За жал не. Комшивка ми е. Повозрасна е и се што прави е лично за неа или за блиски луѓе или ептен некој ако побара. Јас не ни и побарав, ми го виде лицето и сама ми направи крема и сапун. Прави се од козметика, парфеми, масла, креми .. не купува ништо од козметика си прави за себе природно.
Скоро две недели почнав да го користам ова плус тоникот и гел за лице од оваа линија , за сега мн добро ми одговара и лицето ми освежува , дали некој знае подетално за овие да ми каже за нив нешто сосем случајно ги земав од аптека , имам спомнато уназад дека имам мрсна кожа и склона ми е кон акни и црнки , акни доколку не пазам добро на исхрана ( кога јадам ко луда мрснотии и нездрава храна) одма приметувам еве ги , и плус пред циклус мн мн ми се фрла .. Може и да ми препорачате цела линија за нега на лице да почнам со нешто подобро , до сега само експериментирав со повеќе производи
Jas koristev edna ruska krema i sum prezadovolna mnogu mi pomogna sepak preskapa mi e i ne zemav pak 2400 denari so dostava no ako nekoj e vo moznost vi ja preporacuvam
@Doozy мислам дека @Fallen.Angel е бремена. Suzan Yara кажуваше кои киселини не се користат за време на бременост, ама не запазив ич. Да не знаеш ти? Иако се реши она за сапун и крема од комшиката, сепак да си има во предвид
Си пишавме после, да. Никако киселини сега. Не само тоа, него и многу млада е за хијалурон. Само добро чистење, хидратација со тоник и СПФ. Мислам Ниацинамидот ќе ја препороди, ама ај нека си се породи па после.
Јас користам ваква ракавица за отстранување на шминка. Дури и водоотпорната маскара ми излегува само со вода. Потоа го мијам лицето со пената на Афродита. Ставам серум исто на Афродита, па ноќна крема од роза. Наутро го мијам лицето со пена, ставам серум, дневна крема од роза па пудрата на Ordinary. Ако е сончево користам крем пудра со СПФ 50 од Зегин. Повремено користам хијалуронска киселина и Ц витамин, само не знам како да ги комбинирам со серумот. Кожата воглавно ми е Ок, предциклусните мозолки ги третирам со масло од чајно дрво. Некоја препорака за подобрување на негата на моето лице?
Здраво девојки, Ве молам за помош. Имав совршено чисто лице тук - там една акна пред циклус ништо страшно си помионуваше без третман. Последниве два месеци челото ми е катастрофа. Имам ситни брунчиња, но не се како акни, не се со гној туку баш нафрлено, брунчиња. Кожата на челото ми е мрсна а на останатиот дел нормална. Што да користам за чистење шминка? Некој крем, тоник или млеко за после миењето да препорачате?
Се ми е јасно, ја пресушив порано кожата, затоа пробав и со хидратантни кремови, и крем гелови за миење за сува кожа што воопшто не ми го сушат и затегнуват лицето. 2 месеци така правам и пак исто, ми избива мрснотија за пола саат. Кремови многу пробав, и хидратантни и мат. И скапи и ефтини. Останува да пробам серуми, Ниацинамид, и да почнам да користам од производите(киселините) на The Ordinary. Мора да се најде чаре. Оваа терапија скоро сите дерматолози истата ја препишуваат. Се, буквално се од оваа имам пробано. 2 различни докторки ми ја препишаа истата терапија. Од ништо немав ефект после 8месеци користење. Клише терапија. Акнефугот безвеза. Од соната лицето ме печеше. Еуцеринот ми го пресуши лицето. Леа гелот исто ме пецкаше а не даде резултати. Само си добиваат процент они од тие производи затоа истите ги препишуваат на секој. Ефаклар Дуо не, ама друго се од ефаклар имам користено. За мрсна кожа се ама ја пресушуваат. Кремчето ефаклар мат го користам и добро е. Сите тие креми и брендови се само џабе фрлени пари, можеби ќе делуваат кај тие што имаат чисто лице со некои минимални проблеми на кожата. Серум си треба, киселини Аха Бха. Третмани кај професионален дерматолог. Нешто квалитетно и докажано. Нежна нега на лицето, не агресивна. Ако сакаме резултати. А овие тука низ аптеките се "булшит" џабе фрлени пари.
Од ниацинамидот мене ми излегуваа акни бели ситни и така да се откажав од производиве на The ordinary без да пробам и нешто друго
Здраво после долго читање низ форумот се одлучив моето масно и проблематично лице да го третирам со маслото од јојоба како "задњи воз" веќе Ако има некој слично искуство нека сподели, а во меѓувреме сакав да ги прашам @Biodevojka и @Mishela дали ова е само новото пакување на истото масло од биокосмос? Фала унапред
Јас го имам ова масло но многу ретко се шминкам и само тогаш го користам. Ептен нежно е и не ја иритира кожата. Се става на влажна кожа и се остава минутка да постои па се измива. Ја вади шминката, и го прави лицето ептен меко и мазно на допир. Меѓутоа не е за масно лице, дава некој баш "oily" отсјај на кожата. Го користам веќе 2ипол години. Си ставам на чисто лице пред спиње. малку се става и мора убаво да се масира кожата за маслото да се впие. Ја смирува и омекнува кожата и значително ја измазнува текстурата на кожата. Веќе повеќе време е истото пакување. Како на втората слика. Единствено средство што не ми ја суши кожата. Напротив, ја омекнува, чисти и после миење не бара ни креми ставање. Убаво мириса. Нежно е со кожата. Затоа е "Крем средство за миење" Nivea Cream Wash за чуствителна и сува кожа. Го земав и кремчето на Нивеа, Essentials 24h Moisture Boost + Matte + Spf15. Хидратантна крема, а воедно и безмасна. Па ќе видиме како ќе се покаже. Засега од Нивеа од све сум задоволна.