Го земав маслото од дива роза што долго го фалеше @Mishela Лицево на образите и брадата ми се нафрла и не можам да заклучам од што. Мака ми е што се гледам таква со бубулици, а немав проблем со нив.
И мене ми се случи истото. Го ставав пред спиење и утредента обавезно имав минимум 3 нови бубулици. Сега го мачкам околу очите, на лице воопшто.
@buba4e89 @sofija014 И јас го користев долг период, веќе на второто шишенце почна и мене да ми се исфрла лицето. Толку бев заљубена во маслото што не сакав да си признаам дека можеби ми е од него. Можеби мешавината на состојки не ни одговара, или нешто од нив. Престанав да го користам. Сега само може да пробам за околу очи, да видам како ќе реагира.
Грешно ме разбравте женски @sofija014 @Luminary Сакав да кажам дека лицето ми е лом и го земав маслото како превентива,а не дека имам контраиндикации. Ќе пишам мислење понатаму.
Грешка Пробај го секако на одреден период, се надевам ќе ти се погоди. Многу девојки на форумов се и задоволни од него.
Сакам да прашам нешто. Нега на лице е нешто непознато за мене. Немам нешто мозолчиња, црнки едино чистам и то е. Е сега, земаше брат ми тонер и крем за мозолчиња од орифлејм од чајно дрво. Средно сум користела стикче и имав мозолче во моментот и се намачкав со двете. Ми се чини два дена покасно цело лице ми се нафрла со мозолчиња, ама и во исто време одма се сушат и до друг ден ги нема ама има други. И продолжив да се мачкам, за нели, да ги изгорам, па само ме интересираше дали е ова на еден начин нормална реакција на ваков препарат?
Знам за кое стикче зборуваш,мајка ми ми го земаше порано кога бев основно. Но колку што се сеќавам немав таква контра реакција.
Не сум сигурна колку маслото би ти помогнало во лекување на акните. Нема баш таква намена. Подобар избор, ако веќе навистина ти треба масло што ќе ти помогне да се средат акните, според мене е масло од чајно дрво. Маслото од роза само за хидратација или нега на околуочната област и вратот/деколтето. Во борба против акните нема баш некаков удел.
Баш сега забележав дека повеќе сум исфрлена и дека нема никаква намена. Каде да го најдам маслото од чајно дрво? За сега со кремата од нивеа ќе се служам.
Можеби прашањево не е за тука но ќе го поставам. Што најмногу помага против црвенило на лицето? имам себороичен дерматит. Кажете ми што најмногу помага и дали некогаш може да се излечи, да не се појавува воопшто?
Себоричен дерматит можеш да го држиш под контрола но не и да го излечиш. Почни прво со детоџ на тело од внатре, доста течности и пази на исхрана некое време. Можеш да земаш цинк превентивно плус зголемена доза на Ц витамин. Имаш доста медицински креми за себореја, зависи што ќе ти помогне. Пробај да најдеш тестери по аптекиве само гледај и на состав зошто доста од состојките може и беља да ти створат.
Да ти кажам искрено, јас имав ситуација со црвенило на образите (како ситни испукани капилари). Имам сува кожа, поготово образите ми се лупат и бараат екстра хидратација. Последниве две недели ова е мојот начин на нега: Мијам со балеа розевата пена на сабајле и навечер (со тоа што навечер плус со меката четка на евелин). За преку ден ја користам кремата од роза на Алверде. А за навечер нанесувам малку масло од сусам на цело лице, плус крема на Алверде од маслинка само на образите. Можам да кажам дека црвенилото ми е под контрола. Не знам поточно кој производ има најголемо влијание, но сега за сега овој начин многу ми одговара, па ќе видиме за понатаму. Кога подобро ќе размислам, веројатно ми е од маслото, бидејќи другиве производи ги користам веќе неколку месеци и немаше толкава промена. Еве ако те интересира повеќе: https://nadlanu.com/340656/susamovo-ulje-kraljevski-tretman-za-vasu-kozu-i-kosu/
Топло препорачувам на секој еден Dr.C.Tuna серум од чајно дрво за дури и најкритични акни или изгореници.. Производот може да се набави преку органската козметика Фармаси, имам другарка што работи со нив па доколку некој сака може да ме контактира Поздрав
Денес си ја земав цела колекција од Здраве. Од гелот за миење сум презадоволна за 3 недели користење. Интензивниот гел-крем го пробувам прв пат вечерва пред спиење, се става на областа со акни или црвенило, резултати тек ќе видиме. Лосионот си ја врши убаво работата. А, најзадоволна сум од матирачкиот гел-крем. Малку се става, се масира убаво додека не се впие и совршено го матира цело лице. Го изедначува тенот. Лицето изгледа свежо и мазно. Претпоставувам дека ќе е добар како подлога пред течна пудра. Пишува и дека ги стеснува порите, а тоа ќе видиме. За тие пари, предобра колекција за мрсно лице. Секој производ кошта околу 200 до 290/300 денари, не се сеќавам точно. Подобра ми е и од La Roche Effaclar. Не ја суши кожата. Содржат салицилна киселина и не содржат сапун. Немаат некој мирис, онака убаво чисто мирисат и сите се проѕирни со гел структура. Малку се нанесува од сите производи и убаво се размачкуват по лицето. Производите имаат поголем ефект ако се користи целата колекција. Третманот се прави наутро и навечер. Еве ги и постапките за користење... Имаат повеќе производи ама кај нас во Здравец само тие ги најдов. Ете линк од сите производи на едно место: https://www.aroma.bg/catalog/brand/zdrave-akne-stop-14/