Кажете што да ставам на лицето додека чистам. Почнува тогаш лицето да ме чеша, црвенило да ми се појавува и акни иако тогаш не го допирам лицето со рацете. Мислам дека е од прашината или од средствата.
Од акни ти се? Обично по заздравувањето на акната флекичката е црвена после добива некоја потемна боја, ама нема врска тоа ги избледува доста сите флеки. Барем кај мене има ефект а и составот не и е лош. Неострата гелот беше подобар од оваа на Фризидерм ама веќе не го произведуваат изгледа. Се отепав од барање а ни во магацинот го немало, штета. Можиш да пробаш со него ако го најдиш. Може нешто да има останато во Еурофарм. Ако не Фризидерм козметика имаш во Зегин.
Здраво женски видов на you tube маска со јајце и со цимет ја пробав и навистина има ефект само што пече првите минути и толку убаво го прави лицето затегнато презадоволна сум..дури и флеките ги избледува... и акните ги нема
чисто лице само со здрав начин на исхрана и никако поинаку, и гени и пубертет имаат улога но не колку здравиот начин и хигиена
Сметам дека можеби хормоните се причинител за акните кај мене па би сакала да ги испитам но бидејќи до сеа не сум го правела тоа може ли некоја да ме упати? Знам дека се зима упат е сеа од кај матичен гинеколог треба или? И кои се цените за испитувањето ?
Можеш и од општ лекар да земеш упат. Кога испитуваш хормони се прави на третиот ден од менструален циклус така мене ми испитуваа со упат е негде околу 300 ден.позз
Со упат од општиот матичен можеш само некои хормони да ги испиташ, додека со упат од матичниот гинеколог можеш сите.
Најголем причинител за акните можам слободно да кажам дека се хормоните. После долгогодишна борба со акни по лицето и грбот(секакви видови креми препорачани од општ лекар, дерматолог, козметичарки) направив испитување на хормоните, упут ми даде гинеколог и имам покачено хормони кои придонесуваат за создавање на акни. Малку е скапичко, јас правев во приватна амбуланта ама вреди повеќе од сите пари дадено по кремови и лосиони. Сега пијам апчиња да ги нормализирам хормоните и гинекологот ми ветува дека ќе го решиме проблемот и со акните. Ве советувам сите со истата мака да направите испитување, прво заради здравствената состојба(немаш никакви знаци на влошена состојба, а проблемот е голем) а потоа и за изгледот.
Да ми препорачате нешто за мрсно лице од Loreal, Revita Lift, The body shop и Garnier... Овие ги видов овде за сега... Многу е топло и ми е мрсно лицето, ставам креми што ги земав со себе од дома ама не е тоа тоа...
Кремава од Боди шоп. Не содржи силикони, а е геласта , лесно се упива, за масно лице е одлична. За миење на лице ова
Здрво...пред година дена бев на дерматолог..имам комбинорана кожа и имав акни насекаде..ми препиша Роакутан и да го мијам со Aknefug..лицето ми се исчисти супер...но еве сега гледам пак на челото само ситни...дали е од топлово или не знам...ги стискав лом ги направив..што да ставам?