И јас пиев роакутан 6 месеци, ми се исчисти скроз лицето иако има многу несакани дејства јас не искусив ни еден освен што премногу ми беше сува кожата. Сега бидејќи холестеролот ми е покачен докторката ми рече да ја прекинам терапијата и ми препиша Sumamed од 500 mg., airol крема и стандард aknefug. Некои искуства со Sumamed и Airol бидејќи само тие ми се непознати?
Ексфолијативен режим кој го правам дома1-2 пати неделно во зависност од состојбата на кожата. 1.Чистење на шминката со мицеларна вода или масло за чистење лице(кога ми е посува):Периодов ја пробувам ова мицеларна вода,ја купив случајно и се зачудив колку е добра.Ја чисти шминката длабоко Спојлер 2.Миење на лицето: Користам неколку продукти,но кога започнувам со ексфолијација ја користам Dr.Hauschka Cleansing Cream.Нежен чистач е,шминката нема да ја чисти.Има ситни честички за ексфолијација а во исто време не ми ја суши кожата.Го тапкам на мокро лице 1 минута и на крај исплакнувам со млака вода. Спојлер 3.Гел ексфолијација:Го ставам на чисто суво лице,и оставам да делува 20 секунди после исплакнувам со мокра вода. Спојлер 4.Ексфолијативна маска: Во периоди кога имам помрсна кожа со акни или проширени пори користам и маска со глинена база(Lush Mask of Magnaminty,Mario Badescu).Инаку ми ја сушат кожата и во периоди кога не е проблематична користам маски кои изедначуват тен и текстура.Ја оставам да делува 20 минути и добро ја чистам со млака вода. Спојлер 5.Ексфолијативен тоник:Ја користам од The Ordinary гликолна киселина.Некогаш пецка или пече помалку зависи од количината и честотата на користење,но поминува. Спојлер 6.Ексфолијативен серум: За појака ексфолијација го користам 10%Lactic Acid.5% е доволно нежен да се користи секој ден или секој втор ден,но сепак кај луѓе нови на ексфолијација би препорачала 5 % Спојлер 7.Sheet mask:Бирам лесни хидратантни маски.Ова е купена надвор.Од маските достани кај нас Омилени ми се Beauty Effect од Balea со хијалуронска киселина и од новите зелената со алое вера серум.Ја оставам до пола саат да делува. Спојлер 8.Hydrogel eye patches:Од тие достапни кај нас омилени ми се овие со колаген.Плавите од истата линија ме печеа многу и ми ја иритираа кожата.Ги оставам пола саат. Спојлер 9.Хидратантен спреј за лице: Овој спреј ми е омилен за хидратација,но ги менувам често.За хидратација препорачувам и чиста розова вода или Lush Breath of Fresh Air. Спојлер 10.Хијалуронска Коселина.Користам две капки за цело лице и оставам да се впие. Спојлер 11.Крема за лице: All time favourite ми е Clinique Moisture Surge кога имам потреба за хидратација. Спојлер 12. И на крај ставам масло за лице во многу мала количина и повеќе се концентрирам на перфиерните делови на лицето Спојлер Во вечерите кога правам ексфолијација ретинол,ретиноиди,вит ц не користам и утредента ЗАДОЛЖИТЕЛНО заштитен фактор.
Можеби треба да проверите Хеликобактер(Helicobacter Pylori). Иако се случило дерматолози да ја негираат поврзаноста, сепак со сигурност знам дека хеликобактерот во одредени случаи може да предизвика кожни промени. Се испитува преку крв и фецес, моја препорака е да го изберете второто бидејќи резултатите се порелевантни со оглед на тоа дека испитувањето на крвта повеќе е поврзано со присуството на антитела за бактеријата. Многу често немаме реагенси по клиниките но бидете упорни. Поточно, распрашајте се за цената, мислам дека во некои сличаи нема голема разлика со тоа да го направите испитувањето во приватна лабораторија. Пред да го правите ова, прочитајте малку на темата, пред се за да видите дали има логика да трошите време и пари а можеби немате никаков симптом. Иако, многу често може промените на кожата да се еден од малкуте ако не и единствен симптом. Исто така може да се посоветувате со вашиот матичен лекар. Ако се покаже дека тоа е причината а не сакате да пиете антибиотици, може да пробате со сок од зелка.. во случај да не помогне, секако ќе си ја земете антибиотската терапија. Да не должам сега, ако има потреба ќе ви пишам дополнително за сокот кој, од лично искуство го препорачувам како најдобро решение во борбата со хеликобактерот. Видете има посебна тема за The Ordinary, има подетални информации што може ќе ви користат.
