Девојки, можно е од пена за миење лице на Nivea да се исфрлив со мозолки и тоа највеќе на чело и десен образ, црвени, повеќето полни со гној, мислев од циклусот дека ми е но помина доста време и никако не се повлекуваат, совет?
Можеби не ти одговара. Не го користи некое време, пример една недела, и види дали ќе има подобрување.
Може да ми кажеш на која улица се наоѓа овој доктор па да одам и јас? Јас откако се породив имам проблем со лицето и никако не поминува. Моето лице е многу мрсно и имам црнки и комедони ама многу на образите и челото. Што да користам?
Plaknenje so ladna cista voda, cistenje so micelarna bez razlika dali si imala sminka, bekutan pomada sekoj den i ednas u dve tri nedeli maski
Беше во градска болница,влез 2 ако се сеќавам добро,но прво треба да земеш упат од матичен за да не плаќаш на приватно. Иначе погоре имам напишано кои производи ги користам и влијаат добро на мојата кожа,па доколку си во можност можеш да пробаш некои од нив.
Аха. А тие за мрсна кожа ли се? И нели пишала си дека не ги зимаш од тука? Од кај ги зимаш? Инаку земав упут и ќе одам во понеделник. Ако не ми влијаат тие што ќе ми ги препорача ќе ги земам твоите.
Живеам во Лондон, ги зимам од овде, но може и онлајн да ги најдеш . Иначе не е наведено дека се за мрсна кожа, но мојата е премногу мрсна а сепак реагира одлично на нив. Во моментов немам ниту една активна акна, само црвени флеки од порано.
Бев на Хаџи Николов и ми даде гел Еucerin dermo pure, крем Skinoren и таблетки Minocin. Има ли некои искуства?
Со скинорен немам добро искуство. Можеби и комбинацијата со гелот за лице на Avene што го користев не беше доволна. Антибиотикот е ефикасен, но мора заедно со него и добра локалана терапија за да има позитивни резултати.
Да, тоа ми беше првичната терапија, но не функционираше. Неколку месеци ја користев. Потоа бев кај друг дерматолог, ми ја смена локалната терапија и плус го пиев антибиотикот.
2 пати до сега го измив лицето со синиот гел од Балеа и после тоа лицето го чувствувам затегнато и малце суво, дури и на образот како лишаи имам малце. Можно е да е од гелот? Или е бидејќи не мачкам хидратантна крема после миење?
Поради тоа што не мачкаш крем после миење. Обавезно ставај крем соодветен за твојот тип на кожа и возраст.
Јас почнав деновиве со некои чекори за лицето. Приметувам разлика во однос на тоа какво ми беше лицето претходно. Има некоја живост и свежина. Колешките на работа дури и ме прашаа, што сум ставала на лицето изгледа многу свежо и меко. Вака идат чекорите: Навечер: 1. Cleansing - ја бришам шминката со различни тонери. Едниот е мрсен за очите, а другиот обичен. 2. Exfoliate - еднаш до двапати неделно овој чекор, со тоа што правам пилинзи 3. Тоner - е вториот чекор што го нанесувам секоја вечер, го користам Glow pixi тоникот 4. Еssence - овој чекор го користам како трет за хидратација и баланс после чистењето и бришењро со тоник. Koристам продукт од Origin. 5. Sheet mask - ова исто така еднаш до два пати неделно 6. Еyecream- крема за околу очи како четврти чекор. 7.Моisturizer - ова е последниот чекор, на цело лице ставам крема за хидратација Насабјле ги правам истите чекори. Прво го мијам со ладна вода, потоа toner, essence, дневна крема за околу очи и потоа крема за хидратација. Иако е рано и не очекувам сега некое чудо, приметувам разлика. Кожата изгледа сјајна, пред тоа ми беше премногу сува, сега има хидратација. Исто така можам да приметам дека е помека од претходно и пудрата ми легнува на подобро.
Пилинг обичен имам еден од маркет купено, веќе ми е прикрај па планирам да го пробам од Pixi. За околу очи ја користам кремата од Origin и поделена е на две дела за дневно и ноќно користење.
Koi maski od planet spa, koj nokjen krem I koja micelarna voda na nivea ja koristish (bidejki za mrsna koza ja ima cela linija) I po koja cena?
