Девојки кажете некој препарат за чувствителна кожа и за нега и отстранување шминка...нон стоп имам како црвенило и ме чеша...
Бев кај доктор Коста и ми ги препорача cerin revolution capsuli за мрсна кожа. Брзајќи заборавив да го прашам кое им е дејствието па ако некој тука е подобро запознаен слободно нека пише, инаку ми спомна дека во Србија се поефтини. Колку е цената тука, а колку во Србија?
Јас сум многу задоволна од Зиаја сензитив ноќната, ја користам и преку ден бидејќи е лесна. Имаат и дневна крема од истата линија, ќе ја пробам и таа. А за отстранување шминка би ти го препорачала розевиот крем на Балеа.
Абе таман ќе ми се исчисти и мора некоја сред фаца да ми искочи живци корнам.. Од тоа пазење на храна стап се направив не можам така цел живот и почнав пак се да си јадам ми е гајле И да ги соберев сите пари со сега што ги фрлив на препарати низ градов Бентли ќе возев
И јас го барам спрејот зелената амбалажа. Не сум видела у мк никаде. А и тешко, врвен бренд е и скап. Но сепак не е познат кај нас. Најблиску во Сефора го има, Грчка.
@Shugarspice Caudalie има во Грчка , по аптеките (нема во Сефора) често имаат попусти , а можат да се најдат и сетчиња за проба (по 15мл секој производ) Другарка моја го користи сетов и е многу задоволна
Мене ми пишаа дека во Сефора го имало спрејчето. Ме излажале . Која цена е сетот и што поточно вклучува, каква кожа има таа, ако можеш да ја прашаш другарката?
@IamSexyAndIKnowIt Има чувствителна , нормална кожа (а и сетов мислам дека е баш за таков тип кожа), сигурно има за секој тип, сетчињава ги гледам често по аптекиве. Сега влегов баш на една онлајн аптека , сетов вклучува мицерална вода , крема за очи , маска за лице , серум за лице и крема за лице како што гледам тука чини 16.8 https://www.pharmacy-care.gr/για-τη...m-5ml-vinosource-moisturizing-sorbet-15ml.htm Јас лично од нив немам ништо пробано
Дали некој пиел Себактазе капсули? Ми излегоа на фб ама не можам онлине да најдам убава листа на тоа во колкав процент што содржат. Вака како реклама звучат супер, ако вистина го регулираат лачењето на себум. 950 ден се за 30 табл.ама пак не ми се ризикува без да слушнам мислења.
Јас пиев еден месец и немав нилакво подобрување. После ми рекоа дека требало минимум 3 месеци да се пијат за да има подобрување. Тоа ми беше многу и ги баталив. А и мислам дека откако ќе престанеш да ги пиеш ќе се врати се како претходно.
Кога ги пиев веќе два месеци почнав абнормално да крварам (не бев во период на мензис) Женски дали сте слушнале за тоа дека крема од полжав помага за флеки од акни? Сакам од тианде да купам
Имам користено краток период баш таа од тианде од полжав и немав некоја разлика на лицето. Кремата си е ок, лесна ама немаше кај мене никакво дејство врз акните