@Amelia извини грешка моја , мислев маслото од Алверде го имаш користено , а гледам за кремата си пишала Добра е и кремата инаку Бараш пудра што не се копира хмм е тоа нека кажат тие што користат пудра за сува кожа а да не се копира..јас ја користев таа на Ревлон ама за масна кожа и не ми се копираше никаде па ваљда и таа за сува кожа треба да е таква. Јас и камена пудра користам , може и тоа ми помага да не ми се копираат пудрите насекаде
Ќе се оправам за тај дел да не копирам, туку барам нешто соодветно моето лице кога ќр се нашминкам барем приближно да изгледа како стакло. На пример каква крема под пудра или некое масло, бидејќи многу ми е суво и со истакнати пори, тоа ме многу плаши
Редовно да си правиш пилинг на лице. И на сувата кожа и треба благ пилинг барем еднаш неделно. Имаме во соодветната тема споделувано совети и рецепти, за скоро сите типови на кожа. Еве линк до темата: клик до тема Верувам дека ќе најдеш корисни информации во неа. Само ве молам муабетите за пудри за лице да се продолжат во соодветна тема, оваа да не се полни со тие информации.
добро не знам што е проблемот, на местото каде што сум имала бубуљица, ке ја стиснам или да не ја стиснам ке помине ке остане флека..таман ке почне да се губи флеката истото место се полни со гној и пак се прави бубуљица...цело време на исти места..од што може да е знае ли некој?
Здраво драга маслото нанеси го пред кремот како еден вид на маслен серум. Остави да се впие (со блага масажа) и потоа стави од кремот и на крај крем околу очи. Јас барем така правам. Јас најнапред го чистам лицето, ставам тоник, потоа серум со витамин ПП и додека е сеуште влажна кожата од серумпт ставам масло за комбинирана кожа со 6 масла, правам блага масажа додека да се впие, ставам крем со витамин ПП и арбутин за избелување, па на крај крем околу очи и готово (конечно ахахахахха). Исто и за наутро само маслото и кремот за наутро се различни. Поздрав
Ista i e mojata koza nz koja pudra sa koristam koja i da stavam mi se poznava i kako suvi krugovi imam suvi na lice od pudra
Да. И ми помогнаа, ми се исчисти лицето. Но, мора да ги земаш долг период. Од едно пакетче нема да видиш разлика.
Шо знам, минимум 3 месеци за да видиш резултат, а максимум не знам. На природна база се и бавно делуваат.
Девојки сте користеле производи на Фризидерм? Ги има во Зегин. Станува збор за грчка козметика со убав состав и пристапни цени. Јас веќе подолг период го користам гелот за миење лице. Лицето драстично ми се исчисти од кога го користам. Не ме суши и целосно ми ја вади пудрата. Вчера ја купив и кремата за мрсна и комбинирана кожа, засега ми е одлична. Цена на производите: 1.гел за миење лице-299 денари 2.крема-799 денари Ваши искуства?
За мрсно лице на Frezyderm ја имав користено оваа крема на сликата , ама ја користев кога баш лицето ми беше многу мрсно , и навистина ми помогна плус е добра подлога за пред пудра. Кога ја истрошив , не ја купив пак бидејќи имав чувство дека ми ја затегнуваше кожата откако ќе ја нанесев. А гелот за миење лице го немам пробано. Да напоменам дека кремиве не се органски (козметикава е медицинска )
Дали некоја има искуство со овие производи ? Содржат 5% гликолна киселина, а читав дека помага за акни и проблематична кожа. Ги користам производиве три дена и приметив дека кожата не ми е толку уморна и безживотна. Туку имам некој сјај и свежина, во однос на акните сеуште нема некоја промена. Ако има некој искуство нека сподели.
Јас го користам Glow тоникот и презадоволна сум. Ексфолирачки делува, навечер ставам и кожата сабајле ми сјае, во позитивна смисла. Го отстранува мртвиот слој на клетки и ја обновува кожата. За акни не знам како делува зошто немам таков проблем, но со оглед на тоа што е ексфолирачки третман, би требало да помага. Порано користев тоник исто со гликолна киселина на Alpha H, но овој го дава речиси истиот ефект за половина цена. Alpha H e околу 30 фунти, овој 15-тина. И не ме пече како Alpha-та, понежен е овој и не го чувствувам на кожата. Другиве производи ги немам пробано од твојот сет, па сподели дали се добри по некое време користење
дечки дали може да ми препорачате некој пилинг што содржи салицилна киселина во себе ? и исто така, некој мрсен тоник за чистење лице (Oil based cleanser)? фала вии
Пилинг на Логона со нане и салицилна киселина, органски е и предобар. Маслен чистач на Балеа, исто одличен Пилингот е 700 ден во Зегин, а чистачот 150-160 ден во ДМ Едит: тоникот од Асос го нарачувам
За тие што го користите Pixi Glow тоникот, слична поевтина, па и подобра варијанта е Glycolic Acid 7% тоникот на The Ordinary. Прочитајте повеќе овде, девојката има направено многу добра споредба.