Комбинирана кожа имаше ти, слична како мојата, така? Неутрогена се добри, само ми останало во сеќавање дека доста сушат. А да ја видиш розовата колекција на Балеа? Тој тоникот за лице е без алкохол и е многу хидратантен. Исто и пената е преубава, нежна а фино вади остатоци од шминка и не ја суши кожата. Кремите од Зиаја се убави, добро хидрираат ама мислам дека тоников можно е да ти зезнува работа, знаат да бидат малку агресивни овие препарати што се со pure effect. Не знам дали ќе ти се допаднат овие на Балеа, ама ете ѕирни ги. Јас се мијам со пената, ставам неколку слоеви од тоникот, па продолжувам со серум, крема, спф. За дополнителна хидратација можеш да земеш хијалуронски серум, Dr.Viton не е лош ако не ти се нарачува од нет. Исто и серумите Revuele со пипета се солидни и не се воопшто скапи, само треба да проверам дали имаат хијалуронски. Имаше три типови. Можеш да си ставаш само на дехидрираните делови, таму кај што осеќаш дека е суво. За акните може си имаш некоја терапија, не навлегувам во тоа, но разгледај што нуди The Ordinary. Мислам дека ќе си најдеш фини работи за хидратација и за подобрување на текстурата на кожата.
Овој период од годината лицето ми е лом, имам многу акни, црвенило цело време, имам себороичен дерматит, па купив креми келуал дс и себиум хидра, се надевам дека ќе ми помогнат. Ги има користено некој? Акни имам само на едниот образ и веќе долго време ми стојат и на другиот имам ама не толку. Сакам со храна да пробам која храна да ја избегнувам? Да пробам дали е до тоа.
За кремиве не знам а за храна имам читано дека е добро да се избегнува внесување на млечни производи како и бел шеќер. Помалку кафе, повеќе чаеви и многу многу вода Можно е исто и глутен да прави проблеми со кожа доколку имаш интолеранција на него
Девојки, пред 3-4 дена ми се појавија вакви ситни брункички. Го мијам лицето со пена на балеа, ставам хидратантна крема со хијалурон од еуцерин а шминката ја чистам со гарние мицеларна. Пред да ми се појават патував малце и не се придржував до рутината. Дали има некој идеја што да пробам, ми е страв да не ги воспалам уште повеќе.
Комбинирано лице со што го миете? Користев секакви сапунчиња за лице од докторс до дав ама ми ја сушат премногу кожата. Пробај еден период без сапун ама го чувствувам лицето мрсно и нечисто. Обавезно наутро после миење ставам хидратантна крема од арган, ама некој гел или млеко за миење нема да е на одмет. Едит: за double cleansing некоја комбинација која се покажала како добра? Навечер само мицеларна и важни не ми вршат работа.
Со сапунчиња и јас се зафркнав. Ја пресушуваат кожата, а тоа ја прави после уште помрсна. Ќе ти помогне само хидратантен гел или пена за миење лице. Пробај Nivea било кое средство за миење лице од розовата колекција. Ефикасни се ептен. Овие ги користам моментално. Добри се за вадење шминка и општо миење секојдневн. Јас вака го спасив лицето од пресушување и мрсење.
Прорачајте ми ја најдобрата козметика што сте ја користеле за мрсно лице склоно на црнки и акни, а да можам физички да ја купам во Скопје (гел за чистење / лосион / тоник и хидратантна крема) Цената е небитна.
Здраво девојки! Последниве две години имам проблем со акни и затворени пори, пробав различни производи но ништо не ми помогна нешто посебно. Од летото почнав да пијам повеке вода оти мн слабо пиев и видов големо подобрување. Па сакав да ве прашам дали можеби кожата ми е дехидрирана и од тоа ми се проблемите па треба подобро да ја хидрирам, инаку имам комбинирана кожа масна т зона и нормални останати делови. За чистење ја користам сината пена на балеа, која иако е за комбинирана кожа ми го суши носот и ставам од кремата на la roche posay effaclar duo, но не сум задоволна како да не ми одговараат. Може да ми препорачате и некој производи кои би ми одговарале. Ви благодарам
Za double cleansing Jojoba maslo (ja topis sminkata) a potoa pena ili gel Od peni imam koristeno na Afrodita Balea Olival
Женски дали некоја од вас која користи Avénе,во скоро време ги има сретнато по аптекиве производите? Се утепав барање на Cleanance гелот за миење,ама го нема...
Дали некоја скоро го купила производов? Бев во Зегин и ми кажаа дека не ги носат веќе, а во една Еурофарм го немаа. Ми ги препорача др. Анчевски заедно со Acnefug.
@Elence93 ако бараш нешто во Зегин или Еурофарм а немаат во таа аптека. Замоли ги да видат во компјутерот во која аптека нивна го има. Јас така често сум правела.
Овој крем пред месец ипол го барав за внука ми. Во Еурофарм ми рекоа дека не го увезуваат повеке, иако се тие застапници за производите на Др.Волфс. Јас и во Грција го барав и таму не го најдов.