Фала за советот! Инаку имам многу проблематично лице, со акни за што многу се нервирам и никако да си најдам решение на проблемот со акните. По препорака на неколку феминки ја купив Gamarde Sebo Control. Иако многу ми го исуши лицето, сакав да бидам упорна, да ја користам подолг период за да видам дали ќе има резултати кај мене, ама сега ја нема никаде да се купи.
Нема проблем. Инаку како „замена“ (врска немаат продуктиве, не се толку слични, но супер матираат и се супер за масна кожа, па затоа го спомнувам ова) за Себо контрол можеш да го земеш серумот за масна и проблематична кожа со нане, од Логона. Слична цена е со Гамарде, јас го купив 950 денари и засега ми се допаѓа како функционира, го користам само под пудра или ББ-крема, а онака за нега на лице ја употребувам колекцијата од Алверде со дива роза. За сува кожа е, ама многу ми одговара.
@MIA-SK Гамарде ја нема се уште , ете јас разбрав дека повеќе нема да ја носат во Мк Види ја таа на Логона што ти ја препорача Мишела (и јас ја користам сега а ќе пишам мислење во соодветната тема), или можеш да ја пробаш на Dr.Hauschka Melissa, оваа со сигурност нема да ти го затегнува лицето , а ќе ти биде мат и истовремено ќе ти дава хидратација
Јас го користам лосионот, ама користам и други препарати за акни препишани од дерматолог. Лосионот дава чувство на свежина и ја регулира мрснотијата.
Драга може еднаш неделно како скраб аа не секој ден. Како што ти кажа и Мишела. За секојдневно миење земи ја глината Расул која е феноменална. Ќе помешаш половина кафена лажичка глина со тројно повеќе вода и го миеш лицето како да е гел за миење. Оваа глина е единствена која има измивачко дејство затоа што е еден вид на сапунифицирана глина. Најнежна не иритира а ја остава кожата ќиста. Јас ја мијам косата со неа и преубава е. Поздрав
@Biodevojka sto da zemam protiv miteserii? Duri i pudra koga nanesuvam grdo mi stoe.. celata koza kako naikrena
Здраво девојки, почнав да го користан овој Гел за миење лице од Балеа за нормална и комбинирана кожа, е сега сакам да ве прашам за искуство ако некоја го користела. Со благо триење го нанесувам на влажна кожа и по 2-3 мин почнуван да чувствувам пецкање тогаш темелно го плакнам лицето, е сега пишува со топла вода но јас затоа што сум навикната се мијам со ладна. Откако ќе се измијам 10тина минути приметувам пецкање на лицето но и мало црвенило на образните, дали тоа треба така да биде или мојата кожа реагира негативно? Знаеш ли колку се штетни сапуните на Дове не само за миење лице туку и тело содржи премногу детергенти,Содиум и само ќе ти го суши лицето ништо повеќе и ништо корисно... Сите производи на Дове шампони, гелови за туширање по состав се лоши, така да и сапуниве што ги препорачуваат за лице може само раце да се мијат за да не дојде до поголема 'опасност'. Ако има некој со исто мислење добро е, ама ако грешам исто така поправете ме
@maaraa96 најверојатно не ти одговара пената Балеа, јас немам таква реакција од неа. Би било добро да ја смениш па да видиш како ќе реагира кожата.
А од друга страна, заборавив да напоменам дека премногу ми го исчисти лицето, тоа е тоа што ме тера да се чудам.. Ама сепак и црвенилово на образите ме става во мисла. Си пробала нешто друго од Балеа, Алверде што ти одговара за чистење на лицето? Многу се нервирам летниов период ептен почнав да светам челото толку не но порите околу носот премногу ме иритираат
@maaraa96 и јас ја имам пробано пенава на Балеа и ми беше ок. Но ако сакаш баш пена , јас бев позадоволна од таа на Алверде со лимета и јаболка , можеш и таа да ја пробаш
Не е скапа и таа пена , можеш да ја пробаш. Ако сакаш евентуално гел , од Алверде јас сум многу задоволна и од овој , исто супер за мрсно лице. Што и да земеш нема да згрешиш
Луѓе ми излезе нешто како циста на носот.Што да правам се плашам.Гледав на интернет до операции.Ве молам помош
Сама заклучи дека е циста? Да не е инфицирано мозолче што многу боли? Не гуглај одма операции сигурно не е ништо страшно. Ако не се повлечи за два-три дена оди кај матичен, па на кожен лекар.