Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. arias

    arias Активен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2019
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Nekoj krem protiv akni ??!
    Ili losion
     
  2. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.507
    Допаѓања:
    92.074
    Пол:
    Женски
    На себамед тоникот. Мене многу ми помогна да ја држам кожата чиста.

    На инста имам giveaway, ако мака мачите и сакате да го пробате пријавете се. Навистина би сакала да ги подарам на луѓе кои имаат проблем со кожата.
     
    На MayDiamonds му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.280
    Допаѓања:
    1.716
    Како ти е инстаграмот? Каде може да се најде тоникот и која е цената?
     
    Последна измена: 22 април 2019
  4. maaraa96

    maaraa96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2015
    Пораки:
    701
    Допаѓања:
    389
    Пол:
    Женски
    Дали е можно од мицеларната на Оливал да имам реакција т.е да ми се појават мали, ситни бубулици во пределот на челото? Некој со слично искуство?
     
  5. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.356
    Пол:
    Женски
    После долго време, можам да ви кажам што навистина ми помогна.
    Бришење на лице со памук и мисцеларна вода, миење на лице со гел наменет за сензитивна кожа, бришење на лицето со тоалетна хартија наместо со пешкир, масло од чајно дрво од, пиење по 2л. вода на ден, тренирање 5 дена во неделата, одбегнување на стискање на загноени акни, чисти четки за шмикање и најглавно позитивната мисла околу изгледот.
    Луѓе можеби глупо звучи, но не знаете кој фактор е позитивното размислување и соочувањето со реалноста. Со години се борев против акните, сум била на различни дерматолози приватни/државни, сум ги пробала сите креми, лосиони, апчиња против акните. Ништо не ми помогна како што ми помогна соочувањето со тоа што се случува во тој момент и прифаќањето на таа ситуација. И најскапата крема да ја купите, доколу го насочите размислувањето за тоа како таа нема да ви помогне, како за вас нема помош, или колку одвратно изгледа вашето лице, верувајте навистина нема ништо да помогне. Се започнува од начинот на кој гледате на работите. Имаше периоди каде што не сакав да излагам од соба поради тоа што ќе кажат другите, кога ќе застанев пред огледало и ми се солзеа очите кога ќе се погледнев. Кое е тоа чувство можат да кажат само тие кои го почувствувале тоа.

    Наместо да барате креми/лосиони или некој друг лек, започнете од фокусирањето на позитивната мисла, и навистина нека ви влезе во паметот тоа. Запишете некој спорт, било кој каде што сите токсини од вашиот организам ќе ги исфрлите, барем 3 пати неделно. Водата игра многу важна улога! Мене повеќе ми бара организмот вода кога ќе купам, наместо кога пијам од чешма, затоа што размислувам како тоа сум купила од надвор и морам да ја испијам.
    Здравата исхрана исто така е многу важна. Внесување на овошје и повеќе зеленчук. Газирани сокови се забранети :sweat:
    Хигиената на прво ниво, никако легнување со шминка и исто така никако бришење со влажни марамици. Не постои ништо полошо од влажни марамици за вашето лице, па макар и да се наменети за отстранување шминка.
    Најголема услуга ми заврши гелот за миење лице од Up and up Acne Wash Pink Grapefruit, но нажалост го нема кај нас, па моментално го користам од Garnier Pure Active Intensive.
    Главна улога играше и маслото од чајно дрво, но исклучително тоа од Фармаси ( SOS serum), никое друго.
    И продуктот што го запознав пред некој месец и воедно се заљубив Thayers Witch Hazel - Rose Petal.

    Моментално наместо масло од чајно дрво ја користам и кремата позната веќе Здраве, која ми помага во комбинација со тоникот што го споменав, доколку ми се појави некоја од време на време. А другите ги користам секојдневно.

