Јас го користам со невен и бадемово масло и исто така сум презадоволна, моментално го користам на CeraVe Hydrating Cleanser, добар е и тој дека го чувствувам и хидратирано лицето. Кај Софи сапунот понекогаш знаеше да ме подисуши но си е супер и си го користам кога можам.
Ете и јас престанав да користам сапун, навистина сватив дека ми го пресушувал лицето(освен овој од маслиново масло). Сега почнав контра да одам, користам гел за миење за суво лице и обавезно крема и масло. Понекогаш ние мислејки дека имаме мрсна кожа излегува дека самите сме ја направиле таква , со користење на производи за мрсна кожа што ја дехидрираат. Сега кога користам производи за нега на сува и комбинорана кожа, лицето не ми се масти, напротив, добива некој природен сјај и еластичност, со што маснотијата се контролира, не е како порано. Без Еуцерин спф оил контрол, не излегувам од дома. Сега планирам за земам производи од CeraVe, се комплет. Такви во МК нема. Се нарачуваат од нет. А оригиналните се на FOREO Sweden. Ги има во Sephora.
Немам многу време да читам наназад, само сакам да ви дадам еден совет, од искуство секако: Чистото лице е резултат на балансирана состојба однатре во организмот. Тоа што се покажува на лицето т. е. на кожата е само огледало на она што се случува внатре. Воспалението, стресот, недостатокот или прекумерното внесување на некои материи, тоа е тоа што ја прави кожата нечиста (најчесто). Ова сум го забележала кај мене. Сега дури и не користам скоро никаква козметика/шминка, само она најосновното (за чистење на лицето и миење, наутро и навечер), а немам ни потреба од нешто друго.
Дечки здраво,дали знаете кој третман за лице помага кај кожа склона кон акни? Мислам на оние хемиски пилинг,PRP,микродермоабразија.Освен чистењето на лице со електробран.И дали би имало резултати во смисла на намалување на акни или е се тоа за освежување на кожата?
За масна кожа одличен е зелениот серум Skintune blur. Јас го порачав малото шишенце и сум презадоволна. Доколку имаш комбинирана кожа можеш да го нанесуваш на т-зоната или да го мешаш со некоја помасна пудра.
Извинете ако прашањево не е за тука, но дали знаете каде може да купам Глина Сина Ума? Ми помагаше за некои бубулички кога ќе ми излезеа, и периодов ептен се исфрлив (стрес + пмс), па не знам каде да ја најдам.. Фала.
Линк: https://www.google.com/amp/s/www.gl...take-advice-from-people-with-perfect-skin/amp Вистинскиот одговор на прашањето "како до чисто лице?" Ниеден крем, серум или масло неможе да ги победи добрите гени. Точно така. Имам пријателка со лице како на бебе, порцеланска кукла. Мазно, мазноо, стегнато, без брчка и без бубулица, без дупкичка. Кристално чисто. А, таа никогаш не го миела ниту пак го мие лицето со гелови и пени. Ма она не ни знае за тие луксузи. Не одржува редовна хигиена на лицето. Го мие лицето со сапун од 10денари. Ни крема не става. А јас? Веќе со гоодини јас користам 10 разни гелови за миење на лицето, незнам колку разновидни скапи креми, серуми, масла, третмани, масажи, дермоабразии, пилинзи....итн итн. И.. лицето сеуште ми е никакво, опаднато, со ситни брчки, дупки, флеки, проширени пори, нерамна текстура, ситни бубулици, виснато ми е некако хахах. Користам пудри од врвни брендови, и не ми го прават лицето мазно. Џабе скапите производи и третмани, кога гените мои не играат никаква улога. Никаква добра улога. НЕ велам дека добрата нега на кожата не е важна. Сепак има производи кои ни помагаат за дел од проблемите со кожата. Ама додека да го најдеме производот приближно добар и погоден за нашите гени ќе поминат години и години. Ако успееме. Дури ни тогаш нема да ја трансформираме нашата кожа во порцеланско чиста и блескава. Како што вели дерматологот: ПОДОБРО Е ДА ИМАШ ДОБРИ ГЕНИ, ОТКОЛКУ ДОБАР ДЕРМАТОЛОГ.
Девојки, вчера бев на дерматолог, меѓу другото ми препорача и Сона.. имам мрсна кожа, но еве 2 пати ставив до сега и кожата уште помрсна ми е отколку претходно... дали е тоа нормално, бидејќи колку што ми кажа дерматологот треба да ми го суши лицето? Благодарам
Зошто скиноренот го нема нигде? Дефицитарен бил. Дали знае некој дали можеби го има во некоја аптека?