Јас го користам тоникот презадоволна сум! Буквално ми свети кожата и можам слободно без шминка да шетам. Тенот ми го изедначи и некако не изгледам уморно, иако не спијам доволно поради малото.
@Oxymoron да, знам за овој на Ординари, само чекам да го дотрошам Пикси, зошто го имам џиновското шише Не ми текнало да барам споредби меѓу двата, баш ќе погледнам сега
И ја чекам да го дотрошам пикси и ќе го пробам Ordinary, има одлични ривјус, мора да видам дали ќе биде living up to the hype Btw, и клинсерот со розова вода на пикси е супер
Ти благодарам мила, го земав маслото и го нанесувам наутро и навечер. Преубав мирис има и многу меко ми го право лицето. Топло го препорачувам на сите кои имаат сува кожа. А тоникот за лице мислам дека беше околу 150 денари.
Ја и ти ептен слична козметика користиме ) неколку ствари што сум користела од Aplha H се покажале скроз просечни, додека цената не им е баш просечна. И не ми е баш јасно зашто у Австралија се паѓа у несвест по Alpha H
Едни пријатели од странство ме замолија да дознаам дали кај нас има лабораторија која прави анализа за крема???
@TashSefton секаде се паѓа во несвест за Alpha H, не само во Австралија Јас го користев Liquid Gold, и стварно е предобар тоникот, ептен бев задоволна, 3 шишиња мислам истрошив. Ама решив да најдам поевтина алтернатива, па го земав Pixi и од него сум многу задоволна. Поблаг е за разлика од Alpha H, не ме пецка лицето од него како со алфата, ама сега сакам и гликолната на Ordinary да ја пробам. Оваа е со најголема концентрација, 7%, би требало и најдобар ефект да дава од сите
Ја зимата користев liquid gold moisture repair крема и маска за намалување пори и некако ми беа meh... дали лицето нешто ми беше лево тој период па ништо не ми пријаше, не знам... може треба уште една шанса да им дадам а тоник нивен не сум пробала, се држев до пикси ко слеп за стап
Предлог за тоник за нормална и комбинирана кожа, моментално го имам на Балеа па сакам да сменам, некој со добри состојки кој ќе помогне за изедначување на тенот и смирување на црвенило. Само да не е за порачување од интернет, нешто достапно кај нас.
Сакам да споделам како овие два производи значително ја подобрија состојбата на моето лице. Се работи за тоникот пикси за кој пишав овде и за крема од la roche possay H наменета за мрсна и осетлива кожа која воедно ја регулира маснотијата но не ја суши кожата. Препорачлива е за оние кои идат на хемиски третмани. Спојлер: Спојлер Исто така почнав повише да јадам зеленчук и овошје и да одбегнувам млечни производи, благо и мрсно. Би сакала да прашам дали ќе има уште подобар ефект ако користам и азелаична киселина ? Би ја земала онаа од theordinary
Браво, разликата е очигледна. Ќе ти се изедначи тенот за некое време, ќе видиш. Само терај си ја рутината со продуктиве редовно. Пикси мислам дека беше доста сличен (ако не и ист) со гликолниот тоник на ТО, јас го имам него и многу ми одговара. Немав проблем со акни, но не можам да си го препознаам тенот. Толку свеж изглед не сум имала...веројатно од дете. За азелаичната суспензија може да разгледаш во темата за The Ordinary, мислам дека некои од девојките користеа па имаше добри информации во врска со твоето прашање. Јас мислам дека немаш потреба од нешто плус и слобпдно терај си вака зашто резултатите ти се одлични. Но ако сметаш дека ти треба нешто плус, разгледувај ги оние lactic acid "растворите". Познавам девојка која со Pixi тоникот користеше lactic acid само не се сеќавам кој од тие два-три што ги имаат Ординери, ќе проверам па ќе пишам. Ако имаш некои прашања за нивните продукти, повели во темата, ќе се најде некое комбо.
Ти благодарам the ordinary имаат доста многу продукти и многу им се фалени, не знам што би било најдобро да земам. Доколку дознаеш за lactic acid пиши ми.
Супер резултaти. Но, aко сaкaш aзелaичнa, земи си Скинорен од тукa од aптекa. Ценaтa му е околу 450, со тоa што имa 20% концентрирaност, a тaa нa Ординaри е 10% a и е нa бaзa нa силикони. Секaко резултaтот би бил подобaр според мене со појaкaтa, плус по групиве по кои сум зaчленетa и што имaм читaно повеќето го препорaчувaaт Скиноренот пред овaa од ТО.
Дaли имaте прoбaнo aлoе верa вo бoрбaтa сo aкни? Имaм дoмa aлoе верa цвеќе пa сaкaм дa прoбaм и сo негo пoкрaј другите гелoви и креми.
Драга @Biodevojka дали ќе можеш да ми препорачаш серум за лице, а по можност и соодветна козметика која ќе одговара на мојот проблем. Лицето во моментот ми е...со еден збор кажано катастрофа. Суво (особено во зимскиот период), безживотно и со пори околу носот. Плус имам ситни акни на образите кои немаат гној туку се поткожни и црвени. Користам само органска козметика а од неодамна го земав и маслото од роза на Алверде но не забележувам никаква позитивна промена на лицето. Цената воопшто не ми е важна. Ти благодарам