@sj *O* Производите на Планет Спа т.е маските и ноќниот крем ги порачувам од Авон, а мицеларната вода на Нивеа ја има мислам секаде, и во аптеките, во ДМ, во поголемите маркети Не знам дали маските од Планет Спа така се продаваат по аптеки, само знам за во Авон И нема на што, повели секогаш, ми беше мило што помогнав барем малку
Изминативе два-три дена почнаа да ми се појавуваат големи поткожни акни во пределот на образите и долниот дел од вилицата. Не знам од што, не сум сменила продукти но мислам дека една крема можеби почна да ми го предизвикува ова (некое време ќе ја паузирам), но сакам да прашам со што да ги третирам ? Огромни се и се приметуваат, некои не можат ни да се стиснат а од некои тече само како проѕирна течност. Некој предлог што да мачкам на самата акна за да го намалам воспалението?
Имам акни на лицето, поточно на делот кај што се става бронзер. Откако читав на форумот решив да користам Леа гел со клиндамицин и камилица, а за флеките мешам сок од половина исцеден лимон со лажичка мед и тонер од јаболков оцет и вода. Е сега гледам подобрување од гелот, повеќето поткожни акни се повлекуваат но имам големи црвени флеки или воспалени акни кои се раздразнети. Ако може да ми предложите нешто со што би се намалило црвенилото или некоја да имала сличен случај?
Здраво на сите. Имам 24 год, во принцип имам чисто лице, никогаш сум немала проблем со акни, но сега имам неколку црвени акни на образот, кои не поминуваат.всушност незнам ни дали можам да ги наречам акни, под површинскиот слој на кожата се, мали, црвени Бев на кожно, но докторката воопшто не ме ни погледна само ми препорачаа еуцерин крема но не поминува, состојаба е иста...ве молам доколку некој може да ми препорача нешто.
Каде ги најдовте производите? Јас освен кремата со цинк што ја има и по маркетите, не сум видела друг производ
Значи вака никогаш сум немала проблем до акни, бублици секогаш сум имала убава кожа со по некоја лузничкано во последно време почнаа да ми излегуваат некои црвени дамки каде што кожата ми е многу сува, и некој вид на болчиња слични како кога ќе ве касне комарец, но само помали и бели без никакво црвенило на нив.. Дали некому му се случило ова? И што направивте во тој случај?
Да, јас имам три такви. Две се повлекоа од кога го користам тоа на Ординари, а другото уште стои. Завчера го стиснав и истече гној, претходно не можев ништо да направам, но сеуште стои. И мене не ми е јасно од каде и од што се создаваат и како да ги третирам.
Драга јас лино не би земала ниеден од овие два производи од ошѓта причина што не се природни и содржат состојки кои не би ги нанела во никој случај. Ако сеуште не си ја купила кремата ти советувм или масло од Хаушка или крем од Гамард себо контрол или крем на Логона со нане против акни...поздрав
Не ги можам лосиониве на база алкохол, салицилна киселина. Како да ми ја одземаат пигментацијата на лицето, ми прават црвенила и ме печат. Не ми помагаат дефинитивно. Ја немам земено кремата
Дали некој ги користел производиве? Наменети се за кожа склона кон акни. Јас го пробав гелот и кремот кај другарка и гелот воопшто не ми ја исуши кожата како многу други гелови кои сум ги користела за мрсна кожа. Кремата ми го направи многу меко лицето. Доколку некоја ги користела споделете мислења, можеби во иднина би ги земала.
И мене ми се образите со такви, кожата не ми е мазна ич од тие ситни бубуљички или не знам што се, како ситни затворени комедони и триста чуда правам ама џабе. Редовно миј го лицето и прави повремено пилинг за да се отстранат мртвите клетки.Обавезно менување на навлаката за перница. Иначе од каде се појавуваат стварно не знам, мислам дека има влијание и загадениот воздух.
Zdravo ajde ve molam nekoj da mi spodeli iskustva so laserski tretman na lice za fleki ,stanuva zbor za laser so CO2 i utp???
Имам проблем со мојата кожа на која што буквално не можам тип да и одредам така да и пудра не можам да најдам. Проблемот е : во една седмица кожата или ми свети или ми е сува -ми се појавува ккако првут. Кога ќе ставев пудра( избегнувам -не ставам не можам да најдам) Кај носот ми се лупи и над и околу веѓите. Тоа е грдо. Или ќе се собере пудра околу некои делчиња на носот или се лупи или остане такво. Да и пори. Некој да е имал таква проблематична кожа?
Го имав истиот преблем до пред неколку години и мислам дека моментално не користам пудра воопшто ) освен за посебни прилики и тоа имам долг режим) туку ББ крема. Доколку ти треба повеќе прикритие тогаш пробај ЦЦ крема. Углавно тие се хидратантни креми за лице со витамини и неретко СП фактор за заштита од сонце и имаат некоја боја па и прикриваат несовршености на лицето, многу се лесни и дури ја помагаат кожата. Веќе подолго време користам Laura Mercier Tinted Moisturizer и Loreal Magic BB. Спојлер
Во моментов само кокосово масло. Затоа што не знам што да правам.. Во моментов ме стега кожава ќе ми пукне... особено кај образите и челото П.с. за на доктор не сум.. не сум в Мк а и јазик не знам овде...