Го имам на Афродита, тоа од втората слика на @koritsaki и супер е, си ја врши работата. Ако имам некоја акна, ставам навечер пред спиење и утредента е 90% намалена. Ефикасно е, барем кај мене. Ретко го користам, така што одамна ми е купено и не знам колку беше цената, ама во секој случај прифатлива
@Avery има и едно на Балеа, од линијата СОС. Јас го имам, не го користам често, ама помага акните побрзо да созреат и поминат.
Да пробаш со колекцијата на Bioderma Sensibio (колекцијата со црвена боја која е за осетлива кожа и за црвенило) имаат и тоник и мицеларна вода и крема за лице. Би требало да ги има во секоја аптека.
Секој ден ставам пудри и триста глупости на лицето. Чистењево ми е следно: шминка вадам со влажни убаво бришам, па поминувам со туферче и мицеларна вода.На крај го мијам со вода и ставам крема. На три дена го правам следново: во мала Нескафе чашка ставам маслиново масло отприлика 1 прст, ставам супена лажица шеќер и или цедам лимон или ставам од купечкиот од Кам.Го мешам тоа колку да се соедини сè, на чисто лице правам пилинг со тоа секаде на лицето и на устата ставам.Потоа нанесувам од црната маска на Балеа и ја држам некои 15мин да се стврдне убаво.На крај ја мијам со топла вода и тоа е тоа. На крај или ставам Бекутан бебешката крема или од Балеа aqua кремата.
Јас немам акни, само препорачав козметика наменета за проблематична кожа и кожа склона кон црвенило. Инаку ја имам пробано кремата од споменатата колекција.
Прво стави од црната маска, па потоа пилинг. Така маската ќе биде поефективна ( текстурата на кожата е порапава, врвчињата од црнките се јасно испакнати и слично). А потоа, со пилингот ќе се извади тоа што маската не извадила
Со Здраве крем,ефтин е а многу е ефикасен,барем кај мене и секоја вечер правам пилинг,а наутро го мијам со дав сапун од краставица и потоа ставам хидратантен крем од биотен со заштита од сонце
Така на своја рака ти се исчисти, без дерматолог козметичар? Јас ја имам кремата Здраве и понекогаш пред легнување ја ставав само на акните. Инаки каков пилинг правеш, со што?
Има правено некој дерма пен дерма ролер или ласер ? Имам лузни не премногу длабоки но сепак не се мали.Сеуште не ми е исчистено лицето ама многу ме нервираат.......(знам дека има посебна тема за ова ама не се активни и овде има тродупло поактивни членови и исто толку искуства)
Препорачајте добра мицеларна или тоник што и дае за мрсна кожа , лицево хаос ми стана последниве две недели неможам се поднесам , па и брунчиња туку изникнуваат како тинејџер во пубертет се осеќам *Само да не е од Дм немам кај мене
Морам и јас да се надоврзам на муабетот. Уште пред 5-6 години го користев ова на Афродита и памтам дека дури го ставав по 2-3 пати во денот на некое мозолче. Мислам дека и на пакувањето пишуваше дека може неколку пати во денот да се користи. Другиот ден мозолчето ми беше исушено. Топло го препорачувам и тогаш цената ако не се лажам беше околу 300 и нешто денари скоро па 400.
Не сум забележала пилинзи на биотен, каде има? А крема која точно на биотен ја користиш има пивеќр да не е та со памук?