Ми ја препорача козметичар кој користи прескапа козметика и баш се изненадив за предлогот а и за резултатот.За три дена ми ги снема црвено-виолетовите дамки
Девојки последниве неколку дена премногу бубулици имам на лицето може ли да ми препорачате нешто што може да ги исчисти имам буквално на цело лице
За порите да се смалат пробај да си правиш маска со кора од портокал или лимон исушена или пак навечер пред спиење како серум масирај го лицето со некое масло пто е за твојот тип на кожа и 2-3 капки етерично масло од портокал. Само ќе ти биде подобро да ставиш крема за сонце ако излегуваш да не се изгориш. За чистење на порите ти го препорачувам на Sofi сапунот со невен и бадем, 199 во ДМ.
Пробајте го зелениот гел на Vichy за кожа склона кон акни и мрсна кожа. Јас сум презадоволна воопшто не ми го иритира лицето и мислам дека за нијанса ми е подобро Користам и скинорен крема ефикасна е веднаш ги суши акните,и тоник со клиндамицин.
Што ти препорача доктор за лузните? И кај кој одиш? И дали ти ја суши малку кожата оваа крема, само за флеки е или и за акни?
Ја користам на акне оут колекцијата и идам на козметичар. Ми ја препорача кремава за рани и црвенила. Не ми ја суши кремава по структура ме потсеќа на Здраве.
Девојки, кај може да се најде лоисонот Леа? Во три Зегин аптеки околу мене прашав, немаа. Да не е повлечен, некоја да не има информација? Јас го користам околу циклус само, кога знаат да ми се појават некои големи акни и баш ми требаше зашто немам ниту капка од стариот, ама не можам да го најдам. Да не го користи некоја друга па да сподели од каде го купила во најскоро време?
Ми ги смирува акните што ми се јавуваат пред циклус. Онака лицето ми е чисто во глобала, ама тие пред циклус се многу грди ако ги оставам да пројдат сами од себе. Ова и маслото од чајно дрво мислам ми помагаат колку толку да не ми останат црвени флеки. Го немам пробано гелот, колку пари е тој? Претпоставувам истата намена ја има како и лосионот.
@Mishela не знам стварно колку е,ми го даде пријателка на мајка ми фармацевт. Но има ефект од него бев задоволна треба да си го купам
Не е повлечен, го немаат во Зегин. Денес го купив во Еурофарм заедно со гелот. Лосионот е 230, а гелот 240 ден , само мислам дека претходен пат во друга аптека, не знам која, беше 180 ☹
Фала ти, значи јас како и обично, на погрешно место во погрешно време. Земав во меѓувреме обичен Клиндацин од Галафарм, чисто колку да имам нешто да ставам вечер. Ама ќе видам за Леа-та во Еурофарм, многу ми одговара лосионов, па се извадив од памет кога ми кажаа во Зегин дека го немаат. Ќе видам во Виола, да не е таму 180, па ќе споделам.
Како и сите флеки ќе избледат со тек на време, само за флеки од акни како твоите (црвени, цистични, без гној) потребно е подолго време. Знам од искуство, мене таквите ми избледеа за нешто повеќе од месец. Најважно да не ги чепкаш воопшто, така само ќе траат подолго. Читав искуства на форуми дека цинк и витамин Ц многу помагаат за побрза регенерација на кожата. Зедов цинк како додаток на исхрана (300 ден-100 таблети, се пијат со паузи, па ќе траат подолго) и почнав да пијам незасладена лимонада секој ден заради витамин Ц. Не ги користам долго време за да кажам дека ептен ми помогнале, ама мислам дека за 2 недели има некакви резултати. Исто читав дека од алтернативна медицина помага пиење исецкан домашен лук (никако кинески), наутро барем 15 мин пред јадење и навечер пред спиење. Освен за флеки помагал и за поткожни мозолчиња, а некои излекувале и тежок вид на акни со лук. Па мислам дека ќе го пробам и ова, ништо не губам, а бидејќи се пие, лукот нема влијание на здивот како при јадење
Добро ќе беше месец да траеше тоа,јас година ги имам,и не можеш така да кажеш кај сите е различно тоа
Секако дека е различно, кажав дека за флеки од такви акни е потребно подолго време, а јас изгледа сум имала среќа да исчезнат за месец дена. Или зашто имав само неколку такви цистични, а ако се многу кожата ќе почне позабрзано да се обновува дури после неколку месеци, можеби твојот случај е таков. Пробај неколку недели со цинк и цитамин Ц мислам дека навистина помагаат. И со некоја крема за побрза регенерација на кожата, но со консултација со доктор. Исто прашај и за користење на масло за лице, маслото од шипинка (Rosehip oil) е многу фалено по интернет баш за такви упорни флеки.