Лимонот ја прави кожата фотосензитивна, стануваш магнет за сончевите зраци, а тоа значи дека има обратно дејство од кремот за сончање. Дури и да го измиеш лицето од лимонот твојата кожа останува фотосензитивна во наредните 48 часа од нанесувањето.
Се согласувам. Јас сум ги искусила негативните ефекти на природната козметика и масла. Всушност и не сум осетила никаков бенефит од некое масло, туку ми направиле само штета. А бев занесена со поимот "природно" и упорно купував и ставав најразлични масла.
@moon1 ако можеш и имаш време пиши ми лп сакам да те прашам нешто,конкретно за козметика,јас неможам да ти пишам
Ќе можеш да споделиш како точно ја направи маската? Колку стави од состојките, колку време ја чуваше на лице? Колку пати неделно ја ставаш? Ти благодарам
Може секако значи вака едно јајце се меша со едно пакетче цимет убаво да се измеша и се става со четката на лицето само подалеку од очите и се мие после убаво од кога ќе се исуши ќе се стврдне на почетокот пече многууу и малку ќе ти биде црвено лицето,се користи една недела секој ден се става..а и толку треба да се исчисти лицето..мене многу ми помогна 80% влеките ги снема можеш да видиш на you tube пиши egg and cinnamon mask се надевам ти помогнав вреди да пробаш уште од првиот ден ќе видиш резултат па пиши позз
Ми беше заборавена оливал мицеларната пена за миење лице, сега повторно си ја зедов и откако почнав да ја користам заедно со fleurance хидратантната крема од алое вера - лицето драстично ми е променето, скоро цело чисто, само на брадата имам нешто како флеки од стискање, ама многу малце се познаваат. А, да напоменам пред добивање сум и во други околности, лицето би ми било во најлоша можна состојба. Ништо досега ми се нема погодено како мицеларнава, ете и еуцерин користев гел за миење ама не можам да кажам дека видов некој ефект, дури и дополнително ми ја влошуваше кожава. Негативно од сето ова е што ми се мрси во текот на денот кожата ама откако ќе ај поминам со мицеларна вода, повторно е нормална.
Ова е? Каква тие кожата? Долго време читам рецензии за производите, па се двоумам дали да купам. Кожата мие мрсна, цена нс производите? и по колку време од прилика ти траат со секојдневно користење како тие рутината на нанесување?
Не би препорачала да се става цимет на лице од причина што многу го вжарува, буквално го отекува. А дека јајцето затега трае многу кратко, за жал молекулите на јајцето, односно протеинот од јајцето се премногу големи да навлезат подлабоко и да делуваат длабински.
Кожата ми е нормална до комбинирана, повремено ми се мрси на Т-зоната. Кремата е 400денари во Зегин, а пената околу 300 мислам. Кремата ми трае околу 2 месеци мислам, а оливал ќе видиме
Се помислив и јас малку за циметот, знам дека делува јако, за јајцето не знам, ти благодарам на забалешката, се согласувам со тебе.
И јас се зсмислив 100 пати и не ми се веруваше викав нема шанси ова...ама кога ставаше комшивката моја и ја ставив со неа кој пат на кафе ќе идам она увек некој бучкуруши мачкаше незнам сеа колку чини да се става ама бев изненадена од резултатот
@Rama доколку сакаш масака за затегнување пробај со изматена белка од јајце (мачкаш од белката, ставаш салфетка, мачкаш пак и така повторуваш 2,3 пати). Друга алтернатива е маска од зелена глина, помешана со малку вода или било каков чај и мед. Јас со години ја користам, убаво чисти и го затегнува лицето.
Да, за затегнување сакам досега не сум ставала на лице "природна маска" освен еднаш порано кога правев некоја домашна маска со сол и сода. Баш ќе пробам, зелена глина немам моментално, ама со белката од јајце можам да пробам Фала ти А за лузни од акни што препорачуваш? Имам лузнички од акни кои ги добив во задоцнет пубертет
Дали е добар овој гел за масна кожа склона кон акни? Битно ми е многу да не ја суши кожата бидејќи многу од геловите наменети за акнеична кожа се агресивни и ја пресушуваат кожата.
Јас кремот на La Roce Posay го користев, многу ми помогна. Од природните алтернативи, медот е добар а и антибактериско дејство има. Нема веднаш да има резултати но на долг рок сигурно има позитивен ефект. А кремата доста ми помогна мене. Видливо изразити флеки имав, после лечење на акните. Само после една потрошена туба скоро сè се исчисти.
Се изнадавав на пари за гелови, кремови, лосиони, пробав и ефтини и скапи и ок цени, на крај обичен најобичен Јанг дерм ми го исчисти и светна лицето бомбона. Цела колекција помалку од 500ден ме фати, али тоа е нешто што моментално најмногу ми помага.
Јас почнав да го користам,не ја суши кожата,soap-free,и што е најбитно има иста ph како кожата на лицето,не е агресивен,и убаво чисти