Сте го виделе ли гелов за миење кај нас?Од ДМ во Германија го земав, овде кај нас во ДМ го нема, а баш убаво ми чистеше се и не беше скап.
Од се што пробав буквално од се некако acne out , најмногу ми го смири лицето до сега , е сега проблем ми е што мн ми го суши ,од мрсно лице сега ми е суво .Ве молам за совет за добра хидрантна крема која е за проблематична кожа
Дали ја имаш пробано Афродита дневната крема од невен? И јас имам таков тип на кожа и чести проблеми со кремите, ама оваа мие предобра. Цената околу 180ден, за составот неможам да кажам.
Сапунот дове многу помага за нечисто личе мене ми бесе целото со брунки и флеки ми го исчисти намачкајте од сапунот на мокро лице и почекајте да се исуше после тоа истријтего убаво тоа гадното се пага многу помага мене ми го исчисти.
Во неколку наврати прочитав дека користиш пантексол или пантенол крема за лице. (Мислам дека само фирмата е различна а по состав биле исти) Какви се по состав? Имаат ли штетни состојки?
Неколку страни наназад прочитав дека влажни марамчиња за вадење шминка не биле добра опција.. Може некој да ми подобјасни зашто. Не зборам за happy марамчиња, него убави посебни за шминка поскапи. Со што е најубаво да се вади шминката? Исто и за употреба на мицерална вода прочитав дека билa преценета ... И сега што да ставаме на лице ?
Имам слушнато за double cleansing односно прво користење на масло за одстранување на вишокот себум и шминка, а потоа употреба на мицеларна вода која одстранува пот и други нечистотии, за кожата да биде во целост чиста. Наместо мицеларна вода може да се користи и гел, во зависност од типот на кожа секако. Доволно е само навечер да се применува вакво темелно чистење по што секако следи хидратантна крема. Се држам до оваа рутина од скоро и сум многу задоволна. Во секој случај не би користела влажни марамчиња бидејќи мислам дека само замачкуваат и не ја отстрануваат шминката и нечистотиите во целост, што не е случај со маслата или добар гел и мицерална вода
Не е дека не е добра опција,зависи од тоа каков тип на кожа имаш.Ако имаш чувствителна кожа со самото тоашто трљаш со марамицата ја иритираш и вцрвенуваш.Па и општо за секој тип на кожа.Но,ако нежно поминуваш со марамицата по лицето и го одбегнуваш делот околу очите и ако тоа ти функционира тебе,океј е.Сепак кај сите ни е различно.Побарај на yt Susan Yara или Mixed Makeup,многу убаво Сузан објаснува за марамиците
Спрејот е добар за смирување црвенило, но доколку сакаш да го користиш за смирување акни мислам дека нема да ти помогне многу. Јас го користев за ублажување на егзема и разни иритации.
Во последно време многу почна да ми се мрси лицето, а користам маска од козјо млеко од ДМ, домашна маска од банана и мед и маска од зелена глина. Нешто да ми препорачате, производ, да сменам нешто во исхраната? Не ставам пудра и немам потреба. Значи чисто лице го оставам и го мијам со течен сапун од Нивеа.
Нешто ефикасно за флеки од мозолчиња? Кај мене не проаѓа мозолче без флека од секое ми останува Највеќе сте пишувале за Лала кремот го користев и дневниот и ноќниот и ми се исфрла лицето, а имало и жива во него, така да ми треба нешто друго што сте пробале и делувало кај вас