Шминка не се вади ниту со мицерална. Туку со пена за лице, па потоа гел со четка за лице. Еве совети од една јутуберка што ме навлече на рутиниве
Мене ми е незамисливо да гмацам по нашминкани лице и очи со пена или гел и не ми се допаѓа ниту пак ми прија така. И затоа очите и лицето прво ги чистам со мицеларна, па потоа мијам со гел и четка и уште еднаш поминувам со мицеларна за секој случај, па дури после тоа почнувам со тоник за лице и останатите работи. Нема строго правило според мене како се вади шминка, само да не е екстрем - триење со влажни марамчиња или тоалетна хартија и слични глупости. Се додека се користат гел/пена и мицеларна со меко тупферче е во ред и не е битно кое е прво.
Миење директ со пена ми е ок ако имаш само заштитен фактор или крема на лице. Се останато од шминка мора да се одлепи од кожата со мицеларна/маслен отстранувач. Не ми е јасно како се нанесува пена врз течна, камена, ружови, на очи со туш маската и сенки и се жалат дека не чистела добро. Некои пудри (пример Ревлон колорстеј) се водоотпорни и мора да се растворат со соодветно средство за да се избришат па после да се мие лицето со пена/гел. Нанесување на две средства за миење, гел и пена едно по друго ја пресушува кожата од сопствените масла и ќе ја направи само помрсна и попроблематична. Инаку нешто што многу малку луѓе посветуваат внимание е времето на миење со средството. Пробајте да го масирате нежно средството барем 60 секунди пред плакнење, остава простор да делуваат состојките.
Јас имам мрсна кожа и ова е мојата утринска рутина,можеби на некој ќе му помогне. 1.Јас ја вадам шминката со пена(Афродита),со еден стисок буквално се вади,масирам околу 1 ипол минута.Јас користам пудра маскара бронзер и кармин не е премногу шминка но не е ни малку.Се случува и втор пат да стиснам од пената за посигурна да сум дека немам веќе ништо.(young and pure,paraben paraffin and silicone free) 2.Потоа следи тоник,лосион во зависност кој како користи,и со ебелин тупферчињата поминувам нема точка прљаво или пудра или слично што е уште еден доказ за преубавата пена на Афродита,за која заборавив да пишам дека не печат очи од неа.(Sebamed facial toner и на Афродита од young and pure е преубав) 3.Активен кислород 4.Алверде крема(Bio limette Bio Apfel) 5.Заштитен фактор(Sun dance ultra sensitive)
Девојки, мислам дека дискусиите околу рутините за чистење на лицето може да ги продолжиме тука: https://forum.femina.mk/threads/Дневна-рутина-чистење-лице-и-шминка.5546/page-3 Сепак во оваа тема акцентот е ставен на конкретни работи кои некому му помогнале во борбата против акните, а ние баш преминавме општо за негата на лицето, вадење шминка и слично. Може да ја растеретиме оваа тема од таква дискусија, која патем ќе ја продолжиме во другата тема и ќе ја активираме повторно. Подоцна ќе го надополнам воведот зашто гледам дека е прилично стара и неактивна.
Ова е мојот резултат после 2 месеци користење на Лала ноќниот крем , а од скоро почнав и дневниот да го користам. По ефикасен е ноќниот крем за флеките одколку само дневниот да се користи.
Ја имав користено таа, но не можам никаде да најдам споредба на составот. Но ако не го најдам никаде ќе си ја земам пак Сона.
По 10години трагање по решение за мрсно лице, конечно се убедив да пробам бебешка пудра "Бекутан" и "Џонсон". Со сигурност можам да кажам дека ова ми е првото најдолготрајно магично решение за моето најмрсно лице на светот. Нанесувам со сунгерче, а со четка измазнувам насекаде. После миење, обавезно крем за мрсно лице, па бебешка пудра. Ако не друго, цели 8 саати не светнувам. Огромна разлика има од 10мин. до 8 саати. + ептен го смирува црвенилото.
Џонсон би ти препорачала да го исфрлиш од употреба, со многу лоши состојки се, во некои држави мислам и се забранети, пред некоја година тоа го читав, не верувам дека составот денес и е нешто сменет. Замени го со некои што имаат природни состојки, не сум употребувала до сега да ти дадам предлог, во ДМ најверојатно има таква замена со многу подобри состојки