Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    39.631
    Пол:
    Женски
    Ај ве молам препорачајте ми некој лосион, пена што и да е, за сува кожа.
    Досега некои што користев чистат убаво ама уште повеќе ми ја досушуваат кожата.
     
  2. Majra

    Majra Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2016
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Може да пробате од сапунот за лице на Clinique. Станува збор за течен гел, има посебна формула за секој тип на кожа, не суши а кожата останува сосем чиста. Може да отидете во Космо, таму ќе ви кажат кој препарат е за вашиот тип на кожа а воедно ќе ги погледнете и тестерите. Производот се исплати бидејќи се користи мала количина и ако го земете големото пакување ќе ви потрае доста време. Ако сте во дилема тогаш може да земете од сетчињата кои се составени од производи со мали грамажи, ги содржат основните потребни производи за нега на кожа, односно, гелот за миење, тонер и крема за лице. Во овој случај ќе имате шанса да пробате три производи од линијата која ќе ја одберете, па што ви одговара да си купите последователно. Мое мислење е дека доколку го одберете соодветниот гел за вашата кожа(производите се означени со бројки; секој тип на кожа има свој број и тоа го проверувате на интернет страната на Клиник или на лице место каде што ќе купувате. Во тој случај гледајте да најдете продавач кој има познавање од производите.) а имате крем за лице кој си го користите и немате потреба да го смените, да не трошите пари на сет производи и да си го земете сапунот без дилема.
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
  3. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    39.631
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу, ќе поминам после да видам.
    Не те разбрав само, дали даваат тестерче од лосионот за да видам каков ефект ќе ми покаже дома при чистењето на лицето ?
     
  4. Majra

    Majra Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2016
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Исто така.. можеби ова требаше прво:) ..не ве прашав дали сте пробале некоја мицеларна вода? Ако не сте, и особено ако не користите тешка шминка, водоотпорна или во големи количини, тогаш можеби е најдобро пред другите производи кои ќе ви ги препорачаат, да пробате со мицеларна вода. Јас би ви ја препорачала таа на Garnier за осетлива кожа, розева линија. Чисти убаво а секако, не ја суши кожата. Гледам препораки за некои други производители но моето лично искуство ми покажа дека разликата е најмногу во цената а не во ефектот. Може да пробате со ова па доколку сметате дека сепак имате потреба од подлабоко чистење тогаш земете го гелот за кој ви пишав или друг производ по ваш избор.
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
  5. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    39.631
    Пол:
    Женски
    Се гледа дека ги разбираш работиве :))))
    Фала тиии, уште после ќе земам нешто од овие две што ми ги препорача.
     
    На Majra му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Majra

    Majra Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2016
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Мислам дека тестерите се достапни само во продавница, за жал. Служат најмногу за да имате основна слика за производите. Затоа ви ги спомнав мини сетчињата, кои би послужиле како еден вид тестер пред да земете големо пакување од некој производ.
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
  7. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.874
    Допаѓања:
    107.785
    Пол:
    Женски
    @lovestoneddd си ја користела колекцијата од дива роза на Алверде? Доста фалена е на форумот и не се скапи воопшто можеш да пробаш плус на природна база се.
    Јас пак од Клиник освен од лосионите за лице (јас го користев бр. 3 за мрсна кожа) од производите за миење на лицето воопшто не бев задоволна а толку пари залудно дадов за пена и гелот за лице.. сепак ако можеш да дојдеш до тестерче пробај си
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.224
    Пол:
    Машки
    За чистење на лице користам Нивеа шампон за лице (со гранули). 220 денари е, го има скоро секаде (Тинекс, ДиеМ, Веро, Аптеките...). Одличен е и убаво го чисти лицето.
     
  9. scorpias

    scorpias Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    4.423
    Пол:
    Женски
    download.jpg
    Имам сува кожа и кај мене гелов доста добро си ја врши работата, не ми ја суши дополнително, а чисти многу :)
     
  10. coldbaby

    coldbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2017
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Женски
    Ве молам препорачајте ми нешто за црвени дамки после акни. Имав многу акни и ги исчистив после 1-2 месеци,но ми останаа црвени дамки.
     
