Девојки, имам прилично чисто лице и до сега не сум имала посериозни проблеми со акни. Но, по неколку дена на море ми се појавија крупни гнојни акни околу устата, брадата и долниот дел на образите. Веројатно е од прљавштина, не верувам да е реакција на храна. Ги прскам со активен кислород, ставив маска од глина и малку се подобри ситуацијата. Не се шират, но постоечките константно се полнат со гној. Со што друго можам да ги третирам? Малку сум исплашена затоа што никогаш до сега не сум имала вакво искуство. Фала
Можеби ти е многу сува кожата од солената вода, па лачи повеке мрснотија. Хидрантна крема ставаш? Во период на одмор на море на кожата и е потребна хидрација.
Не би рекла дека е до тоа, затоа што многу го негувам лицето. Веројатно е некоја реакција од прљавштина. Продолжив со активниот кислород, почнав да ставам алое вера со чајно дрво и почнаа полека да се засушуваат, иако ќе им треба малку време да исчезнат целосно.
Планирав да ти пишам лп но ќе напишам овде за да видат повеќето. Периодов наеднаш се исфрлив со акни. Спојлер околу уста , баш на местата кај со имав комедони и внатрешни акни кои беа многу ситни. Две ,три aкни претежно ми излегуваат за време на пмс но овај пат беа многу болни и премногу воспалени па дури и надуени. После 5 дена кај мене има видливи резултати од The Ordinary. Изгледав премногу видеа и сепак си одлучив да ја послушам sorbet. Прво почнав со комбинацијата салицилната киселина и азелаичната киселина а навечер ниацинамидот пошо цинкот брзо суши акни. Но забележав дека акните се исушени па дури како лушпи околу нив имам.Како дехидрирана кожата околу нив. Незнам дали од цинкот или од азелаичната киселина ... Планирам да ги сменам во рутината. Но видливи резултати има. Знам дека е рано во вторникот ми стигнаа но јас ептен сум изненадена од ефектот. Акните не се болни , црвени , нит воспалени , отокот веќе вториот ден го снема и исушени се. Па имам и прашање кој друг производ освен овие што ги имам би препорачале? На пр за црнки ?
За црнки е 2% салицилната. Јас се мислам одамна да ги земам, а никако да се решам. Јас немам мозолчиња (ретко), ама имам црнки и нерамнини. Да си земеш некоја крема за регенерација на кожа, пр. Bioderma Cicabio за сувата кожа. И да намалиш со користење, немој секој да се мачкаш.
Ништо што сум користела до сега не ми помогнало. Затоа сакам да нарачам од The ordinary нешто, ама не можам да се решам кој производ. Ма да мислам дека и одење на хемиски пилинг некаде на дерматолог би помогнало. Ама па поскапо излегува така. Мислам дека кај Коста во Дерма плус беше третманот 1500 денари.
Јас од кремата за сончање лом се направив во лицево,цела се исфрлив затоа што ги запушува порите исто така може од нечиста перница,навлака ми се има десено да се исфрлам кога сум на одмор Миј си го лицето,чисти го со тоник ќе ти поминат се случува
Овој го користам веќе неколку години. Порано беше доста поевтин, сега е околу 470-520 ден во зависност каде ќе го купиш. Го користам за се...лице, рани, иритации, па се до афти во уста.
Здраво девојки ! Сакам да прашам дали некоја го користела гелот на La roche за масна кожа и склона кон акни и како сте задоволни
Алое вера гел. Со години го користам во вакви ситуации. Нема да сведочиш за пресушувањена кожата оти е сепак како гел, а ќе ти помогне да го извади гнојот од акната.
Веќе ми се средува лицето. Ставам од Essi алое вера со масло од чајно дрво. Се покажа одлично. Прво го извлече целиот гној, а потоа почна да ги суши акните. Но, секако ти благодарам
Овој лосион многу ми го исчисти лицето од акни и други брунчиња. Насабајле и навечер по измиено лице само на акните се става, а и не е скап околу 170 ден.
Девојкии можете ли да ми препорачате нешто што ќе ми ги исчисти бубулиците? Имам пробано се и сешто ама ништо не ми помага како што треба
@Biodevojka ако може да ми предложиш нешто за третирање на акните на лице? Ми се појавуваат од прашина или нечисто, и не знам со што да ги мачкам за побрзо да созреат или да се повлечат. Некој лосион или?