@sj *O* Од изборот на маски од Планет Спа ги користам следниве: 1. Глинена маска со мароканско арганово масло: Маската се нанесува, се суши едно 15-20 минути, па се отстранува со плакнење со вода, наједноставно. Мене ми помогна во остранување на мрсните области на лицето, како околу носот и сл. Сега лицето ми е средено и од кога ја користам, еднаш неделно, ни м од мрсно лице немам веќе. Не ми го суши, ама е нормализирано. Спојлер: Treasures of the desert with Moroccan argan oil 2. Маска со екстракт од алги и морска сол: Втората маска што ја користам е од типот на маски што се лупат, значи не се отстранува со вода. Најпрво мора да ја пофалам за преубавиот мирис, многу убаво мириса. Кога се нанесува, делува со разладувачки ефект, се суши некаде 10 минути, па се лупи. Има текстура на гел и има и парчиња од алги. Таа ми помaга да ја одржувам хидратацијата на лицето. Бидејќи ми одеше од една крајност во друга, или е екстремно мрсно или екстремно суво. Спојлер: Greek seas with algae extract 3. Маска од бел чај: Третата маска, што воедно и последна ја ставам, е маската од бел чај. Исто е на принцип на лупење. Се суши за некои 10-15 минути, малку побавно од онаа со алги. За отстранување е нешто најлесно. Ниту го има оној депилирачки ефект, туку како нежна и мазна фолија да се тргнува од лицето. Ми служи за освежување на лицето и навистина ми дава свежина. Има исто таков некој разладувачки и освежувачки ефект кога се става, мирисот и е предобар, смирува и ми дава енергија на лицето, ми ја враќа бојата. Дури и откако ќе се отстрани и кога ќе се измијам со вода, како да имам некој серум нанесено, се осеќа уште и доаѓа како плус гел за миење. Спојлер: Oriental Radiance with with tea 4. Ноќен крем од црн кавијар: Во однос на кремите, бидејќи подолго време мака мачев до пронаоѓање на крема што ќе ми одговара, бидејќи си страдам од сензитивна кожа , ништо како да не ми одговараше, па ни Нивеа кремите, покрај многу други. Еднаш кога нарачував маски, се загледав во оваа крема и бидејќи до тогаш веќе ја користев подолго линијата на Планет Спа и бев презадоволна, решив да си ја порачам и не зажалив . Кремата има убав нежен мирис и розева нијанса на светло може да се забележи низ текстурата. Кога ќа ставам, лесна е многу на лицето и одма си се впипва, не да ми стои како мрсна подлога, ниту пак од оние, одма да се инстантно исуши и пак ништо. Ја впива, а пак лицето си е одржано и хидратирано. Спојлер: Luxuriously refining with black caviar 5. Нивеа мицеларна вода- Normal to mixed skin: Ја користам оваа мицеларна вода (слика во спојлер) и мора да кажам дека мене ми одговара бидејќи јас ретко носам шминка, но и кога ставам, ставам премалку, воопшто без маскара и бидејќи како што кажав лицето ми е сензитивно и не трпи многу шминкање, па ми е супер за отстранување. Ама затоа мислам дека за некој што користи нормално шминка, значи не малку, туку нормално и повеќе, оваа мицеларна вода нема да му одговара. Спојлер: Nivea Caring Micellar Water: Normal to mixed skin, Vitamin E И морам да напоменам дека секој од нас треба повеќе производи да проба и да ги најде соодветните за неговата кожа, затоа што сме различни и тие што сега ги постирав не мора со сигурност да значи дека и вам ќе ви одговараат Воедно совет за маските, пред користење мора да ви биде чисто и измиено лицето и секако не заборавајте дека и после мицеларната вода мора миење со обична вода Во однос на цените, маските ги купувам кога се на попуст, околу 150 денари, a редовната цена мислам дека им беше 350-400 денари, кремот исто така на попуст 150-250 денари, редовната изгледа 600 денари беше, а мицеларната вода мислам дека беше 250
Не знам веќе која е соодветна тема за да прашам, многу се за лице и чиста кожа, креми... ама ајде овде ќе прашам. Го зедов хлоракол лосионот за лице, од галафарм Инаку, околу лицето... не се акни и не се насекаде, обично се во пределот кај брадата и под неа и местото кај образите, но се работи за лузни, црвенкасти или како модри, штом не поминаа со леа не верувам дека и со ова ќе ги биде. Е, сега, што велите за БИОДЕРМА кремата за флеки и лузни? Ја користел некој? Да ја користам во комбинација со овој лосион или друг? *Инаку немам некои неправилности ниту вдлабнатини, сува кожа што се регулира со крема, може да излезе некоја акна ама во последно немам акни, само флеки од стискање акни веројатно... @Biodevojka Зборувам за оваа крема.