Доктор во Македонија што препишува Роакутан, без да ме цеди да одам на сто терапии претходно и да купувам пд јузлес глупостите на Биодерма? Има таков?
Доволно е Еуцерин беше спасот. Уште пилинг и серум од истата колекција да земам и мислам ќе биде под контрола.
Нема, и нема да најдеш. Роакутан не се бомбони. Стрикно се даваат за дијагноза, со други зборови "последна шанса". Во зависност од типот на кожата (и претходни хормонални и сл.испитувања) ќе најдеш соодветно решение.
Па не го препишуваат не затоа што е толку опасен, туку затоа што нема да можат нивните скапи третмани да ги продаваат, пошто роакутан стварно има ефект. Слушнав преку познаници за некоја докторка од Солун го одобрувала. Решена сум до таму да одам ако не најдам во Мк.
Нема ефект кај секој, игра на среќа ти е и со него. И не го препишуваат не затоа што нема да можат да шиткаат Еуцерин или Биодерма, туку затоа што навистина постојат секакви пациенти кои не го сфаќаат сериозно апчево и на кои целта им е само да дојдат до него и мислат дека им се решиле сите проблеми. Со Роакутан нема заебанција, мора редовно да се следи состојбата на крвната слика инаку отиде возот ако нешто се помести. Не е баш дека "ич не е опасен", прочитајте ги само нуспојавите, ги има машала неколку страници. Не за џабе е повлечен од употреба во некои земји.
И аналгин е баниран во неколку земји ако тргнеме од таму. Верувам дека роакутан е опасен. Контраиндикации има секое апче, од контрацепција до антидепресив. Затоа побарав препорака за доктор, не за каде можам на своја рака без рецепт да го купам лекот. Ако нема ефект да сме живи.
Аналгин и Роакутан споредбава...да не си кажуваме вакви вицови сега. Не се замарај да одиш до Солун, види тука по приватниве клиники како Ремедика, Систина низ одделите на дерматологија какви лекари има и дали некој воопшто ќе се нафати да ти даде таква терапија. Имај предвид дека секако прво ќе треба да минеш низ испитувања на хормони, гинеколошки преглед можеби итн. Ама ти биди отворена и потенцирај дека Биодерма и други звучни брендови немале ефект. Дали ќе се нафати некој не знам, ама ете пробај, не губиш ништо ако прашаш. Не е заебанција оваа терапија пак ќе кажам, се избегнува и не се форсира со причина.
Ќе пробам. Инаку хормони сум испитувала, се е во ред, ама ако ме упатат пак би направила, не е тоа проблем, ако е со цел да се идентификува причинителот. Проблем е некоја крема ко ќе ми препишат и по месеци користење-ништо. Тоа ми е разочарувачко. Фала за препораките.
А да ја исчиташ темата за The Ordinary штом не станува за некаков дисбаланс во хормоните? Ај види расчитај се, иде блек фрајдеј и насекаде ќе има попусти по онлајн продавнивите. И има многу успешни приказни со помош на нивните продукти. Ти треба само решителност да си вметнеш и практикуваш редовно рутина, верувам дека ќе има напредок и без таблетиве. Не се ни скапи, а ефектот кога се користат подолго не се споредува со овие скапиве брендови со кои соработуваат повеќето од лекарите. Пак ти си знаеш, ама размисли и за оваа опција.
Сега ја разгледувам темата. Може ли да ми кажеш како ги порачуваш, преку нивната веб страна? Пошто како што гледам ги нема во Мк?
Исчитај и на нет особено за млечната киселина, има и блогови со фотографии од пред и потоа, чисто да споредиш резултати. Јас нарачувам од lookfantastic или beautybay. На првиов сајт шипингот е бесплатен. За сите други прашања слободно тагирај таму, ќе најдеме некое чаре сигурно.
Не сум имала досега проблем со акни.За чудо ни во пубертетот немав,чисто лице имам.Го мијам лицево со млеко од Балеа,исто и мицеларна за хидратација,и крема од докторс,задоволна сум многу.Ама воопшто не се шминкам,пудра ставам само за свечени настани можда 2 пати годишно.Немојте да ги покривате акните со пудра,само полошо е,а и не дека нема да се познаваат,баш напротив.Е сега многу сува кожа имам значи буквално на зима ако не ставам крема ми се собира фацава Знаете некоја крема за подолготрајна хидратација? Сè имам испробано значи ..
