Здраво драга за сува кожа дефинитивно колекцијата од роза. Има преубаво масло од роза кое може да го користиш како ноќна нега, потоа има млеко за миење и крем за дневна употреба. Не ми текнува дали има тоник за лице, провери па кажи м и. За маслото ти гарантирам лично...дури нема потреба да го земеш кремот маслото може и наутро и навечер да го користиш особено сега кога е поладно одлично ќе ти дојде. Поздрав и за било што слободно пиши.
Скиноренот одприлика е 300-400 денари и се користи само навечер зашто содржи азелаична киселина како активна состојка а таа реагира на сонце( сега нема сонце но сепак биди внимателна).Во почетокот суши,црвенее и лупи но делува ефикасно за акни и лузни од акни.Поздрав
@Scarlett Rose @Mishela Дали користевте друга обична крема за лице пред или после нанесување на оваа крема? Го чувствувам суво лицето. И колкава количина нанесувавте од Effaclar Duo (+), тенок слој?
Било кој дерматовенеролог специјалист врши прегледи на кожа, не само на лице. А согласно индикациите те препраќа на останати специјалистички прегледи (анализа на крв, испитување на хормони, алерго тестови итн) за да ја утврди дијагнозата. Појди кај матичниот и тој ќе ти препорача дерматовенеролог за кој секако ќе ти треба упат, освен ако не планираш на приватен да одиш.
Не е за мене затоа прашав. Некој да биде добар и нормално приватно зашто се работи за девојка што не е од мк.
На приватен не сум била, но разлистај наназад во темата ќе најдеш и коментари и телефонски броеви. Читам дека многу го фалат Д-р Агрон Старова па би можела да појде таму, со закажување работи.
Ноќна имав друга, мислам Афродита со невен ноќната ја користев тогаш. Добра беше. Оваа ја користев повеќе за под пудра, а вака не можам да се сетам баш но мислам дека ми беше океј. Ако ти го суши лицето, комбинирај со некое масло. Една капка само, не мора многу. Бадемово, маслиново или јојоба.
Дали треба да одам докај него да ми го погледе лицето или ја испраќа по карго ... Многу се мислам дали да ја порачам да не ми направе некој контра ефект .. или да не содржи жива ... Ти благодарам многу за бројот .
Ќе се сретнете дури одкако ќе ти ја изработи кремата. А пред да ја порачаш, мислам дека нема да се видите, само ќе му опишеш каков проблем имаш со лицето. Неговите креми не содржат жива, те уверувам во тоа. Не дека му правам реклама, скапи се, ама баш од овде форумџики што пробале од неговите креми, споделија дека ја однеле на испитување, се потврдило дека е 100 % природна. Не содржела ниту мравја киселина. Ја правел по пат на ладна дестилација на со сосема природен процес.
Ги користам веќе 2 недели овие производи и лицето ми е веќе речиси кристално чисто . Многуу сум задоволна од овие производи и многу ми помогнаа ..Целосно ги исфрлив шеќерот и млечните производи .
Доколку имаш мрсно лице користи ја двапати, еднаш наутро еднаш навечер, јас така ја користев и супер ми беше лицево. Друга крема не ставав.
Решив да му дадам шанса на маслото од дива роза на Алверде. Премногу позитвни коментари прочитав за него, а кожата ми е сува, особено зимскиот период премногу, па се надевам ќе ми помогне. Прашањето ми е по кој редослед да го нанесувам? На чисто лице/пред крема/после крема за лице? Исто така сакам да напоменам дека користам и крема за околу очи на Гамарде, па би сакала да знам кој е вистинскиот редослед за нанесување на продуктите за максимален ефект?
Прочитав пред некој период дека маслово помагало околу акни па да прашам дали некој го има користено и како?
Јас го нанесувам неколку пати во денот со чепкалка за уво или со чисти раце на претходно измиено, суво лице. Многу ми помага.
Девојки овој период лицето ми е катастрофа, суво со акни со пори, ужас. Пред да ставам пудро користам крема од роза на алверде, па ставам borjous perfect , бидејќи ми е промашај многу ми ја суше кожата го мешам со ББ на farmasi, ама пак лицето ми изгледа натрупанп суво уморно со пори. Што да користам така кога ќе се нашминкам да ми е мазно да светне,да не е суво?
Маслото е ок за твојатак ожа , но пудрите се за комбинирана до масна кожа. Поготово таа на Буржуа , јас ја имам користено (јас имам масна кожа) и ми беше супер. За сува кожа пудри многу фалени на форумов ти се на Буржуа Хелти микс , Ревлон колорстеј за сува кожа , Лореал Тру мач..
Благодарам за одговорот, на какво масло мислеш инаку. Инаку Лореал тру мач а имам користено и многу с пзнавата линии, и кога допрам некој му оставам пудро