Маја ти благодарам на советот и постот но и тоа го имам испитано и негативно е Сумамед е најак антибииотик , мене лично за жал само ми помогна поривремено исто и ариолот но не трајно .. само со сумамед обавезно си земи пробиотик да пиеш и да јадеш повише овошије и зеленчук додека го употребуваш ,многу јак антибиотик е да не ти направи проблем со зелудник
Имам премногу проширени пори користам зелена глина двапати неделно но нема некој видлив резултат Ја користам редовно веке година дена, споделете нешто за намалување на порите посебно тој дел под очите ми се страшно големи и се познаваат Сакав да прашам и за масло за лице го користев тоа од роза на алверде ми го носеше брат ми од Германија но ми заврши па нешто слично на него да користам како замена додека ми стигне тоа Дали дм маркети вршат достава
Ако го има во Битола можам да ти пратам по карго ако сакаш, и ако ти се исплаќа секако. Пиши ми во лп.
мислев дека јас сум фрик за skincare ама ти си бетер хаха бравос. јас навечер ја мијам со гел, па ја тонирам, па и ставам серум и на крај масло. а сабајле ја мијам само со гел и ставам хидратантна крема со спф. маски ретко користам, мислам дека нема мн квалитетни кај нас,а да не се изгор. и имам фрлено око на една sheet од lancome, ама една е само околу 1000 ден .
Лажичка сода бикарбона, натопи ја со неколку капки лимон колку да почне да врие и стане густа течност. Потоа со чисто памукче за лице триј нежно на флеките неколку пати во денот. Постапката се повторува неколку денови во зависност од брзината на резултатите и типот на кожа што ја имаш. Пробај мене ептен ми помогна..
Веќе некое време ми се прави поткожна бубуљица на истото место на челото. Најпрво се појавува како розева флека, па после ден-два почнува да се "пуни", ја чустам и после тоа не останува ништо ама по одредено време пак се повторува истото. Што може да е и како да го исчистам засекогаш?
Имам доста проблематично лице со многу бубулици кои баш на секое место ми излегуваат и се мешани - и ситни без црвенила и поголеми црвени, а во последно време ми излегоа црнки кај носот и на брадата. Најчесто бубулиците ми излегуваат пред да добијам, ама некогаш и цело време се појавуваат. Типот на кожа ми е тежок за определување - некогаш е мрсна некогаш сува, а баш сега почна да ми се лупи над и под усните. Ретко ставам пудра затоа што не можам да си најдам соодветна, ама кога ставам тоа се полесни пудри. Од креми ставам само нивеа, друго немам пробано бидејќи ми е страв да не ми излезат повеќе бубулици, а шминката ја вадам со влажни марамици. Мицеларни води, тоници ништо од тоа не употребувам во страв да не ја воспалам кожата. Инаку имам 20 години. Предлог што да испробам?
Очигледно имаш проблематична кожа и ваквиот тип на кожа бара многу негување и оддржување. Кремата нивеа (доколку ја користиш онаа универзалната) не ја ставај бидејќи повеќе му штети на лицето отколку што го негува. Одбери си гел за чистење на лице со кој ќе ги отстрануваш сите нечистотии. Имаш во ДМ, во Космо од различни фирми гелови. Разгледај и одлучи кој најдобро би ти одговарал или разгледај низ темава доста се има пишувано за најразлични производи. Исто земи си и тоник и убава крема која ќе ти го хидрира лицето. Влажните марамчиња исто остави ги, уште толку ја иритираат кожата. Наместо тоа земи си мицеларна вода би ти ја препорачала од Оливал како поефтина варијанта или од Биодерма.
ne e malku jaka kombinacijata soda bikarbona i limon ?, mislam deka ke mi go isusi liceto imam kombinirana koza
Јас еднаш неделно го правев ова и ми го исуши, а имам мрсна кожа. Внимавајте, не одговара се на секого.
Девојки да ми препорачате тоник за лице за комбинирана кожа(и периодов со доста поизразена мрсна Т зона) .
Мене ми покажа ефект, зависи и до кожата.. После тоа можеш да ставиш крема, невен, лимон, лаванда најубави ми се мене