Епа секоја кожа е различна тука не можам да генерализирам. Јас имам проблематична кожа и лицето ми е помеко од кога ке си направам пилинг со кафе ,за акни не помага барем кај мене но за отстранување на еден "слој" мртви клетки ми е добар
Искуства со форезата за справување со акни? Дали се можни посериозни последици и за колку време заздравува кожата?
Пред три дена го земав маслото од чајно дрво на ESI, ставив директно на акните на памукче (навечер) и резултатите следното утро се одлични веднаш сите акни ми беа исушени и црвенилото беше намалено. Дефинитивно ќе ми биде омилен производ
Секоја козметика што сум ја употребувала, е со привремен, минимален и површински ефект. Кожата ми стана џам чиста откако сменив исхрана. Шеќери, теста, лебови, алкохол, ништо од тоа. Лицето за два месеци ниту точка на него, за фигурата ич да не зборам. А од надвор и најскапите препарати не прават магија. Посета на козметичар еднаш месечно и тоа е тоа.
Мене маслото на еси ми ја иритира кожата следното утро акната ми е болна и уште толку воспалена. Изгледа е многу агресивен производ за мојата кожа. Барам благ пилинг за комбинирана кожа. Што мислите за alverde aqua ?
Јас го имав тој пилинг и мене ми беше преблаг. Имаше многу малку зрнца, чудна лигава структура и мене не ми даде скоро никаков ефект. Многу сум позадоволна од пилингот на Афродита со кајсија, покремаст е, со многу ситни зрнца кои баш убаво го чистат лицето. Инаку и јас имам комбинирана кожа. Дали некој ја има пробано мицеларната вода на Гарние за кожа склона кон несовршености? Ја пробав кај другарка и убаво ми го исчисти лицето од шминка, но веројатно треба да се користи подолго време за да има ефект против акни. Моментално ја користам мицеларната на Оливал и ми е супер, но ако оваа делува против акни би било уште посупер
Мене од лани летото на целото чело ми се појавија мноогу ситни брумчиња и не знам како да се ослободам од нив.. Има ли некој искуство или совет?
Девојки едно прашање . Инаку имам мрсна кожа на лицето. Во последно време нон стоп ми се појавуват една до две три бубулици и црвенило. За црвенилото мачкав крема али бобулициве никако да си отидат. Таман од една ќе се решам ќе искочат нови. Лицево ми е како на дете во пубертет во последно време . А инаку лицето секогаш ми било чисто . Некој совет ?
Не јади мрсни работи(ако јадеш) - чоколади,кашкавали,паштета,мајонез... и сл. Јас имам користено Леа лосион и гел против акни. Многу сум задоволна ми се исчисти лицето од ко го користев- и мене ми го препорачаа. Многу помага. Пробај.
Благо и мајонез ич не јадам затоа се чудев . Слабо и кашкавали и паштети. Каде се продава гелов и лосионот ?
Istoto lani mi se slucuvase. Koristev triakneal expert emulzija na avene okolu 2 meseci i ja preporacuvam. Liceto mi e kompletno iscisteno, sekoja potkozna mi ima iskoceno na povrsina, se ima isuseno i isceznato.
@Majchy999 од препарати за лице што користиш? Да не не ти одговара нешто од тоа што го користиш? Јас би ти препорачала да користиш природни производи на лице , барем кога станува збор за нега. Воедно би ти препорачала да си испиташ хормони , да не имаш некое хормонално пореметување.