Јас ги немам користено, но веднаш на тоа помислив. Вторите ги фалеа српски јутуберки, доста темелно чистеле.
Сакав да прашам и што мислите за чистење на лицето со ракија? Другарка веќе нема проблем со акни ради тоа што го чистеше со ракија. Две три капки на туфер пред да легне.
Ракијата има висок процент на алкохол и како дезинфекција е во ред, но ќе си го уништи лицето бидејќи кожата таму е потенка, а ракијата преагресивна.
Кога ќе ми излезе поткожна акна, подолг период и треба да се повлече но мене откако ќе ми се повлече црвенилото и воспалението сеуште останува како нерамна површина на истото место, со недели.. зошто така и дали и на некој друг му се случува?
Јас ја имав користено кремата, не е за овој период, поради одредени состојки не смееш да ставиш од кремата па да излезеш на сонце, јас се држев до тоа ама и не сум задоволна, не видов некој бенефит а ја користев 3 месеци, серумот од алверде против бубулици ми се покажа како поефективен
Здраво феминки Ми треба очајно ваш совет... до пред 7 месеци лицето ми беше топ, значи ми изглегуваа тук-таму бручки, евентуално пред да ми дојде и потоа ми поминуваа. Имам премногу нежна кожа и многу сум осетлива на различни козметички средства, не ми трпи кожата секаков вид на креми или пудри и многу често од таа причина ми се иритира. Од некоја феминка прочитав дека има fungal acne и сфатив дека и јас ги имам истите.. особено на челото и на муцката. Дали можете да ми препорачате некоја крема или какво и да е ефективно решение за кое знаете дека помага? Лицето ми е неспоредливо со тоа какво ми беше до пред 7 месеци и се се надевам дека ке ми поминат а само мака мачам со нив.
Пробај со активен кислород Вива Стер 350ден во ДМ го има, јас го имам обичниот а има и со Алое и Мента мислам, и флуидот со црвено капаче против бубулици од Алверде 270ден исто во ДМ, јас од флуидот видов најдобри резултати. Се надевам ќе ти помогнат
Истото беше и кај мене , правев разни испитувања и пробав секакви креми , лосиони , тоници и што се не но ништо од тоа не ми помогна можам да кажам дека само ми се влошуваа акните ... На крајот се откажав од сите тие третирања на лицето почнав да користам само Dove сапун за миење на лицето и после тоа chloraderm anti acne losion лицето значително ми се исчисти и за еден месец немав ниту една акна ... Сепак нормално е пред меструација да ми искочи по некоја но за ден два поминува ...
И јас сум од тие што цел живот се мачат со акни и ќе пишам еден совет што ми помогна доста. Имаше на јутуб и инста предизвик #60secondrule каде треба да се мие лицето една минута. Прво ми беше малце глупаво, но кога пробав сфатив дека е далеку подолго од времето што јас го трошам. Сега ги користам Неутрогена 3 во 1 навечер и Дав сапун наутро. Не одзема многу време и може да се користи било кое средство што ви одговара.
Го купив овој гел од алое за да мачкам на акните на лице и го ставив ноќеска и денес имав многу големи акни спремни за стискање не знам дали ми предизвика гелов или треба така прво да ги извади на површина? Еве го составот:
Ова е сè, само алое вера не. Не го ставај на лице. Колку време ги имаш акните? Пробај со органски сапун со глина и јаглен миј го. Ставај во умерена количина клиндамицин или хлоракол лосион. Исто во умерена количина масло од чајно дрво, може и директно, а убаво е и во комбинација со органско јојоба масло во сооднос 50ml/15 капки во корист на второто.
Многу ама многу лош состав. Пробај земи органско масло од чајно дрво, од ЕСИ и навечер ставај на акните.
Дечки препорачајте ми крема за лице за мрсна кожа? Кожата ми беше нормална и си знаев си користев нивеа софт но во последно време страшно ми се мрси кожата и воопшто немам искуство со такви креми за лице така да плис хелп ми
Дали некој има искуство со сок од целер , истражував и најдов многу позитивни искуства , почнав и јас
Да ви ја напишам мојата рутина за лицево. Ви пишав дека имам проблем со црвенило пред некој месец иако редовно користев nivea soft крема за лице. Имам комбинирана кожа, па го купив на balea тоник за лице со кој ја вадам шминката. Ми се допаѓа како го чисти лицето, ја вади шминката. Го бирате според типот на кожа, мојата е комбинирана суви образи и мрсна т-зона. Што значи образите ми бараат хидратација дополнителна. Потоа се измивам со млака вода, да ја доостранам маскарата и ја комбинирам со пена за чистење лице. Рутински го практикувам наутро и навечер. Тоникот го користам само навечер, а пената наутро и навечер. Пена за комбинирана кожа, многу ми се допаѓа не ми ги суви образите а општо и целото лице. Потоа ги нанесувам кремите на Ziaja. Имаш пишано мислење и реков дека ќе ви пишам повторно. Една членка се пожали дека и се појавиле акни и бубулици. Ја користам дневната и ноќната. Креми се мала милитража од козјо млеко. Дневната е помрсна, а ноќната е погуста. Ако редовно се користи и по ред, ќе има резултати. Јас се соочив со црвенило кое благодарение на овој распоред го немам повеќе, ми се среди лицето. Не се соочив со контра ефекти од кремите, јас ја користам и маската од козјо млеко еднаш неделно.
@buba4e89 зошто тоникот го користиш за вадење на шминката? Негова задача е да ја навлажни кожата после чистењето на лице. За чистење на лице користи мицеларна вода или ако не се шминкаш обичен гел или пена за миење лице. Замени ги местата на првиот и вториот чекор и ќе биде во ред.
Бидејќи мислев дека така треба ама сум била во заблуда. Ако добро разбрав, прво пена па тоник? Тоникот не се измива?
Мицерална, пена па тоник. Тоникот не се измива. Тој ја враќа нормалната пх вредност после миење на лицето и служи да го ичисти тоа што пената не успеала да го исчисти.