Среќо арно ти викаат, немој роакутан. Нема споредба со аналгин, ова е жив отров. Страшни последици имаат луѓево, последно читав за девојка што константно има проблем со суви очи до тој степен што мора да оди на некои си не знам какви терапии за навлажнување на очите. Доживотен проблем добила за глупост. И ја не сум фан на Еуцерин и на Биодерма, мислам дека пресушуваат. И на овдешните дерматолози не сум, не може една крема или 5 третмана да решат долгогодишен проблем. Ако имаш проблем со лицето, не може само со една крема да се реши. Ќе мораш сама да расчиташ убаво, да направиш целосна рутина што ти одговара лично тебе, со правилни продукти, да хидрираш правилно (ти гарантирам дека една крема не хидрира доволно и треба тоник и серум) и да ставаш СПФ. Арно ти вика Мишела, дој кај Ординери да се журкаме. Или оди читај на фб у групата, или прати им слики, ќе ти направат режимче според проблемот. Еве и корејска, јапонска козметика види, Знам дека ќе треба да вложиш труд да го решиш проблемот, има многу за читање, учење, ама верувај дека има начин што не вклучува роакутан.
Мене сакаше да ми препише роакутан една докторка од РеМедика,после отидов кај еден од најдобрите дерматолози во земјава и ми рече НИКАКО такво нешто,ми даде антибиотик и локална терапија сега лицето ми е стакло за разлика од тогаш но нели нормално е по некоја бубулица да искача живи луѓе сме. Така да роакутан не,има многу опции.
Мене ми го препишаа роакутанот во РеМедика, со детални испитувања пред тоа. Месец и пол го пијам, освен сува уста немам други несакани ефекти.
Ич да не имаш, само тоа ќе ти посакам. Месец ипол не е ништо во споредба со неколку циклуси дружба со апов. Тоа и те како лошо се одразува на органите внатре. И не е само до него, кај некои пак се враќа состојбата по прекинот на терапијата. Ете ме, таа сум. Ни Еуцерин, ни антибиотик, ни апов, ништо не ми помогна и ништо немаше трајно решение, а да ми е овој ум сега не би ни прифатила терапија со Роакутан, не па да терам месеци и месеци со него. И за лице и за тело, додека не се најде соодветна козметика која ќе ти прија, многу е тешко затоа што со adult acne нема зафрканција и навистина е макотрпен процес да се оттарасиш од состојбава. Исхрана, воздух, стрес, за тоа нема потреба ни да се зборува веќе колку само влијае на општата состојба на кожата. Ординери и корејска козметика мене ми се покажаа како најефикасни. Гликолната киселина ми го светна грбот. Од другово, ама ич аир не видов, само си накалемив здравствени проблеми од никаде. Некои пациенти навистина не се свесни во што се впуштаат, а на некои од лекарите пак сеедно им е што ќе дадат. Јас сум убедена дека ако сè е во ред внатре во организмот, секој тип на акна може да се среди со добар режим од аспект на козметиката што ја користиме. За секој друг дисбаланс си постојат и хормонални терапии и други типови на таблети. Роакутанчето е далеку од тоа, ама кога веќе дошло до него, барем да имате до вас лекар кој ќе се позамара малку, тоа во најмала рака барем.
Kako nekoj sto dolgi godini se bori so akni i ima nekakvo znaenje za lekovi i medicinski preparati,ne sum se osudila da zemam Roakutan. Presmesna mi e sporedbava sto ja pravite megju roakutan i analgin ama dobro,ne razmisluvame site isto. Malo knigice moze da se ispise od nus pojavi od razlicni iskustva kaj nekogo deluva i bez posledici ama ima lugje sto nemale takva srekja Zal mi e samo sto nekoj se ima trueno so meseci so roakutan i na kraj pak mu se vratilo liceto vo prvobina sostojba,problematicna
Помош! Периодов лицето ми е хаос и не можам никако да се справам. Имам акни, а кожата ми е сува. Ја користев Гарние џели со хијалурон и се исфрлив уште повеќе. Ми се појавуваат поткожни и не знам како да се справам, а притоа да не го изиритирам лицето бидејќи производиве кои ги имам за акни се доста јаки. Инаку доста внимавам на исхраната.
Пиши што точно користиш за лице во моментов. Хидрираш ли убаво со тоник без алкохол? Гарние ако не се лажам има алкохол во составот, па елиминитај ја прво неа ако приметиш нешѕо невообичаено оти и акни и алкохол не се баш најдобри пријатели.