прво го мијам лицето со гелот и машинката , после ставам од кремата на цело лице Мене ми помогна, сега не ја користам кремата дека ми беше скапа .. 700 гелот и 1200 денари мислам дека беше кремата ми беа многу а и немам веќе проблеми со лицето така да продолжив да си го користам само гелот
Гелот за миење на лице и сапунот од Себамед ми ја спасија кожата од гнојници. Сепунот го користам за грб и пределот над градите, а пената за лице. Пената многу убаво ја отстранува шминката, порите ми се почисти, немам нови акни. Навечер ставам понекогаш од маслото на Др. Хаушка, а преку ден од флуидот на Логона со нане. Сега за сега ми е супер комбинација.
Женски некоја крема или нешто за црвенило на лице? Со акни немам нешто проблем ама од црвенилово многу шарено ми изгледа лицето
Девојки случајно влегов на темата и ме потсетивте на деновите пред околу 2 години кога буквално немав здраво место на лицето. Прекриено беше со огромни бели мозолки, но во рок од 6 месеци јас немав ни траг од нив , ниту една единствена црнка. Го пишам ова бидејќи сакам да помогнам на секоја девојка знаејќи колку сум се измачила и колку пари сум фрлила на секакви креми. Пишете ми во лична порака и ќе ви го дадам телефонскиот број и адресата на мојот дерматолог. Ви наредувам да го посетите и после откако ќе ги добиете резултатите очекувам да кажете како поминавте. . Овде не ги оставам ниту бројот, ниту името, ниту адресата за да не си мислите дека е само реклама за докторот и да го одмините овај мој совет. Поздрав, секое добро!
Девојки јас до пред 2-3 недели коростев гелови за миење на лицето, но сега решив малку да го "одморам" лицето од сите тие работи затоа што почнаа да ми излегуваат многу бубулици и сега за сега користам сапун Dove и мицеларна вода и тоа најдобро ми го чисти лицето, а после тоа ставам крема за лице
Некаде низ интернетов прочитав дека е добро лицето да се мие со сода бикарбона, дека добро делува на акните. Име ли некоја од вас искуство? @Biodevojka, дали е штетно?
Не е штетно, дури многу е убаво да се користи сода како нежен пилинг, само немој секој ден за да не ја изиритираш кожата. Јас мешам малку сода со вода да се направи како паста и еднаш неделно се мијам така навечер. Кожата е многу мека потоа, кремата лизга како путер и порите се малку почисти. По третманот задолжително да го хидрираш лицето убаво и тоа е тоа.
Фала многу за брзиот одговор! Јас вчера и завчера го измив со сода&вода, и баш ми е убаво, мазно лицето, порите стварно како да ми се намалени, убав пилинг си направив.
Не знаев каков тип на кожа имаш, заборавив да прашам па затоа ти кажав еднаш неделно зашто со тоа немаш утка. Јас правам по потреба - во лето почесто, во зима еднаш неделно, ретко два пати. За акни конкретно не знам дали помага, ама онака за квалитетот на кожата дефинитивно е пожелна. Многу е понежна од шеќерот, обично него го препорачуваат за пилинг, но за мене нема нешто подобро од пилинг со сода или кафе. Тоа најмногу ми прија.
Ајде и овде да прашам- дали некој има искуство со ова- Би ви била благодарана многу, не е за мене, за тинејџер е.
Јас пиев од овие апчиња откако ми се среди ситуацијата со акните со цел да ми се одржува кожата здрава. Според мене мислам дека не можат да излечат сериозен проблем туку само за отсранивање на маснотија и намалување на иритација. Штетни не се колку што памтам содржат само природни елементи. Но да не заборавиме дека мене ми беа препорачани од доктор знаејќи ја мојата кожа и ситуација, а не ги земав на своја рака. Се надевам дека ви помогнав .
Ги користеше @EMMA EMILY. Мислам дека беше така. Ќе ја тагнам нека ти даде одговор, она мислам дека најдолго ги користеше. Исто и @Elence93. Јас немам искуство, но познавам луѓе кои ги користеа таблетите. Некои и по пола година немаа никакви подобрувања, други имаа скроз минимален напредок. Кај секого е различно. Јас искрено не би ги купила за себе, но нека проба со една-две дози ако му/и' се увртени во глава таблетиве.
Ќе го споделам моето досегашно искуство со кожата, во животот никогаш не сум имала проблематична кожа дури ни во пубертетските години, сите ми кажуваа дека сум "чудо на природата" што и јас почнав да верувам во тоа, мислев дека како и да се исхранувам, како и да го третирам лицето тоа секогаш ќе биде чисто. Е сега да напоменам, од многу мала моите ме имаа научено на некој здрав животен стил, повеќе овошје и зеленчук, помалку тестенини, лебот и соковите па ми беа научна фантастика. Така се додека не се преселив за на факултет, почнав да јадам се што ќе ми падни в рака + секој втор ден noodles и шпагети.. Лицето постепено почна да ми се нафрлува, прво не го сфаќав сериозно, мислев дека е некој период и ќе помине, на крај стигнав до фаза да ги пробам сите можни препарати за кои ќе слушнев дека се ефикасни во борба против акните, НИШТО НЕ ПОМАГАШЕ, БУКВАЛНО! Изгубив секаква желба и надеж дека лицето ќе ми се врати во форма какво што некогаш ми беше.. Пред 2 месеци спонтано и со скроз друга намера почнав постепено повторно да ги исфрлам лебот, соковите, тестенините, благото и еве сега некако се вратив на стариот начин на живот. Луѓе не сте свесни, не можете да си замислите колкави промени видов само во 2 месеци, лицето ми е исто како што ми беше пред 3 години.. Значи сакам да кажам дека клучот на секоја врата е здравиот начин на живот, здравата исхрана, континуираната физичка активност и ДОБРАТА МИСЛА. Како и да е, ова е само моето искуство, не мора да значи дека ќе има ефект кај сите, но пробате, крај краева на никој не му станал животот потежок од малку повеќе овошје, зеленчук и вода.
Јас ги користев и не забележав никакво подобрување после месец дена. Некои кажуваат дека треба барем три месеци да се користат за да има некаков резултат, но за мене тоа беше многу.
Во врска со Sebactase таблетите, немам намера многу да објаснувам. Јас си го средив проблемот со моето проблематично лице со кое што видов многу мака кое што веќе ми е чисто да не речам како стакло. За таблетите Sebactase дознав по чиста случајност од девојки што биле на козметичар и ги спомнуваа таблетите и така слушнав за нив. Мене ми помогнаа, сеуште ги пијам. Се консултирав и со дерматолог, и ми рече да ги пијам 3 месеци, да правам месец пауза па пак да продолжам повторно. На тој принцип сеуште ги пијам оти лечењето на акните е подолготраен процес кој наеднаш не може да се среди. Кој сака може да си ги користи, кој не сака не мора.