Па не бев задоволна. Ги пиев и хормонските Јаз и само лошо искуство. Сега веќе три месеци пијам чаеви кои ги купив од билна аптека, околу 500 денари ѓе фати али трае до два месеци. Тоа е мешавина од 5 видови билки. Да ти кажам позадоволна сум за разлика од апчињата. Ти препорачувам. И да, че заборавев, ја имам проблем со машкиот хормон и сега пијам Корен од Мака во прав. Го купувам од healthy food. Посреќна сум од кога ги оставив сите хемии и се префрлив на здрава храна.
ох и јас секакви креми пробав црвенилото никако не ми се намалува посебно од ладно во топло или обратно кога ќе влезам или само во топло да сум или ладно, лицето буквално ми гори жар црвено моментално биодерма користам не сум задоволна
И за лице нема што немам користено. Најзадовилна бев од EFFACLAR на LA ROSCHE, а сега користам EUCERIN BLEMISH PRONE SKIN DERMO PURE. Од тоа уште позадоволна сум. Одма да си ја земеш еуцерин што ти ја напишав погоре. Нема да умаш црвенило. А за миење на лице го користам гелот на EFFACLAR. Презадоволна сум од тоа. Пудра користам Лореал хидратантна.
Eucerinot што ја користам јас е за третман на акни, ама имав црвенило, сега немам. Така да нз дали да ја купуваш...
постот е стар , но доколку има некој било каква информација во врска со тој човек го молам да ми пише во порака, станува збор за некој Саше од околината на ск што правел некоја крема и има многу позитивни коментари
Имам претежно чисто лице но сепак одвреме навреме ми излегуваат акни. Не користам некој препарати. Само кога ќе ми излезат акни ставам од Sensilis лосиот против акни. Но прочитав дека бил преагресивен а јас имам чувствителна кожа. Па сакам само некој лосион што би го чистел лицето од нечистотии и да е против акни. Јас го забележав овој лосион од Sensilis па да ми кажете дали е добар или некои предлози да ми дадете.
Здраво, ми препорача да се хранам што поздраво, односно секој ден свежо овошје и зеленчук, да отфрлам целосно млечни чоколади, торти и се што содржи индустриски шеќер, пржена и похована храна, чипсови, мајонез, кечап, брза храна и се нездраво. Бидејќи јас претходно скоро секој ден јадев чоколадо и слатки работи, ми беше малку тешко во почеток, но сега скрос намалив и како замена за слатко конзумирам мед, урми или црно чоколадо, а наместо чипс, пуканки и сл., јадам переци или си купувам од Здрава Храна на кило соленки со тиква, ленено семе, сусам и сл. Исто така, јас по мое убедување исклучив кравјо млеко и кравјо сирење и видов големо подобрување, бидејќи читав на интернет дека во кравјото има многу хормони и им даваат антибиотици на кравите и дека тоа предизвикува појава на акни, па почнав место кравјо да конзумирам овчо или козјо сирење, а место млеко си правам сама или купувам бадемово млеко со додаден калциум и витамини. За доручек секој ден доручкувам овез со бадемово млеко, урми, банана, сончогледови семки и семки од тиква. Секој ден јадам по некое овошје и за ручек салата. Што се однесува до месо, јадам секакво месо и сметам дека е корисно и дека не ми прави проблем. Од време на време (1-2 пати во месецот) знам да каснам нешто бладо - палачинки или торта, но гледам да не биде тоа секој ден. Со овој начин на исхрана забележав големо подобрување не само на лицето туку и на имунитетот. Се надевам дека ќе ти бидат од помош советите, секако треба упорност, трпение и да се користи соодветна нега на лицето за да има побрзи и долготрајни резултати. Јас одев на третмани во Меа Медика и користев редовно креми што ми ги препорачаа, сменив начин на исхрана и потоа видов конечно резултати
Здраво, EUCERIN BLEMISH PRONE SKIN DERMO PURE е само името на линијата/колекцијата за проблематична кожа. За која крема точно станува збор? Гледам на страната на Еуцерин дека имаат и матирачки флуид но и некои креми за други намени што го имаат истиот назив и се од истата колекција.
Здраво @Biodevojka Што би ми препорачала од Alverde од тоник до крема се по ред за целосна skincare рутина. Јас имам сува кожа и до сега користам само кокосово масло и многу ми го прави меко лицето, но сакам некои продукти ти да ми препорачаш па да почнам да ги практикувам како целосна рутина за чистење на лицето. Однапред ти благодарам
Повели број од Саше 072 276 954 Земав одамна од кремата (кај мене конкретно за ревитализација на кожата ми направи) само навечер ми рече да ја користам, ми направи и две сапунчиња едно за миење на лицето наутро, а едно за навечер. 2300 денари ме чинеше сето тоа. Имаше резултати, ама некако за наш стандард цените му се.... ГИ правел по пат на некаква ладна дестилација, ми кажуваше, сапунчињата му содржеле незнам зајачка лој, незнам ти што. Неодамна повторно му се јавив да му нарачам ама кога ми кажа дека ќе ме чини 3600 денари, со тоа што овој пат без сапунчињата (демек кремата содржела се што треба) не ми излегоа математиките и не нарачав. Инаку правел и цврст шампон за коса, имало многу задоволни клиенти од шампонот.
Здраво most54, Не го препорачувам на никого. Јас го купив и го пиев серапептазето од Др. Витон, бидејќи се излажав од ветувањата, а и јас се борев со акни долг период. Го пиев секој ден по една капсула за време од 2 недели, но тие две недели имав секој ден главоболки и аритмии. Потоа седнав подетално да прочитам на интернет за серапептазе за да откријам дека не се направени доволно научни истражувања за да се утврди точното дејство и дали има side effects. Така да не сметам дека не треба да се експериментира со вакви недоистражени работи. Го фрлив целото пакување - жали Боже парите залудно што ги дадов, но здравјето ми е поважно. Така да си се вратив по старо да си се борам со акните - здрава храна, третмани и редовна нега.
Убава е многу. Јас ја користев за под пудра доста време и феноменална ми беше. Го држи лицето под контрола и не го замастува, само не знам колку е ефикасна во борба против акни зашто лицето ми беше океј тогаш. Не се појавуваа некои нови акни, па претпоставувам дека океј си ја вршела работата. Ама многу добра крема за масна кожа, ептен ми се допаѓа.
Не држи вода мислењево воопшто.Јас ги имам пиено роакутанот во 2013- 2014 година па еве ме жива и здрава сум дури и дете родив.Познавам и други што ги пиеле и тие се ОК. Не се забранети по други земји, туку напротив со поголема леснотија ги даваат т.е знаат да ги дозираат. Лекар се слуша за ваква работа не пријателите од странство. Да не ги пиев масакар ке бев по лицето којзнае какви лузни ке имав до сега. Девојко слушај си доктор, не читај по интернет само повеке ке се збуниш.Најдобронамерен совет е ова од долгогодишен паталец со акни
Женски ми треба добар дерматолог, ама да прават анализи целосни за кожа, не само лице. Може да ми посочите некој добар и да ми дадете број и адреса.