Ne bi rekla deka e do psihata. Imam citano ricinusovoto maslo e taman za tie so suva ili osetliva koza i bas taka im pravela.
Ова како смешката на Колозов од една епизода од народните приказни: рицино е лекот. Јас знам дека рицинусовото масло е добро за смирување на кожата (особено ако има некои такви воспалени акни), ама колку е добро да се користи на масна кожа - не знам. Имам пробано, но и тоа малку што го ставив ми делуваше многу тешко на кожата. Ама ако се користи на пример како третман еднаш неделно (лупам отприлика, секој ќе си одреди според состојбата на кожата), нема шанси да има штета. Мој предлог: потопете една газа (која претходно ќе ја обликувате како маска, во облик на sheet маските, со исечени делови за околу очите и устата) во рицинусово масло и оставете 20 минути на лице. Тие што имаат дехидрирана кожа, остатоците од маслото по кожата можат да го соберат со памукче. Јас го мијам со благ гел, зашто ако го оставам, кожата многу ми се замастува дека ми е малку тешко за нега. *може да се практикува со кое било масло, зависи на која какво и' одговара најмногу. Мене маслиново ми е најубаво за ваков третман.
Здраво, сакам да прашам дали некоја има проблеми со затворени комедони на образите? Јас откако залади го имам овој проблем. Кожата ми стана посува и ми се направија многу ситни и затворени комедони. Правам пилинг на кожата 1-2 неделно и редовно го чистам. Читав дека ретинол крема е добра за овој проблем но има анти-ејџ состојки и не би сакала сега кожата да ја оптоварувам со тоа.Ќе поставам слика како ми изгледа тој дел од лицето. Секој совет е добредојден. @Biodevojka доколку знаете нешто на поприродна база за ваков проблем би сакала да пробам. Спојлер: Слика
Почни да користиш некоја погуста крема или масло. Ладното време бара повеќе хидратирање за да не се пресуши. Шеа путерот е доста фален и погоден за секоја тип на кожа особено за ладните периоди. Можеш навечер пред легнување да си го мачкаш за да се хидратира, плус ќе ти светка лицето штом ќе го ставиш дури не се впие. За крема вака не знам да ти препорачам
Имам сува кожа склона кон акни и мака мачам да си погодам хидратантна крема за лице бидејќи 99% од нив ме исфрлаат. Затоа долго време користам масло од јојоба место крема и добро е ми го омекнува и хидрира лицето но забележувам дека пудрата над него не издржува долго, се бриши ја снемува. Може некој да ми препорача добра крема која е проверена дека нема да ми направи нови акни бидејќи едвам го доведов во некој ред лицето не сакам ни да помислам да почне пак се од почеток...
Дали си ја пробала кремата од дива роза на Алверде? Има денска и ноќна варијанта а од истата таа линија постои и масло за лице и маска кои се наменети за сува кожа. Мене ми се супер, немам никакви проблеми со акни но преку зима кожата ми е по сува и оваа линија ми ја средува кожата одлично. Не би требало да ти предизвикува проблеми, на природна база е. Вреди да се обидеш, и цената е супер.
Драга во Мк немам видено серум со манделинска инаку истата е и анти ејџ во смисла брчката ба челото ќе биде санирана со серумот, меѓутоа не тие под очоте оти не се нанесува на зоната околу очи. За околу очи пробај го на Алверде со гоџи бобинки...за серум некој ако видел или знае нека постира декларација јас лично не сум видела кај нас. Поздрав
Ти ја препорачувам хидратантната крема од Афродита make it beautiful. Мене не ме исфрла, ја користам трета година и иако сум пробала други хидратантни креми, ниту една не ми го хидратирала лицето како оваа.
Купив масло од сусам на Биокосмос, читав многу за него, дека било добро за сува кожа, за црвенило, флеки и слично. Има ли некоја што го користела на лице до сега да сподели искуство? Еве и би сакала @Biodevojka да сподели мислење за маслото од сусам, како да го користам, кои се придобивките и слично Благодарам
Единствениот метод на чистење на лице кој ми помогна многу брзо и ми го очисти целосно лицето од акни е double cleansing или метод на двојно чистење. Прво лицето се чисти со масло/масла кој помагаат да се отсрани шминката, бактериите и нечистотиите во порите и потоа се користи благ гел за миење на лице. Гледав многу видеа на јутуб во врска со ова па решив да го пробам. Можеш да комбинираш масла по твој избор со база на рицинусово масло. Јас користев неколку капки рицинусово и бадемово масло, но може да се користат маслиново, јојоба итн. или па сум видела во ДМ исто се продаваат oil cleansers (има од балеа и алверде) со повеќе измешани масла, ама до сега ги немам пробано тие па да кажам каков ефект имаат. Процесов е следниот: Прво треба да се стои над пареа (жешка вода) за да се отворат порите или па да се стави крпа со топла вода на лице на неколку секунди Второ се мешаат маслата кои се користат прво рицинусово па после маслото од ваш избор ( ги има на гугл кое масло со кое оди, кој можат да се користат ) од тоа се става повеќе него од рицинусовото за акни плус со тие две масла може да се стави и масло од чајно дрво но само една до две капки, и се ставаат на лицето Се става крпа со топла вода врз лицето и се чека 1-2 минути додека маслата се упијат и потоа се брише лицето На крај се миеш со нежен гел за чистење лице со топла вода, јас го користев Alverde Hydo Washgel затоа што ми одговара на мојот тип на кожа- комбинирана и не е воопшто јак и исто се користи четка за чистење на лице. Јас го правам ова веќе 2 месеци и ми се нема појавено ни едно мозолче, обично на крајот на денот ја вадам шминката со мицеларната вода на гарниер па го чистам лицето вака потоа ставам тонер и крема. Може да се прави за време на туширање кога порите на лицето се отворени за да се очисти се. До сега немам земено од тие маслата за чистење на лице од ДМ ако има некој искуства нека ми пише да ги пробам и нив како алтернатива на мешањево со рицинус
Имам како црвени флеки од акни на ниво на кожа Ако ја земам здраве кремата ќе ми помогне ли? чаре некое?
Во Синлаб (поранешно Адриалаб) испитуваат интолеранција на храна т.е даваат детален извештај за подносливост на сите можни продукти преку крв и истата се прака во Германија на испитување.