А, да го пробаш она што јас го напишав горе, акне аут актив, бугарски е. Обичен тоник за чистење лице.
Ако имате многу мрсна, груба и дебела кожа пробајте со кисела зелка. Се ставаат листови на лицето, има многу це витамин, а киселината ја дезинфицира кожата. Ова ми го кажа една жена - професионалец што работи повеќе од 20 години во козметологија, кога била млада само тоа и’ помогнало за исклучително мрсната и акнеста кожа. И дермоабразија помага во такви случаи Дорина, и не требало да се откажуваш целосно од козметичарите затоа што ти е потребен третман на секои две недели (барем) за да ја чистиш кожата и да ти ја извади мрснотијата и гнојот, сама тоа не можеш да го постигнеш, па каква сакаш крема и линија употребувај.
zhap4e Секоја можна Бугарска крема, лосион, сапун и уште што не ги имам пробано дури одев и кај еден дедо во банско кој што ми даде еден катран, тоа е се одамна поминато. LivingGlam И тоа сум го пробала, освен што целата мирисав на кисел купус, заедно со постелнината и пиџамџињата друго ништо не постигнав, дури ставав и мед чуван во тиква 3 недели Сепак ви благодарам што обративте внимание.
dorina ако ништо повише бар ме изнасмеја со това за спермата,не ти се смејам толку на тебе колку на мене што си се смејам, добро што не сум го прочитала и ја това иначе неми бегало и мене таква терапија сигурно. Ај повратисе на темава наназад прочитај има доста постови ке налеташ и на постови за кремата што ја спрема чичко Саше ( можеби више и си била и кај него ) .......... ама за секој случај препрочитај,знам дека ти је смачено и знам како се осечаш, и јас имав пробано све ама таму си го најдов лекот со искрено срце се надевам дека и ти ке си го пронајдеш лекот.
pparaskeva АХ кога ке се присетам и јас се смеам, но би сакала ли да ми дадеш број или адреса од чичкото? или некоја друга членка ако може да го стори истото. Ајде и тоа да го пробам.
Анушка сега ме збунуваш викаш здраве не би ја менувала со ништо а ваму прашуваш за друга колекција ? Или се испостави дека је ......................... абе бугарско си је бугарско и неможе ништо асално да има
Незнам дали некој има спомнато, ама пилинг со кафе ненормално помага.... Редовно си го употребувам и луѓе ме прашуваат што пудра користам кога немам пудра...
Здраве ја користам само навечер за спиење ... и да не би ја заменувала за ништо но сепак се мислам да ја земам колекцијата од авон ...
Гледав на ТВ една жена кажување лекови од билки кои се прават и мегудругото спомна и за чисто лице. Се вари литро чај од цела китка магдонос, откако ке се олади се цеди и во газа се става магдоносот да се истиска сокот од него. Се ставаат 5 лажици оцет јаболков и со тоа се мие лицето 2-3 пати во денот. Многу помагало. Јас немам пробано сеуште.
Ај ве МОЛАМ да ми го дадете бројот од човеков или да ми кажете било како да го најдам. ве молам итномие голема мака си имам
Земи aspiein и со капка вода растопи го и истото стави го на местото каде имаш мозолчиња, чекај 15 минути и исплакни го лицето,прави го ова три дена по ред и ке го видиш ефектот,јас имам пробано и ден денес го правам тоа.
Му помага ли на некој ставањето паста за заби на акните?! Цела недела спиев со паста и можеби само јас си верувам дека има резултати.
На кожата најпрво ќе кажам дека многу влијаат надворешните фактори. Нездрава исхрана,стресен живот,пушењето,недоволен сон... Обидете се да ги елиминирате ако сакате бебешка кожа. Второ...Нега и грижа за вашата кожа. Според типот ќе си одредете производи за чистење и одржување на природната влажност и убавина. Пилинзи,ноќни и дневни кремови за лице,маски за потхранување,млека и тоници за чистење шминка. Јас се препуштив на Clinique брендот и сум повеќе од задоволна. Друг сет кој ми е меѓу омилените е The Body Shop Vitamin E (пилинг за лице,дневна крема,млеко за влажност,крем за околу очи и маска). Трето..Битно е во која доба од животот сте и во каков период исто колку што се битни вашите гени. Ако сте пубертетлии очекувајте проблеми со вашата кожа исто и ако сте бремена или во предменструален период.Гените се многу битни,и ако вашите блиски имаат некакви проблеми со кожата многу веројатно е дека истите ќе ги имате и вие.Редовната посета на дерматолог ќе ви помогне околу тоа.
не е убаво пошто пастата за заби ја суши кожата. јас немам акни но ако ми искочи некоја ставам аспирин и црвенилото се намалува
PParaskeva ја земав вчера кремата на овој Саше 1500 денари и не,не сум била кај него чудно бидејки кај се не отидов. Сакав да прашам дали може повеќе да си ставам и дали ке има ефект доколку нанесувам повеќе од кремата или ефектот е исти без разлика колку и да ставам ? Ако има резултати ке бидат најдобро потрошените 1500 денари досега и од мене имаш дебело частење.