Хммм... не знам што да ти кажам. Го користам веќе 3-4 години и кај мене немал негативен ефект. Луѓето во моја околина го користат и по препорака на дерматолози и хомеопат. Доколку најдеш некоја статија каде ги пишува лошите ефекти од активниот кислотод, би ти била благодарна да споделиш Колку што знам, за третирање на акни на чисто лице се става газа која обилно се напрскува со активниот кислород ( да биде мокра) и се држи едно 10-15 мин. Постапката се повторува 2 пати на ден. Или можеш на чисто лице да испрскаш од активниот кислород и да го одржуваш лицето влажно 10-15 мин со повремени додатни прскања, а потоа да го оставиш лицето само да се исуши. И во двата случаи потоа не треба да се нанесува 15-20 мин крема иако лицето ќе го чувствуваш малку затегнато. Пробај, се надевам ќе ти помогне
Верувале или не, мака мачев со акни од 17-8 години. Одев и по третмани, течен азот, активен кислород, маски, чиста уреа, со ништо не ми се смирија. Откако останав бремена ми се исчисти цело лице. А пред тоа користев сапун од црно семе, алкохол 70 % и крема од невен од Афродита.
Девојки во последно време после користење на руж ми се нафрлуваат образите со бубулици. Пример ќе ставам два три дена и одма се појавуваат бубулици, ќе прекинам додека не спаднат малку за да не ги гушам уште толку и после ако пак ставам, се појавува истиот проблем. Во поледно време не ни редам од овие причини но еднаш во месецот ако ставам одма и бубулици ми се појавуваат.Четката ја мијам редовно не знам што би било проблемот, ако го искусила некоја истово споделете совет.
Може треба да го смениш ружот. Можеби не и одговара на твојата кожа, ми се има случено истото и со течна и со камена пудра.
Купи го сапунот на Sofi со невен и бадемово масло или пак тој што е за длабинско чистење, го има во DM 199 денари е, уште од старт би требало да видиш некои резултати. Навечер масирај го лицето со јојоба масло и можеш по една две капки етерично масло од лаванда или портокал. Барај на google "Lymphatic drainage massage" Пробај лицето пред крема за лице да ставиш да го поминеш со оцет од диво јаболко разреден со вода на памукче, ги исушува акните и после треба да хидратираш (подобро ти е ноќе да го правиш да не идеш цел ден да смрдиш). Можеш да пробаш и да го мачкаш лицето со Алое Вера гел, ESI имаат и со чајно дрво и витамин Е едно. Дај им време на овие ствари за комплетно да се реши (околу месец два за жал), ама главно би требало да за ден два да забележиш некои резултати минимални.
Јас го користам тој со невен и бадем и ЕПТЕН го чисти. Трга црнки, го изманзува лицето, го осветлува. Иначе да откако ќе го исплакнам лицето ми е малце затегнато и онака можеш да го слушнеш оној “грк“ звук како чиста чаша ама после негде пола саат или саат си се враќа во нормала. Го препорачувам ептен само отпосле крем обавезно да се стави
Совет за рутина за баш баш дехидрирана кожа? Летно време пак некако се гура, а залади хаос сум. Сега за сега сабајле чистам со мицеларна вода, тонирам, крема за лице Др. Хаушка од рози. Ама ептен пресушено се осеќам деновиве... Спојлер: пустина Не изгледа волку очајно од далеку, може и камерава ХД на телефонов премногу "фаќа" детално... Се мислам да нарачам The Ordinary серуми, оној хилауронскиот, можеби кремата со Ц витамин... ? Навечер после чистење ставам Алверде масло од роза.
Мислам да ја исклучиш мицералната вода наутро, барем мене ми ја суши кожата. Земи масло од роза од Алверде за навечер (нанесувај го на влажна кожа) или Weleda skin food крема( нека не те буни што е за цело тело, кремата е препородувачка ) и Балеа маска за лице како марамица (ќе прикачам слика подолу). И пиј многу вода П.с- слободно пиши ми и лп ако нешто подетално те интередира за производите
И маслото од јојоба го користам веќе 7-8дена. Нема никакви промени. Џабе е се.. Само потење останува, здрава храна и вода.
јас не знам веке што не сум пробала , сега користам од биодерма себум глобал навечер ,насабајле био дерма крем за хидратација за чуствителна кожа и ја чистам шминката со мицерална вода на био дерма сенсибио h20 .еве веке месец ипол ги употребувам и ми излегоа сите поткожни акни и се надевам дека ке се излечат. Веке ми е преку глава , што ли не сум пробала од скаапо до најскапо , и витамини примев и пак исто.
Хијалуронската киселина ја извлекува влагата од околината, а доколку си во сува околина ка извлекува влагата од кожата што значи за претстојниов период на клими и сув воздух е лошо решение. Отстрани ја мицеларната, пробај double cleansing со маслен отстранувач (мојот спас за суви делови), благо средство за миење, нанесувај тоник, масло и крема. Ако сакаш да пробаш од The Ordinary побарај 100% Squalane Oil или Rose Hip Oil, а од кремите Natural Moisturizing Factors + HA со хијалуронска киселина за над маслото. Витамин Ц нема никаква функција со дехидрираност.
Здраво девојки, прекрасни совети од вас читам и учам. Јас почнав да ја користам мицералната на Corone de Farm, многу акни почнаа да ми излегуваат по лицето не кпристам ништо никаква крема или сапунче. Инаку имам комбинирана кожа, ама лицето во последно време многу ми е расипано.
Za so serrapeptaze imam losho iskustvo, pocnav da koristam i liceto mi se deformira, od mozolchinja mi se formiraa cisticni akni