Со соодветна нега и козметика (во однос на типот на кожа) не треба да се појавуваат акни. Најчеста причина за акните е внатрешен фактор во телото, ретко надворешен.
Антибиотик миноциклин, клиндацин, две креми и суспензија со бензил пероксид, но не би ти препорачала да ги земеш на своја рака бидејќи пред да ми ја даде терапијата ми даде да направам некои испитувања
Колку време ти траеше трапијата , сега дали нешто примаш ме интересира за антибиотикот колку време го внесуваш
6 месеци ми траеше мене (обично 3-4) но јас го прекинував антибиотикот 2-3 пати бидејќи се разболував и морав да примам друг. Не примам веќе само имам дневна и ноќна крема и гел за миење лице.
Секако дека сте се разболувале, на толку антибиотици имунитетот сигурно ви е озбилно компромитиран. Јас би ви препорачала да си поработите на тоа сега, земете си некој имуностимулатор за да го потпомогнете вашиот организам во создавање на стабилна заштита од заболувања, барем до степен до кој е тоа возможно. Продолжената употреба на антибиотици е опасна а никој нема гаранција дека резултатите се трајни. Се надевам дека сте го решиле вашиот проблем и дека акните нема да се вратат, но како што пиша некоја членка претходно, причините се секогаш внатре во нас(затоа антибиотиците првично покажуваат резултат) и потребно е да се знае точната причина за да се третира. Антибиотската терапија, во овој случај за жал е повеќе третман на симптомите.. пиете терапија, се намалува воспалението, многу често се намалува и лачењето на себумот до ненормален степен со што кожата е оставена без природната заштита и тнр подмачкување, на почеток со терапијата се убиваат вишокот бактерии во организмот(не секогаш лоши бактерии, најчесто нашите постоечки и потребни во организмот но кои од одредена причина се преразмножиле) потоа се уништуваат и добрите бактерии потребни за доброто функционирање на организмот. Затоа пак ќе кажам, погрижете се за вашиот имунитет и што е најважно за цревата бидејќи тие две одат рака под рака. Земете си пробиотик за редовна употреба, ќе ви помогне во обновувањето на цревната микрофлора а воедно ќе послужи како превенција.. според некои истражувања пробиотиците се корисни во борбата со акни. Штом веќе сте во добра состојба со кожата потрудете се да ја задржите.
Фала ви многу , да земам и пробиотик од јануари навака сум како нова немам проблем никаков а почнав и поздраво да се хранам, мислам дека се тоа има влијание ... Било кој, јас го земав на биодерма себиум.
Мене ми рече воопшто не мора гел, само со вода па крема, затоа се зачудив. Ќе треба и јас да го прашам кој гел ќе е најсоодветен. Фала ти.
Сигурно поради антибиотикот, а јас земав и пробиотик за да немам дополнителни проблеми од антибиотикот. Уште го пијам антибиотикот и се подобрува ситуацијата па ќе видам, испитав јајници немам полицистични, сега треба уште хормони да испитам.
акни не ми сметаат, ги држам под контрола чат-пат, црвенило исто, ама ме иритираат whiteheads. ги имам на едниот образ и се гледаат кога ќе ја оптегнам кожата. некој спас? маска? ве молам
И мене ми ги даде истите работи, со тоа што антибиотикот го пиев 3 месеци. Сега ми го прекина антибиотикот и сум само на кремите уште два месеци, па после тоа ми кажа да земам крема Ефаклар Дуо, ама тоа допрва ќе треба. Ме интересира каков тип на акни имаше ти? Јас имав на образите баш гнојни акни, па со терапијава до сега веќе воопшто немам, но имам црвенила останато. Значи немам акни на лицето ама пак не ми е чисто, имам црвени точки (лицето ми е мазно, немам веќе испакнатини ама не знам дали ќе се повлече и црвенилото...)
Effaclar duo ќе ти помогне за црвенилото и флеките. Штом го прекина антибиотикот сега треба и само со кремите да има напредок. Кај мене сеуште има некои ситни црвени точки, долг е процесот за целосно да се обнови кожата. Како и да е, штом има напредок се и останатото ќе се среди, само трпение и посветеност на терапијата.
Koja mu e cenata I kolku se plaka postarina. Dali mozam od oficijalnata strana na pixi da go poracam.