшно, обични акни.. Но, црвенилото пополека само се прошируваше. Се појави и на другиот образ. Симетрично, само на помала површина. Брадата и делот меѓу веѓите се зацрвени исто по одреден период. Бев кај 3 дерматолози. 2 дадоја дијагноза дека е розацеа, еден дека е предизвикано од хормонски дисбаланс. Црвенилото не е секогаш со ист интензитет, а најмногу е изразено пред циклус и првите денови од циклус. Хормони проверив, во ред беа освен минимално покачување на пролактин. Кремот што ми го дадоа дерматолозите не ми помага.. Веќе не знсм што дс прсвам. Црвенилото стои и си се шири, веќе ни пудра не го прекрива целосно. Барем да најдам нешто што ќе го намали и држи под конторла ако не да го излечи. Иначе бев кај др. Анета Петрушевска во Ординација д-р Анчевски, д-р Маргарита во Прилеп и д-р Литовски во Битола. Има некој слично искуство или информации било какви??
Kako pomala imav mnogu pubertetski akni,crnki, mrsna koza i svasta... Koristev sekakvi gluposti se dodeka ne otidov na dermatolog, liceto mi se sredi. Koristev dalacin c, mi napravi nekoi tretmani i toa bese toa. Kako pominuvase vremeto, liceto mi stanuvase se pocisto. Sega mozam da kazam deka imam cisto lice, no imam mal problem. Na ednata strana od licevo mi ostanaa pori. Ne golemi dupki, tuku pori koi ako covek zastane blizu do mene bas se primekaat. Dali nekoj ima iskustvo so takvo nesto, da mi preporaca nesto? Mozebi nekoj tretman bi zavrsilo rabota, krema, maska, tonik, bilo sto. @Biodevojka mozebi ti mozes da mi preporacas nesto?
Јас имам дерматит и тоа е исто црвенило, го имам покрај страните на носот и под едната веѓа. Јас ставам јакодерм маст и веднаш го снемува црвенилото, но после неколкудена пак ми се појавува но некако го контролирам цвенилото. А кога ми се појавува и ако не ставам од маста многу ме чеша и ми станува многу црвено.
Јас лицево во последно време си го гледам некако безживотно и неосвежено Башка што немам ставено ништо којзнае од кога ради жешково па се осекам као со камен да се бањам и стругам Не знам дали доловив Имам црвени лузни од бручки кои што не заминуваат и воедно белки А имав стаклено лице Лицето ми е нормално нит масно нит суво Помош? Не ме интересира цена се дур се најде нешто навистина ефикасно
Со јекодерм искрено не сум пробала а ми го препорача една познаничка така, како дијагноза "од око". Различен проблем имаме двете најверојатно и се сомневам дека во мојот случај ќе помогне кремот ама што не пробав па ќе пробам и со него Иначе користев крем како препорака од лекар, BIODERMA Sensibio AR (950ден.), демек за намалување на црвенилото ама мене не ми помогна. А дерамтит како дијагноза не ми даде ни еден дерматолог.. Фала ти за одговорот..
А да пробаш со Acidi Borici? Мене ми ги суши акните моментално, ги снемува скоро до утредента и ми го неутрализира црвенилото,пишував наназад. Предлог, можеби ќе ти одговара и тебе на лицето
Да не ти е случајно од некој од продуктите што ги користиш за нега на лицето? Или пак од пудрата? Јас имав слична случка само што кај мене брзо се реши, неколку недели. Купив една нова крема за лице, и почна црвенило да ми се појавува, мозолки.. престанав да ја користам и црвенилото ми се повлече. Може нема врска во твојот случај, но чисто да споделам искуство да си имаш во предвид.
Алерго-дерматитис...твојата кожа не го поднесувала кремот кој си почнала да го користиш. Размислував и за таа варијанта, престанав да користам и било каква козметика еден период, не купував различни детергенти од тие што до тогаш ги користев.. И на храна внимавав.. Ама едноставно причинителот не е тука бидејќи нема никакво подобрување ниту промена.. Најмногу ме секирс тоа што ни дерматолозите немаат некое решение.. Розацеата (ако е тоа) можеш само да ја држиш колку толку под контрола за да не бидеш како семафор заглавен на црвено по 10 години. Има и некои ласерски третмани за кои уште размислувам.. Ама мене ова ме чуди поради промените кои ги прави пред и за време на циклус - што би значело дека се некои хормони во прашање. Имам полицистични јајници и намалено лачење на тироидната жлезда. За тироидната имам терапија ама за јајниците нема што да направам. Па сепак, резултатите од хормоните ми беа во ред... Каша попара Фала ти многу за искуството