    Верувајте ми, колку повеќе се нервирате за состојбата на вашето лице, толку повеќе лошо си правите. Размислете која е причината за акните, проверете ги хормоните, понекогаш тоа игра голема улога и за тоа потребни се посебни третмани и испитувања. Дали сте активни? Што внесувате во организмот? Колку вода внесувате? Каков вид на шминки користите? ^_^

    Се надевам дека моето искуство ќе му помогне на некој. Најважно од било што е вашето гледање на работите и менувањето на лошите навики. Научете да се цените такви какви што сте, а не секојдневно да се навредувате самите себеси, затоа што со самото тоа што вие сами се навредувате, им дозволувате и на тие околу вас да ви зборат за вашиот изглед. Немој да мислите дека нема да најдете никој што ќе ве сака доколу имате акни. Верувајте дека уште постојат машки кои ќе го дадат срцето за вас откога ќе ве запознаат. Ретки се, но постојат. Љубовта започнува од самиот себе!:f::f:
     
    На MinnieM, tamche995, Зеленоокатаа и 11 други им се допаѓа ова.
  6. AnaMarijaKrst

    AnaMarijaKrst Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2017
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    Здраво. Ми се појави себореа на скалпот и лицето. За црвенилото на лицето ми препишаа лосион но сега околу носот и на брадата кожата ми е мн груба и се лупи, предложете ми како да го решам проблемот :(
     
  7. Majra

    Majra Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2016
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Апсолутно се согласувам.. иако јас немав добро искуство со маслото од чајно дрво, и покрај многуте обиди да го навикнам и да извадам нешто корист :) Во секој случај, и без тоа, се останато има смисла и е убава насока за сите кои се мачат со акни. Особено делот за влажните марамици.. се радувам кога ќе сретнам некој што го дели моето мислење. Деновиве толкава популарност стекнаа тие марамици а се живо зло кога се користат за секојдневна употреба.. особено во поглед на штетата што ќе забележиме после години од сега.. брчките на пример.
     
    На martiiinna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Calla

    Calla Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    523
    Допаѓања:
    1.522
    А марамици без алкохол може? До пред извесно време шминка вадев така ама од кога дерматолог ми кажа да не користам марамици престанав. Сега само маскара вадам со марамици дека е поделикатно и под очи бришам, ама чим велите брчки се појавуваат...
    Може некој совет со што да се отстранува маскарата?
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.194
    Пол:
    Женски
    Се сложувам и јас за марамиците.
    Одкако користам хартија можда 30% посредено ми е лицево.
     
    На Majra му/ѝ се допаѓа ова.
  10. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.503
    Пол:
    Женски
    Каква хартија?
     
  11. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.385
    Пол:
    Женски
    Јас вадам шминка (сè)
    Со овие
    87CFE282-D162-4955-AB11-90312E80554F.jpeg
    Ем убаво ми чистат се, ем кожата не ми е водена туку мазна и чиста.
    И се чувствувам свежо.
     
  12. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.966
    Допаѓања:
    5.317
    Пол:
    Женски
    Јас со ова ја отстранувам и не го менувам можеби две год. Вади и водоотпорна маскара и е многу нежна бидејќи е наменета специјално за чистење шминка од очи. Јас ја купувам во Зегин.
    Byphasse-DemaquillantYeuxDouceuralextraitdeBleuet-200ml.jpg
     
  13. Cvekence789

    Cvekence789 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2018
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    А и оние влажни марамици односно мицеларни наменети за одстранување шминка и тие се штетни? :o
     
  14. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.194
    Пол:
    Женски
    Бришач или тоалетна.
     
  15. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.503
    Пол:
    Женски
    Зошто пешкирот е штетен за лицето?
    Не сум слушнала за ова досега.
     
