Ох.. никогаш немам помислено на некој ваков начин за нега на лицето незнам зошто, ама стално се потпирам на некои креми и хемикалии.. Сeга лицето мие малку нормализирано но постојано сум во страв дека ќе ми се повратат акните. Мислиш дека ова би функционирало за мене?
Би требало. Само знај дека е долг процесот и на почетокот ќе ти се исфрли лицето малку бидејќи као ги трга штетните хемикалии (можда??). Но според мене, вреди да се иде на поприродно.
Здраво девојки. Ќе пишувам од лично искуство. Од моментот кога пубертетот ми тропна на врата имам преголем проблем со акни( тврди и болни) црнки, белки по лицето и целиот грб. Пробував со милион креми, лосиони, гелови, пилинзи и сл. Ништо не помагаше.. Почнав до комплетна нега на Еуцерин. Зелената линија за акни и проблематична мрсна кожа. Можам да кажам дека на почетокот мислев дека имам контра ефект(го имав) но, сето тоа правеше се што имам под кожата да излеџе нанадвор да може само да пукне.. Од тој момент поминаа доста време и можам да кажам дека сум презадоволна и топло ви ги препорачувам.
Здраво драга како најекономични пената за лице розевата и сината на Балеа. Овие две пени кошаат 140 мкд ама преубави се верувај.Мене лично многу ми се допаѓаат. Позз
Се согласувам за пените на Балеа, навистина се добри. Ја користев и таа на Себа мед, но многу брзо ми се потроши и не ми е исплатливо.
Здраво, сакам да ве прашам за една дилема, дали да инвестирам во производи против акни од неутрогена или еуцерин. Кој од овие ми е подобра опција?
Извини дури сега видов дека си ме означила Мислам дека нема во сите Сефора продавници сега за сега мислам само во Атина.. Јас не живеам во Солун и не знам точно да ти одговорам
Само да споделам дека го зедов овај пилинг од дм уште откако излезе цела линија и воопшто не сум задоволна со оглед на состојките кои ги содржи барем како што пишува воопшто не дава резултат подобро сапун делува од него
А за што го зеде? Овој е за кожа склона кон акни и митесери. Сапуните ја сушат кожата и уште повеќе се лачи маснотија и повеќе се прават акни, митесери и нечистотии.
За својствата што ги пиши на него,салицилна кис активен јаглен и цинк и за секојдневна употреба а јас имам црнки,мрсна кожа во т зоната, црвенила @Annath
Ми треба помош, ја потрошив Соната инаку ја користам долго време ми помогна во поглед на акните сега ги немам како порано тек тук по некое мозолче но имам проблем со неа што ми остава црвенило на местата каде што имало акна од кога ќе помине, црвените точки никако не поминуваат.. Сега сакам да земам нешто друго да пробам некоја друга крема, која би ми ја препорачале? Инаку Соната ја користев заедно со гелот за миење Акнефуг така заедно ми имаја најдобри резултати. Размислувам да ја пробам Скинорен, каква крема е? Или пак некоја друга која би ми ја препорачале?
И јас ја користев кремата Сона, па се префрлив на Скинорен. Мене ми се допаѓа многу повеќе бидејќи добивам резултат побрзо. Моите акни се всушност поткожни и оваа крема ми ги суши уште пред да се зголемат. Не ја користам на цело лице, туку само на местата каде што имам и каде што најчесто се исфрлам, а тоа е од носот надоле.
А дали остава црвени дамки откако ќе поминат акните? Тоа ми е најголем проблем со Соната и затоа не сакам повеќе да ја користам.. Инаку Скинорен се користи ли со некој гел за миење во комплет или нешто друго?
Остава понекогаш, но брзо проаѓаат. Мислам дека нема други производи кои одат со неа. Јас со мијам чицето со Неутрогена, па нанесувам пред спиење.
Neutrogena Да. Eucerin Не! Користев многу производи на Еуцерин и тоа од дерматолог препишани ама немат врска. Neutrogena си зимам на своја рака и до сега не сум разочарана од ниеден нивни производ.
Здраво женски. Сакам да ве прашам за мислење на кремава и дали некој ја има користено и какво искуство има, бидеќи си барам некоја добра хидратантна крема што брзо упива и не лепи.
Јас користам чајно дрво само на воспалените акни и забележувам дека веќе по неколку мачкања има резултат. Инаку, откако ги сменив дотогашните кремите за лице, со креми на природна база прво многу ми се влоши состојбата на лицето, иако немам воопшто проблематично лице. После две недели активно користење на дневната и ноќната крема лицето ми се врати во првобината состојба и сум задоволна од ефектот.