Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.427
    Јас пред неколку месеци почнав да го користам тоникот со чај од ројбос што го има препорачано @Biodevojka на нејзиниот блог.
    Тоникот мислам дека има длабок прочистувачки ефект врз кожата. По недела дена од неговото користење, забележав многу црнки по лицето кои беа лесни за отстранување. И сега имам црнки, но се многу полесни за чистење.
    Пред да почнам да го користам тоников, се мачкав само со чај од магдонос наутро и навечер. Чајот од магдонос почнав да го користам со намена за избледување на флеките што настануваат од бубулички, но приметив дека има и смирувачки ефект врз нив.
    Со тоникот приметив дека има побрз ефект, а и општо кожата полека приметувам како се смирува. За лавандата која ја содржи тоникот, имам читано дека има бавно лековито дејство, така да не се сомневам дека кожата ќе ми биде во уште подобра состоја за одреден период. Сакам да пробам и некој рецепт со етеричното масло од рузмарин, но тоа понатаму. Засега овие две работи ми се одлични и не планирам да престанам да ги користам.
     
    На koritsaki и LittleChili им се допаѓа ова.
  2. *Sesirce*

    *Sesirce* Активен член

    Се зачлени на:
    2 април 2019
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Дали некој има испробано производ против флеки од акни кои навистина ви помогнал?Неколку месеци користев лосион кој сама го направив од бело вино и хидроген и навистина ми помогна,но сакам некоја крема да си купам од Bioderma.
     
    На Kay Scarpetta му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sofija014

    sofija014 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2013
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    3.869
    Отвори на страниците кои ги напишав и можеш да видиш која цена е, како се порачува итн . Јас лично немам порачувано до сега и не знам точно како иде тоа.
     
  4. *Sesirce*

    *Sesirce* Активен член

    Се зачлени на:
    2 април 2019
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Дали може некој да ми каже конкретно каде можам да го најдам активниот кислород и цена?И ме интересира дали мириса навистина толку лошо.
     
  5. sofija014

    sofija014 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2013
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    3.869
    Го има во ДМ околу 300 денари беше, не се сеќавам точно. Јас го купив со арома на алое вера но мирисот е чуден и благе везе нема со наведеното. Имаше и со нане, и обичен т.е без никаков мирис.
     
  6. Ivy18

    Ivy18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    76
    За црвени флеки ти го препорачувам eucerin even brighter има дневна, ноќна крема и некој серуми. Јас го користев дневниот кој е и со заштитен фактор и ми ги избледи црвените флеки.
     
  7. Kay Scarpetta

    Kay Scarpetta Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2015
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Женски
    Дали ќе може да ми го пишеш рецептот/соодносот на лосионот што си го правела?
    Може и ло ЛП ако не сакаш тука.
     
  8. *Sesirce*

    *Sesirce* Активен член

    Се зачлени на:
    2 април 2019
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Искрено не се сеќавам точно на рецептот но го пронајдов овде на форумов од една девојка на која и го дале на кожно.Стануваше збор за бело вино,неколку капки 3% хидроген,лимон,дури мислам дека имаше и стопен шеќер во составот.Се надевам дека ти помогнав.
     
    На Kay Scarpetta му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Она што мене ми помогна и што би сакала да го препорачам на сите вас кои посакувате да имате чисто лице преку користење на евтини методи, е кокосово масло. Јас моето кокосово масло го купив од ДМ, 200 денари за 300 мл кокосово масло во тегличка. Ставам од него насабајле и навечер, откако ќе го измијам лицето со бебешки сапун Бекутан. И тоа е тоа. Евентуално, кога сум во период на ПМС, доколку забележам акни, ставам и Здраве, кое го купувам од ДМ, и кошта околу 60 денари. Кокосово масло ставам и пред да ја нанесам шминката, а откако ќе се упие ставам и крема за сончање. Моментално користам крема за сончање од Леа козметика, со фактор 30, но истата ја добив на поклон па не знам да ви кажам цена. Кога вадам шминка, сенката и маскарата ја бришам со мицеларна вода, потоа го мијам лицето со бебешки сапун и се пребришувам со мицеларна вода повторно. На крај доаѓа кокосовото масло секако.
    Кога сум расположена ставам домашна маска од белки од јајце (белката ја размачкуваш на лицето, ја оставаш да се стврдне и го миеш лицето со топла вода), или кокосово масло и сода бикарбона како пилинг.
    И тоа е тоа девојки, искрено сум задоволна, не се затрупувам со многу хемикалии и скапи продукти а лицето сепак ми е чисто. Се надевам дека на некој ќе му користат овие информации. :f:
     
  10. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.504
    Пол:
    Женски
    Кокосовото масло затвора пори. Кај тебе имало позитивен ефект, но не е препорачливо за лица со мрсна кожа и тие кои патат од акни. Контра ефект ќе имаат бидејќи е комедогено масло.

    Не секоја природна состојка може да помогне затоа внимавајте што експериментирате на кожата.
     
    На moon1, barba12, Хана-банана и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.427
    И кај мене имаше позитивен ефект од кокосовото масло ко за чудо, но тешко ми е за секојдневна употреба.
     
    На IM.TMKQ му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    6.009
    Допаѓања:
    5.392
    Пол:
    Женски
    Се согласувам, зависи од типот на кожа. Сестра ми секојдневно го користи и е многу задоволна, а јас веднаш добивам поткожни.
     
    На IM.TMKQ му/ѝ се допаѓа ова.
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.110
    Пол:
    Женски
    Јас од кокосовото масло добив само мрснотија плус а само еднаш ставив.
     
  14. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.774
    Допаѓања:
    14.574
    Пол:
    Женски
    Ако веќе купуваш активен кислород купи го овој. Во Зегин го има, околу 450-500 ден е. Има слаб, речиси неприметен мирис на кисело.
    93E483A2-7D45-4791-B320-065FA62257D6.jpeg
     
  15. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.261
    Јас го имам овој од ДМ, без мирис, и не ми мириса лошо. Како што рече членката погоре, има слаб мирис на кисело, но скроз е подносливо. Мене едно време многу ми помогна за акните, но потоа како да престана да функционира.

    img_20170826_032357.jpg
     
  16. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    98.743
    Колку чини?
     
  17. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.261
    Одамна ми е земен и не се сеќавам точно, мислам дека беше околу 300 денари.
     
    На Emy867 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.710
    Допаѓања:
    46.020
    Пол:
    Женски
    @Oxymoron @Avery @Emy867
    Девојки, за што се користи активниот кислород? За каква кожа и кои се придобивките? :wasntme:
     
  19. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    98.743
    Јас немам акни, викам може корисен е за младост и свежина:D.
     
    На Luminary му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.774
    Допаѓања:
    14.574
    Пол:
    Женски
    И јас немам акни, а го користам како хидролат пред да нанесам масло на лицето и после пилинг. Во првиот случај прскам обилно, па ставам масло, а во вториот прскам и чекам лицето само да се исуши. По 10 мин ставам крема. Исто така, ако ми излезе некоја бубуљичка. Супер е и за зараснување на рани, изгореници, за дезинфекција после депилација, за афти во устата... Има голема примена, ние дома многу го користиме.
     
    На angela.kostova, Sun_moon_87, Luminary и 2 други им се допаѓа ова.