Направи маска од оризово брашно, куркума, мед и јогурт. Ставај ја на цело лице, можеш и на подочници, не смета, напротив. Држи околу 25 мин. Нема поефикасно нешто, ако можеш да ја ставаш бар 4-5 пати неделно, резултати ќе имаш за многу брзо. Единствена мана е што лицето после неа е малку жолто, ќе треба бајаги триење со лосион, затоа најпрактично е да се прави навечер, пред легнување.
Во Зегин ја има а би требало и во секоја друга аптека. Од 400 до 500 денари е. Мене не ми беше ефикасна.
466 денари. Најмалце месец дена користење за да видиш резултати, а треба да ја користиш подолго, неколку месеци за да ти се исчисти лицето. Се мачкаш навечер пред спиење, ќе те чеша лицето на почеток, нормално е. И обавезно крема со заштитен фактор за преку ден. Не очекувајте резултати од краткотрајно користење на било кој продукт. Треба постојано користење, и соодветна грижа за да лицето биде како што треба.
Јас ја користев повеќе од 2 месеци. Никаква разлика немаше. Дерматологот ми рече дека била слаба. Можеби за мојата состојба беше така а можеби и останатите препарати не беа соодветни, сега сум на друга терапија. Кај секој сигурно различно влијае во зависност од состојбата на лицето. Најдобро е консултација со стручно лице.
Се консултирав со стручно лице и ми ги препорача Акне атак и и Акнефуг. Ги потрошив и немав никаков резултат. Откако потропив 3000 ден вкупно за џабе, не планирам да одам пак. Може да ми кажеш што ти препорачаа тебе?
@IM.TMKQ @Mr.Mary 700 и нешто денари е Акнефугот и може да се купи во Еурофарм, во Зегин не го имаат.
Онака општо го пишав тоа. Зависи што проблем се има, таква крема треба да се користи. @Elence93 што конкретно ти смета кај тебе? Каков вид акни имаш?
@x.Daisy.x ми излегуваат како поткожни акни, големи планини. И ништо не избива. На крај од сите средства ќе се исуши и излупи местото.
Да. Ги испитав хормоните јајниците и во ред се. Но ми се појавуваат веќе 10 год. Не е страшно како оние на слики, неколку се, но постојано ги има.
Моментално Asso derm синдет, лосион и пена Себамед и Сона крема пред спиење. Преку ден Евелин крема за акни со цинк. А што имам пробано..што немам Акнефуг бензол пероксид со Акне атак, Clean & Clear крема, пилинг и лосион, Гарние се што е за акни, пилинзи, 3 во 1 и сл, Леа лосион и гел, Дермогал, Клиндамицин лосион и гел, уште еден од тој тип имаше, Јанг дерм, Далацин, Лептен и тие со прополис на др. Бачев. Од сите овие ги земав комплет сите прозоводи за да не мешам и ништо. Сигурно и нешто сум испуштила, после сите овие години веќе не памтам.
Ако ти е горниот слој на кожата црвен од кремата мораш нешто за регенерација да земеш. Со Соната мене ми препорачаа и Ми се чини само азелаична немаш пробано т.е. Скинорен. Ама ако ти се чини дека од Соната ти поминуваат акните и само горниот слој на кожата е црвен и оштетен и сув - мораш да земеш нешто да регенерација и обновување на кожата Себамед исто треба да имаат една крема со 5% уреа (не знам дали кај нас ја има) А ако ти е при крај Соната, ако ти се пробува со Скинорен да пробаш, ако не, да ти ја препорачам Ирена Димитровска во Воена, 8 Септември, или како и да е името сега на болницата. Гужви има, се чека, ама докторката е многу фалена и сите кажуваат дека ја бива.
Да, немам пробано ништо со азелаична. Соната ми е при крај, па ќе ја пробам Скинорен, чисто да знам дека се сум пробала. Ако не, ќе се вратам пак на Соната, па ќе ја комбинирам со таа на Биодерма. Фала ти многу!
Ако ништо друго, ставај вазелин на кожата, служи за задржување на влажноста во неа. Можеби ти е пресушена од јаките креми. Барем вазелинот не е толку скап, 100 денари беше едно кутивче денес баш гледав. Се надевам ќе се оправиш.
@Elence93 Истиот проблем го имам и јас само Соната ми помага за цистичните акни кои откако почнав да ја користам ми избиваат многу поретко но имам голем проблем со неа што на местото на акната ми остава црвенило, значи акната поминува местото станува мазно но е црвено.. Не знам што да користам за да го снема, дали некој знае да ми препорача нешто што би можело да ми помогне?
8Јас би сакала да ве прашам што користите за секојдневна нега на лицето? Имам скоро 23 години, користам само хидратантна крема, гел за миење и маска од Garnier, мицеларна вода после отстранување на шминка и толку. Се мислам да го зголемам бројот на производи, некоја крема за делот околу очите, серум или нешто трето. P.S. Имам доста широки пори кои ми даваат изглед на црнки или како лицето да ми собирало нечистотии со недели, некое решение за стеснување на порите или подлабинско чистење барем?
@Biodevojka Дали знаеш некој продукт со благ избледувачки ефект? Имам флеки, не се страшни или длабоки, али има дисколорација, на црвено ми мава лицето и има флекички. Не сакам ништо што е јако или екстремно да суши, али да има некое благо дејство на избледување и изедначување на лицето. Да додадам дека имам и големи пори и тие исто ме мачат Читам салицилни киселина, витамин Ц итн. и не знам што да одберам. Имаш ли некој предлог?