Искрено немам искуство со кремава. Би ти препорачала масло од јојоба, или маслото од роза на Алверде, убаво ќе ти ја хидрира кожата, а и не верувам дека ќе ти биде тешко за лицето бидејќи ќе нанесуваш малку и на мокра кожа. Или пак за сувите делови користи нешто ептен хидратантно (има една крема за бебиња од Алверде со шеа путер и камилица), а на масните делови користи некоја друга полесна.
Мислам дека алверде производите содржат алкохол и затоа ти ја суши кожата. Пробај ја пената од балеа, има розева и сина за мрсна и сува кожа.
Истиот проблем го имам. Кога се будам лицето ми е како зејтин да имам мачкано. А кога го измијам со средство ми се суши. Без разлика со што го миеш, пробај ја кремата на Еуцерин со СПФ за мрсна кожа. Мене најмногу од се ми помогна таа крема. Ми се исчисти лицето и вратот, не светнувам воопшто од неа и кожата ти е заштитена од се. Откако ќе го измиеш лицето убаво со млака вода и средство, одма ставај си од кремата и уживај цел ден. Му дава убав природен сјај на лицето. Линк од кремата: https://int.eucerin.com/products/sun-protection/sun-gel-creme-dry-touch-spf-50plus
Пудра ставам многу ретко, а кога ставам, ја користам таа крема како подлога и е подобра од било што. Не ти треба пудра секој ден, прекрасно ќе ти изгледа лицето само со кремата.
za akni e odlicno odma gi sushi, ama treba da se vnimava da ne se stava na celo lice oti mozi da ti go isusi , zato samo na mestoto so akni
Да прашам за совет. Кога ставам пудра, мислам дека лицето ми е барем малку заштитено од прашина и нечистотии, но бидејќи не сакам постојано да ставам пудра, може ли да ми предложите некој производ (крема или било што ) што би имало сличен ефект.
Пресреќна сум бидејќи користам скоро 1 месец скинорен ( азелаична киселина) и 80% од акните ми се повлекоа. Сакам да прашам сега за флеките розеникави што ми останаа на образите што да користам ? Ставам алое вера, директно од растението го земам гелот. Нешто друго ефикасно, што би помогнало да се регенерира кожата?
Доколку идеш на дерматолог подобро консултирај се. Јас на своја рака го земав(претходно доста истражував за што станува збор) и го ставам навечер на чисто лице само скиноренот. Во упатството пишува и преку ден но јас имам обврски и не можам и денски. Киселината предизвикува фотосензитивност на кожата па не се препорачува изложување на сонце и обавезно крема со фактор 50.
Препорака за пилинг за лице за комбинирана кожа (по можност во ДМ да го има) и нешто за намалување на црвенило и флеки. Ќе одам овие денови да го земам тоа за сушење на акни, па да се ооремам со сe наеднаш. Или пена за секојдневно користење
@pamelche за пилинг од тие што ги има во ДМ , многу сум задоволна од овој на Алверде а за пена овие две ги имам користено , од сите пени што сум го користела досега најдобри ми се покажале , кожата не ми ја сушеле. А за црвенило и флеки нека пише некој друг нешто ако решиш да ги купиш пиши како ќе ти се допаднат
Ми се појавија кафени флеки на лицето, бидејќи периодов не ставав крема со фактор. Сте имале таков случај до сега, ви помогнало нешто за избелување на флеките?