  16. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.194
    Пол:
    Женски
    Далеку од тоа дека е штетен. Меѓутоа на него се собираат многу повеќе бактерии отколку на хартија за една употреба. Башка што остатоци од сапун и шампон остануваат на пешкирот бидејки доаѓа во допир и со косата и со рацете, а сето тоа е штетно за осетливо лице како моево. Освен ако не користиш пешкир и да го переш по секое бришење лице. Мене 3 пати на ден да перам пешкир на 90 не ми се исплати.
     
    На Majra, martiiinna и IM.TMKQ им се допаѓа ова.
  17. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.280
    Допаѓања:
    1.716
    Каква мицерална вода и каков гел за лице користеш? И што е ова Acne Wash Pink Grapefruit?
     
  18. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.356
    Пол:
    Женски
    Мисцеларна вода од Garnier зелената, а не знам за каков гел ме прашуваш. Ако мислиш на гел за миење лице тогаш го имам пишано погоре од Garnier Pure Active Intensive.
    Acne Wash Pink Grapefruit е исто гел за миење лице, но го нема кај нас. Го користев додека бев во Америка :) Кога ќе кликнеш на името ти се отвара линк да видиш за што зборам :)
     
    На Amelia му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Majra

    Majra Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2016
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Ако користите водоотпорна шминка, креми за заштита од сонце и слично, доколку после бришењето со овие марамици го избришете лицето со соодветен производ за отстранување шминка или некаков тоник ќе забележите колку производ и нечистотија е останата на кожата. Исто така порите не се исчистени па оттаму нивната видливост е зголемена(она што го нарекуваме проширени пори). Влажните марамици, конкретно овие кои не се наменети за отстранување на шминка, немаат потребни состојки за да ја разградат ниту шминката ниту нечистотијата сврзана со неа во текот на денот. Овие марамици како производ се убави, верувам ја оставаат кожата мазна, но не верувам дека ја вршат работата за која ги користите. Исто така, како што спомнавме погоре, марамиците не се доволно нежни за секојдневна употреба. Бараат да се трие лицето за да се избрише. Соодветните производи пак, доволно е нежно да се нанесат на кожата и да ја растопат шминката.
    Она што е заедничко за сите видови на влажни марамици, независно за која употреба, е присуството на состојки кои не би сакале да ги имате секој ден на вашето лице, а се неопходни за марамиците да се задржат свежи во пакувањето..
    Ако можете, побарајте некоја добра замена..

    Најдете некоја двофазна мицеларна вода, или некој производ наменет токму за шминка за очи.. мислам дека може да се најде во секој маркет нешто такво.. дали е Нивеа, Лореал, некој производ од Гарние(имаат убава двофазна но веќе не ја гледам низ маркетиве) .. The ordinary имаат убав препарат за чистење лице.. ако сте расположени да порачувате. Прв производ од овој вид им е, доаѓа како крем но се растопува до масло кога го загреете со рацете и го ставите на лице. Одличен како прв чекор во чистењето лице, отстранува шминка и секоја маснотија од лицето. После тоа пожелно е да се измиете со мала количина производ за регуларно чистење на лице, немасен, може да е тоа и мицеларна вода. Клиник имаат прекрасен путер со иста функција но за жал веќе извесно време не го носат кај нас, а и цената му е поголема.. Во секој случај, посветете малку време и ќе најдете што ви е потребно. Не се плашете од маслени производи дури и да имате мрсна кожа.. особено овие кои се за чистење шминка и потоа се измиваат и не остануваат на лицето. Долготрајната шминка, па впрочем и секоја друга, заедно со маснотијата која кожата сама ја лачи за да се заштити, имаат потреба од масен препарат за да се разградат и лесно да се отстранат.
     
    Последна измена од модератор: 30 април 2019
    На Noemi му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sofija014

    sofija014 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2013
    Пораки:
    849
    Допаѓања:
    3.865
    Девојки некоја ако го користела тонеров да ми каже дали стварно вреди колку што е фален на интернет? Од каде можам да го порачам и дали некоја знае дали го има во Бугарија или Грција?
    18.jpg