Spodeli gi super proizvodite so nas, ako moze. Istiot problem go imam, so I da pravam teksturata na kozata na liceto mi e katastrofalna nisto nema efekt.
Ноќната рутина ми се состои од: маслен отстанувач на шминка + пена за миење лице ( или популарно познато како double cleansing); хемиски пилинг (тоник со гликолна киселина); хиjaлуронска киселина; крема за лице. Утринска рутина: миење со ладна вода; тоник/ ружина вода; серум витамин Ц+Е; хикалуронска киселина; крема со СПФ. Можеби правам некои грешки, ама сѐ уште учам. Во поглед на производите, уште трагам по најсоодветните. Можам да сликнам што точно користам, иако за средствата за миење и кремите за лице барам итна замена, верувам дека има подобри солуции. Во план ми е да нарачам нешто и од Ordinary.
Squalene измивачот на Ordinary е доста фаллен за маслен отсранувач како и нивната крема, во план ми се да ги земам некогаш
Каков хемиски пилинг користиш? Може слика и инфо? Ако можеш сподели ни слики и од другите производи? Дали имаш значително подобрување на текстурата? И ако да, од кои производи осеќаш најдобри резултати? Јас шминка не користам така да не ни купувам отстранувач. Понекогаш, иако е ептен ретко се шминкам, за makeup remover користам гелот за миење лице од La Roche Effaclar. Совршено ја вади целата шминка. Инаку изгледав повеќе видеа од Susan Yara. Ми се допадна како детално и со видеа објаснува за секој производ.
Да го имам видено ова но не знам ништо за состојките дали се штетни многу.... @Biodevojka помош и од тебе..
Користам органска козметика, ја нарачувам преку инстаграм, а ги прават во Штип. Презадоволна сум, еве веќе трети пат како си нарачувам пакетче <3 Не се скапи, а имаат неверојатно брз ефект. Најдете ги како Vox Natural Cosmetics на фејсбук и на инстаграм, праќаат по карго, а стасуваат за 3-4 дена.
Користам маслен отстранувач од ДМ Lvly. Тој само го најдов тука, сакам некој balm cleanser да најдам. Не ми се допаѓа како ја топи и разложува шминката во парчиња (иако носам минимална шминка составена од римел, маскара за веѓи и понекогаш тонирана крема), но многу ми се допаѓа ефектот кој го дава на кожата по миење со него и пената. Пената која ја користам е на Афродита, и ми е онака ок, прв пат ја купувам после многу години користење на пената од Балеа. Потоа следи хемиски пилинг со тоникот на Pixi glow. Го нема кај нас. Треба да го побарам предлогот од една феминка, хемиски пилинг од Organic shop достапен кај нас иако мислев да го нарачам и оној од Ordinary, многу е поевтин од Pixi. Хијалурон користам од Hada Labo ( го има во ДМ). Прв пат купувам ваков производ, можеби има подобри, ама сум задоволна од него. Крема ставам од Garnier bonatical, ама барам некоја поквалитетна иако и оваа е сосема солидна. Наутро ставам серум витамин Ц+Е, го нема во Мк. Потоа паk Hada Labo hyaluronic и на крај SPF 50 од Балеа Sun dance, од кој на почетокот бев задоволна, но потоа како лицето да ми се презасити, па во потрага сум по добра крема со заштитен фактор. На крај ставам La Roche Posay тонирана крема, која не сум сигурна дека ја има кај нас. Заборавив да кажам, крем за околу очи користам само наутро, затоа што имам подуени подочници. Го имам тој на Балеа со метално ролерче. Затоа велам, уште сум во потрага по соодветни производи, ама и од овие имам одличен ефект за само 2-3 недели. Мислам дека најголема улога одигра хемискиот пилинг и хијалуоронот. Текстурата забележително ми се израмни, лицето ми е многу мазно, тенот се изедначува полека, а црнките на носот (со кои имав голем проблем) полека почнуваат да се чистат. Масната т-зона почна да ми се нормализира. Тоа можам за сега да кажам, уште сѐ ова ми е ново. Во план ми е штом најдам слободно време добро да ги разгледам производите на Ordinary, па да нарачам по нешто од таму. Ако имаш уште некое прашање, слободно пиши ми. Едит. Сфатив дека всушност најмногу штета сум и правела на кожата преку јаки пилинзи, агресивни производи против црнки и пресушување со разни маски, масла и други чуда. А потоа ќе шлапнев некоја премасна крема/масло и ќе ги затнев порите. Затоа имав константно текстура на образите и горниот дел од челото, а масна т зона. Ако некој има предлог за замена на некој од гореспоменатите производи, би била бескрајно благодарна да сподели
Здраво хемиски, молам за совет доколку знаете некоја крема и имате искуство за против флеки и пеги без разлика дали е скапа . Ви благодарам
За чисто лице мазно, секој ден го мијам по 2 3 пати и ставам од дов сапун, и после кога ке го избришам ставам само лесна крема за лице, некогаш ставам маски, ама не трупам 100 креми на лицето
За balm cleanser имам слушано добри рецензии на Clinique и на The Body Shop што е со камилица, но не знам дали го има на клиник овде кај нас, а другиот можеш во грција или бугарија. Мислам дека можеш да најдеш и во Lush нешто слично, не сум сигурна. Подобро ти е да си земеш обична крема за лице и крема за сонце посебно. За крема за лице ја препорачувам CeraVe, има хијалаурон и е многу прост и одличен составот, мене ми помогна доста да ми се среди текстурата по образите многу поблаги се, од бугарија или грција исто можеш да го најдеш, кај нас го нема. Крема за сонце на Eucerin oil control ако ти е комбинирана или мрсна кожа, тој за сензитивна кожа е во ред но мене мнгоу алкохолен ми е некако го чувствувам пресушено лицето и ми светнува понекогаш.
@Avery Тој на TBS го нема во Мк , на Клиник и на Lush го има , тој на Lush се вика Ultrabland. Ги имам пробано сите три и сите добри ми биле - ако сакаш нешто по природно земи го тој на Lush
Фрага ако сакаш хемиски пилинг прпбај го овој кон кошта само 280 мкд а одличен е https://bellina.mk/mk/brightening-пилинг-за-лице-за-сите-видови-на-кожа-75-мл Не ми се допаѓаат две состојли полисорбатот и пропилен гликолот. Штета затоа што другото е ок.
И јас барам balm cleanser низ скопјево ама ко да нема. Знам clinique дека е добар ама скапичок е. Има некој најдено нешто слично кај нас? Која цена е тој на lush?
@~Allure~ тој на Lush е 995 денари @sofija014 во Грција 1 литар е околу 24 евра , а често и попусти ставаат. Зависи од милилитражата , има и помала количина.