Затнати пори се. И јас имам премногу на образите и не знсм дали има чаре за нив. Свашта користам и пак ги има.
Масло од чајно дрво од фирма ЕСИ. Обично го има во зегин а може и по други аптеки да го најдеш. Се става само локално т.с само на акните ќе го ставаш. И побарај лосион клиндацин. Ова е за привремено решавање на акните.
Редовен третман кај козметичар, но само кај добра козметичарка што ќе знае точно каков третман ти треба. Ако случајно си од Охрид можам да ти препорачам. Или разлистај низ темава за некој лосион за чистење лице. ☺
Здраво, барам мислење од вас. Од секогаш сум имала акни но не биле толку многу, како што читав на интернет сфатив дека моите се цистични акни, исто така гледав видеа на YouTube каде што кажуваат искуства со Accutane или RoAccutane, дали некој има да сподели искуство и дали е скап? * ги знам side effects-от, последен избор ми е accutanot буквално се имам пробано и џабе..
До послабо лице само потење диета вежбање и пробај на пареа, мене тоа ми помогна. Акутан таблетите секако ќе ти помогнат, имам блиски личности што ги користат и лицето им стана совршено. Имаш и други таблети IsoGalen што исто така го чистат и најпроблематичното лице.
Роакутан и сличните таблети НИКАКО не се земаат на своја рака. Како ќе одредите сами која доза ви е потребна?! Па тоа е невозможно без консултација со лекар. Значи дерматолог, а не јутубер или блогерка. Има различни дози и си бара тоа испитувања за да се одбере соодветната. Роакутанот е ефикасен против акни, ама е отров спакуван во кутија и има милион нус-појави од него. Јас бев среќлика да ги "фатам" сите можни несакани дејствија, а пиев под строг надзор на лекар. Плус мора постојано да се следи крвната слика, така да, не си играјте лекари, и НЕ ПОМИСЛУВАЈТЕ да земете вакви таблети без консултација со лекар. Макар и да одите на преглед кај било кој за само да ви ги препише, МОРА да се направи детална крвна слика да се види прво дали воопшто смеете да ги земате таблетите. Па потоа се оди на контроли минимум на секои 2 недели (се следи состојбата на крвната слика) и лекарот ќе ви каже колку време ќе ги пиете. Јас знам дека некогаш навистина ужасно посакувате резултати, ама земање вакви таблети па и на своја рака, не е решение. Не се тоа витамински бомбони па да се пијат ноншалантно и да се земаат кога ни текне.
Мене тоа јасно ми е се дека не треба на своја рака прво планирам на лекар да одам но ако ми дозволи да ги пијам некој да ми каѓе која цена се..?
Околу 750-800, мислам дека толку беа отприлика. Многу време пројде, сигурно цената е сменета сега, јас ги пиев пред десетина години. И не се издаваат без рецепт.
Дечки што користете против лузни од мозолчиња за комбинирана кожа? И некој крем за хидратација да препорачате?
Мене доста ми помогна кремата Скинорен. Ја користам две недели и забележувам подобрувања. Нанесувам преку ден и навечер на претходно добро измиено лице. И искрено ставам поголема количина од таа што пишува на упатството.
Mozno li e da sum alergicna na maslo od cajno drvo. Staiv mn mala kolicina i toa samo na aknite pocnaa ocite da me pecat mn i solzat vezdnas go izmiv liceto so voda.
Јако е маслото, мора да се користи разредено со друго масло, или во многу мали количини. Пример со чепкалка за уши да ставиш директно на бубулицата.