Јане Сандански во Аеродром ми се чини дека имаат најевтино, по 50 денари еден хормон. Ако не се лажам, ама така мислам таа беше цената.
Доста долго време ја следам девојкава на јутјуб. Го најдов ова нејзино видео за рутина за нега на кожата. Е сега вака да ве прашам вас феминкиве: Гел со бензол пероксид ќе најдам во аптека, ќе побарам, ако знае некоја да ми каже цената од прилика може. Кремиве на биодерма ги има, само може овие хемискиве пилинзи да ги применувам, првин останатото. Мнооогу ви препорачувам да го погледнете видеово, како и другите нејзини видеа, ептен се информативни. Е само уште да прашам некоја девојка да ми препорача убав тонер со салицилна киселина и ќе биде тамам работата. Не дека имам многу лоша кожа, но ми излегуваат понекогаш акни кои ми сметаат. Затоа сметам дека ако ја применам оваа рутина и ако ми стане навика ќе ми биде супер кожата. Некои нејзини совети применувам и стварно кога ќе си размислам ми имаат логика. Ептен ја сакам девојкава. Погледнете го целово видео, супер информативно е, стварно од срце ви препорачувам да и ги погледнете видеава.
И јас го користам истиов лосион заедно со Леа гелот против акни. За две недели сите поткожни ми се излезени на површина, дали и кај тебе беше така? И за колку време целосно ти се исчисти лицето?
Јас имав многу проблематично лице во пубертетот, а и после него одредено време. Не можам да ти кажам за колку време точно што се случуваше и како но во старт првиот месец се сеќавам дека постојано го користев, претежно навечер, а кога знаев дека ќе бидам дома мачкав и наутро и напладне. После две три недели ми беше значително исчистено лицето. После тоа два месеци го користев само навечер, а некогаш и прескакав. Така да би требало да ти се исчисти за месец до два. Кај секој е различно. Секако ќе имаш после пак по некоја но, тоа нема да биде сигурно страшно. Сега повторно го имам и го користам по потреба ако ми се појави некоја брункичка, но тоа е поретко. Мене само од овој лосион и гел ми се поправи лицето. Претходно што се немав пробано ништо не ми помагаше. Леа лосионот и гелот се нешто стварно што на секого му го препорачувам кога се во прашање проблеми со лицето. Секако можеби кај некого нема да има ист ефект но, навистина помага. Единствен проблем што беше кај мене од лосионот е што многу ми ја сушеше кожата ама така мора изгледа. Се мачкав хидратантна крема и се беше во ред за сувата кожа. Побитно ми беше да го решам проблемот со акните и сега лицето ми е чисто.
Некоја добра крема за намалување на флеки по лице да не се прошируваат и покривање на пеги ( валјда ме разбра некој ) за 30+ женче барам ~подароче
Бев на третман кај козметичар и имав огромни виолетово црвени рани дамки и од се по нешто,пудра тешка НЕ ги прикриваше.Козметичарот ми кажа дека ќе зараснат дека треба време бидејќи лицето ми беше преполно со гној.Ја земав од аптека кремата или маст од невен во портокалова кутија германска мислам,за два дена ми се смирија
Ми се појави еден проблем кој сум го немала до сега, па ми треба совет. На местата каде што имав акни кожата ми се исуши од сите средства кои ги користев и ми се излупи. Сега немам акни, ко имам црвени флеки бидејќи сеуште не ми се регенерираше кожата. Како да ми заздрават побрзо тие места?
Ќе ти проаѓаат сами од себе ама ќе им треба повеќе време, процесот на заздравување е малку бавен. Можеш да пробаш да ставаш тоник од магдонос, обично вариш чај од магдонос и кога ќе се олади го претураш во некое мало шише. Секое утро и секоја вечер да нанесуваш на сите флеки со памукче. Мислам дека може да ти помогне. Јас го чував во фрижидер и стоеше само 24 часа, секој ден правев нов. Го употребував за исти флеки од акни на грбот. Се подобри состојбата, ама долго време го користев пред да забележам резултати.
Мед, лимон, белка од јајце, сок од компир имаат моќ на избелување. Можеш маска да направиш со некои од овие состојки а и единечно да ги користиш. Штом малку и сува е кожата, медот многу ќе ја омекни.
Девојки има некоја купувано бензоил пероксид од аптека. Барав, грчат рамиња. Знаете ли крема или гел што во себе содржи 2.5% бензоил пероксид, веќе неколку дена барам. Па да си ја побарам кремата, вака не знаат да ми дадат.
Исто и јас барав никаде неможам да најдам, бев во Зегин и други аптеки ми нудат само Акнефуг гелот за миење.