Побара второ мислење од некој? И уште едно многу битно прашање - каков тип се акните? Кај мене (акни по грбот и рацете) беа многу тежок тип (acne conglobata) кој не се лечи со витаминска бомба или кремови, па едноставно мораше Роакутан. Пола година се шлакав разни мелеми - ништо не помогна, напредок 0. Дури и полоша беше состојбата. Со терапијата имав напредок уште по првиот месец, а за 6 месеци се средија во поголем дел и самиот лекар ми ја прекина терапијата. Муабетот ми беше, кога акните се од вака тежок облик, речиси секогаш даваат ваква терапија. Јас би ти рекла да размислиш убаво и да одлучиш дали ќе пробаш. Штом лекарот те пратил секаде и си ги направила сите потребни испитувања, значи верувај дека не е дадено колку да помине од ред. Изгледај го видеото што го постирав, не гуглај глупости (би си направила само непотребен стрес) и ете прочитај го упатството за употреба чисто да имаш претстава дека сериозно треба да пристапиш кон лекот. Мора да има решение.
Немојте да зимате ништо на своја рака. Значи друго е доктор кога ќе препише нешто, ти кажува како и колку да го пиеш. Може лошо да си направите со апчињата. Неколку пати и порано читав и реков повторно да кажам. Прво се ќе испитате по ред па потоа што ќе ви кажат тоа ќе правите. @Kimberly11 побарај и др мислење. Мора да ја откриеш причината на крај. Јас имав проблеми со хормоните и 6 години трупав на мене креми , глупости а проблемот бил од внатре.. Имам веќе пишувано на форумов за тоа како го открив х.пореметување одејќи на ендокринклог и што пиев да не се повторувам. Ама додека откријам пекол ми беше животот , ве разбирам. И сега веќе 1 месец почнав да се исфрлам на лицето те црнки те митисери , па гнојни бубулици. Воведов доста нови производи за нега на лицето па можеби поради тоа е. ќе гледам да не користам ништо неколку денови
Имам проблеми со лузни од акни па сакав да прашам дали има некој искуство со ласерско отстранување во некоја од ординациите во Скопје? И ако да, колку чини еден третман?
Веќе скоро 3 месеци не ги пијам. Лицето ми е чисто. Единствено негативно е што ми се појавуваа вртоглавици, наведени се како нус појави. За кој дерматолог се работи?
Немaм мрсна кожа пример, а не ми е по ќеф лицето. Ми се засити лицето од леа, а го користев 3 години и бев стакло. Се нервирам.
Со години имав многу проблеми со кожата, многу ми се појавуваа акни на брадата и вратот и 3-4 години одев во различни козметички студија на третмани, пробував се и сешто (Vichy, Bioderma, Haushka, Здраве со цинк итн.), каладонт, домашни третмани со мед, лимон, се миев со чај од камилица, дури правев и маски со квасец по препорака на една козметичарка. Ништо буквално не ми го средуваше лицето. Почнав пред пола година да одам кај Др. Мери Николовска oд Меа Медика, и сум и бескрајно благодарна. За 3-4 месеца ми го средија комплет лицето, ми даде совет како да се хранам и ми препорача соодветни препарати, земав и еден тоник од аптека што ми го растворија по нејзин рецепт. Сега одам еднаш во месец-месец ипол и има огромно подобрување - пак ќе ми се појави пред циклус по некоја, но генерално ми е чиста кожата. Препорачувам!
Пред малку го видов ова на фејсбук имам голем проблем со лузни и дупчиња од акни плус сеуште на кожата ми се појавуваат акни па не интересира дали некој знае нешто за овој ензим бидејки sounds too good to be true
@tamche995 @Mr. Midnight Od Zdravec megamarket. Sigurno gi ima i niz aptekite ili drugi pogolemi marketi.
Здраво Сакам да ве прашам дали имате искуство со хербалните масла на Фитофарм (ЛЕА) за ставање на лице? Дали се добри? Позз
Здраво На лицето ми се појави сувост како првут. Посебно кај ушитр и челото. Ми се појавија и многу црнки. Како да го третирам тоа? П.С. пудра нема шанси да ставам затоа што е грозно од пудра и лушпите...
Прави си пилинг еднаш неделно, со некоја маска, или пак направи си дома (пример кафе со некое масло). И земи си некоја убава хидратантна крема за нега. Не користи влажни марамици зошто се лоши за сува кожа поготово, а исто така избегнувај агресивни продукти.
Јас имам проблеми со машкиот хормон Јас ги пиев три месеци и после имав проблеми со желудник. Обавезно со миноцинот да пиеш и пробиотик. И тие ги имам користено и не сум задоволна вооошто. После тоа пак ми искочија...нз што да ти кажам...