  11. ray-man

    ray-man Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    390
    Пол:
    Машки
    Со самото стискање некои ситни капилари ослободуваат крв и се појавува боја, недај боже трајна поткожна лузна. Можеби на темава е разговарано за тоа но за жал, решение за тие лузни сѐ уште нема.
     
  12. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.427
    Чај од магдонос помага за црвените дамки после акни. Можеби бавно, но помага.
    И лузните се лечат на природен начин, само треба многу труд, финансии и трпение.
     
  13. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Јас имам мрсна кожа, но сепак имам позитивно искуство. Можеби вреди да се проба со друга марка, сепак има разлика и од марка до марка. Земав едно од зегин до пред некое време, ама ова од ДМ дефинитивно ми е подобро, затоа и истото го препорачав.
    Како и да е, мислам дека вреди да се проба, земајќи предвид дека е природно и евтино, а ако ништо друго, функционира како добра маска за коса па ќе може да се употреби секако :D
     
  14. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.503
    Пол:
    Женски
    Искрено јас со 100% чувствителна кожа и долг процес на лечење акни не би пробала, голем ми е ризикот да експериментирам. Сите што пателе од акни знаат како е, не се сакаш да ставиш на кожа и да пробаш.

    Тие што немаат драстични проблеми со кожа можат да пробаат, можеби како тебе и на некој друг ќе му се погоди маслото.
    А за коса не се сомневам, многу е фалено и следно ми е на листата. :)
     
    На Shugarspice, eta, koritsaki и 2 други им се допаѓа ова.
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.109
    Пол:
    Женски
    Јас со комбинирана кожа не можам да кажам дека ми помогна.
    Ретко го употребувам и за коса.
    Што се однесува до марката мислам дека нема врска, производот е ист а фирмата различна.
     
    На Majra му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sofija014

    sofija014 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2013
    Пораки:
    849
    Допаѓања:
    3.865
    Би те замолила да ми кажеш како го користиш чајот? Доколку правиш како домашен лосион ако може да споделиш како да го приготвам.
     
    На angela.kostova му/ѝ се допаѓа ова.
  17. angela.kostova

    angela.kostova Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    Јас имам комбинирана кожа и немав баш некое убаво искуство со кокосовото и го оставив, па после реков ај да правам маски за косата со тоа и добивав акни и целиот скалп ме чешаше невидено и прекинав да го користам. Сега го користам или за трепките веѓите како стимулант да растат или во некој домашен пилинг. Во главно ретко кој не има негативни реакции од тоа масло и нормално на тој што му одговара слободно нека си продолжи да го користи затоа што на крај краева се разликува организмот на секој.
     
  18. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.427
    Во половина шоља врела вода (најдобро деминерализирана) потопете две лажички чај од ројбос и оставете да кисне околу 30 мин. Процедете го и префрлете го во чисто шишенце (кое може да биде спреј или обично) и додадете му една лажичка јаболков оцет (најдобро ако имате органски) и 3 капки етерично масло (јас секогаш користам лаванда). Протресете го добро шишенцето и нанесете го тоникотна лицето со помош на памук или дискета на исчистено лице. Вака подготвениот тоник се чува во фрижидер и трае од 2 до 3 недели. Сетете се убаво да го протресете шишенцето пред секоја употреба со цел етеричните масла да се спојат со течноста.
     
    На sofija014 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.766
    Допаѓања:
    14.555
    Пол:
    Женски
    Може ли предлог за препарат за сушење што се става директно на акната? Освен масло од чајно дрво. Нешто од ДМ на пример...
    Имам две акни што никако не ми поминуваат, а кожата инаку ми е доста чиста.
     
  20. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.966
    Допаѓања:
    5.317
    Пол:
    Женски
    Скоро сите си ја вршат работата, мене на Балеа ми беше ок. Гледај да пишува spot treatmant. Помали тубички се и поконцентрирани, не се за цело лице. Мене истo ми помага Сона кремата.
     
    На Avery му/ѝ се допаѓа ова.