@Glossy-girl , @senza.parole Зошто мислиш дека е лош составот? Јас на оваа страна проверувам продукти и состојки и според неа е ок, не е идеален ама е ок. http://www.cosdna.com/eng/cosmetic_66f5238357.html Грешка сум ја негде или?
Девојки ве молам помагајте веќе не знам што да правам. Исфрлано ми е лицето и не знам веќе што да превземам, многу сум тажна. На одмор сум моментално (во Мк) кога ќе одам во мојот град одма ќе одам кај мојот дерматолог али има ли нешто што можам да ставам, да направам до тогаш? Многу чудни ситни бубулки имам, ако ги стиснам џабе а и полошо ќе направам, али овие ни пудра не ги покрива ни ништо. А лето е па треба да излегувам, не можам ваква. Имала ли некоја искуство со ова? Ве молам за помош Ќе ставам слика од лицето во спојлер. Спојлер
Иритација од некој производ да не е? Имаше досега проблем со акни? Јас кога имам некоја акна ставам леа лосион, побрзо ги суши.
Имам цел живот проблеми со акни али ова прв пат ми се случува. Не е иритација на производ, мислам дека е од што ми лачи лицето плус во комбинација со жешково, а и малце да се чепне и се прави вака. А до пред месец ми беше гланц и наеднаш ова наредна недела сум на дерматолог па се надевам брзо ќе се среди :/
Omg gurlllll, noooo, you can do so much better Ти кажувам оти знам дека се грижиш за себе, има друго чаре! Немој бебешка пудра на лице да ставаш, настрана што има никаков состав, плус ќе ти ги затне сите пори со тек на време... и тек тогаш ќе имаш проблем. Пиши што користиш, која ти е рутината, кои производи ги користиш, кои шминки ги користиш.... ќе ти дадеме предлози што да купиш. Ако не си при многу пари, има многу добри баџет-френдли производи за мрсна кожа. Можно е и да ја пресушуваш кожата и да не ја хидрираш доволно... и затоа да ти се мрси толку многу.
Испитај хормоми. Да се осигураш дека проблемот не доаѓа од таму. Можеби е и некоја моментална реакција, штом пред една недела било целосно чисто лицето. Пиши како ќе поминеш на дерматолог.
Имам во глобала чисто лице пу пу да не се заречам. Почнаа во последно време да ми се појавуваат мозолчиња и тоа многу, и кога не треба да добијам и тоа не ми беа мозолчиња да го стиснеш и да искочи, туку тврди некако цврсти не знам како да опишам подруго. Ми кажа другарка да земам помада Здраве така се викала(ја најдов у дм за некои смешни 50-60ден) и навечер да си ја мачкам еве месец дена покрај маски што ставам 2-3 пати недело, ставам од помадата пред спиење на чисто лице, наутро мијам и само кремата од алверде дива Роза од дм, по чисто лице не сум имала. Така да пробајте не губите ништо.
Здраво девојки! Генерално имам чисто лице, нормална до мешана кожа (нормални образи и масна Т зона).Ја земав мицеларната вода на L'oreal, и неколку дена како ја користам, почна да ми искачаат мали, црвени брунчиња. Дали и треба на кожата време да ја навикне водата, или пак е до самата вода? Да прекинам или да и дадам шанса уште некоја недела? Убав ден & keep it clean!
Можеби не ти одговара некоја од состојките ако гледаш дека и понатаму ти излегуваат акни значи е од таа м.вода , јас би ти ја препорачала таа на Оливал , природна е плус , имаме доста пишувано за неа на форумов
Мене ми е убав, сакам вакви пилинзи за лице со многу ситни гранули. Имам комбинирана кожа, не ми ја суши, ниту пак ја иритира. Има преубав мирис, на кајсија.
Здраво. Дали некоја ја има корисетно кремата од тианде ( од полжав) Ме инетересира дали има позитивен ефект на линиите ( брчките) околку очите?
Ова е мојот резултат после 2 месеци користење на Лала ноќниот крем , а од скоро почнав и дневниот да го користам. По ефикасен е ноќниот крем за флеките одколку само дневниот да се користи. Мене многу ми помага за флеките, ама сеуште имам проблем што ми излегуваа нови акни и не знам веќе како да си помогнам Ако имаш само флеки овој крем сигурно ќе ти помогне
Извинете што се мешам. Не ти излеваа нови акни од Лала? Јас го земав ноќниот за флеките незнам како ќе се покаже но мене ми се исфрла лицето. Незнам дали е од кремот или од пмс