Никогаш не сум имала проблем со бубулици и акни колку што имам сега последниве месеци. Лицето ќе ми стои до негде чисто 2 дена и после пак се појавуваат поточно на брадата (никако не се чистат) и на челото. Дури почнаа и како поткожни црвени акни на некои видливи места да ми се појавуваат имам суво лице, пробав креми, лосиони дури и анти бактериски сапун и пак се појавуваат нема крај..
Не сум некој голем експерт, но ти препорачувам да почнеш со основни превенции за чисто лице. Мицерелна вода за секојдневна употреба и еве јас лично си користам пилинг крема барем еднаш неделно за прочистување на порите. Исто така кремата од невен на Арома ми е најдобра за секојдневна употреба. Би ти рекла да пробаш со основно секојдневно чистење ,а не веднаш на прескапи маски ,третмани и чуда... Секако резултати се видливи после подолга константна употреба. И најважното минимални 2л. вода . Се надевам барем малце ти помогнав.
Јас користам масло од јојоба речиси една година и сум презадоволен. Кај мене забележав обелувачко и смирувачко дејство. Би ти препорачал во шишенцето од 50мл да капнеш 5 капки етерично масло. Јас најчесто користам лаванда, или рузмарин.
@Ketchup имаше претходно мака со црнки, проширени пори, акни или пак зголемено лачење на себум? Сакам трајно да го решам проблемот користејќи што поприроден третман.. Дали би можела да додадам масло од чајно дрво? Знам дека намената му е токму за моиве проблеми, го користам локално само на акните и презадоволна сум ги суши веднаш и ги снемува без флеки и лузни
Јас мислам дека ја имам најпроблематичната кожа што постои. За етеричното масло од чајно дрво немам чуено лош збор, а мене уште толку ми ги воспалува акните. Но, доколку тебе ти одговара, секако дека може од него да додаваш. За црнките мислам дека поголем ефект имав од домашниот тоник што го најдов кај Биодевојка на блогот. Можеш и него да го пробаш, меѓутоа имај на ум дека домашно направениве продукти немаат инстант ефект.
Здраво девојки. Последниве месец дена лицево ми е за никаде. Многу ми се проширени порите, имам доста црнки и како грубо си го осеќам лицето. Сакам да пробам некои од производите на The Ordinary ама не знам кои да ги порачам за почеток. Имам комбинирана, накај масна кожа. И дали некоја има користено microneedling roller? Го купив овој Спојлер ама уште го немам пробано некако страв ми е иако читав многу позитивни reviews. Инаку, овие производи ги користам веќе неколку месеци : Спојлер: Наутро Спојлер: Навечер
Како за себе да прочитав. Ист проблем... Сменив 300 работи: креми, мицелар, дерматолог, хормони испитав и ништо џабе. На крај се откажав и сфатив дека кога сакаат излегуваат кога сакаат се појавуваат. Знам како ти е... Пробај си сегде е индивидуално ама тоа е моето искуство
Сте пробале ли со Сона крема во комбинација со бензол пероксид? Мене навистина ми помогнаа иако сум пробала се и сешто. И тоа во комбинација со секојдневна крема од тие "био" што ги препорачуваат на форумов. Јас ја пресушував кожата и сфатив дека и тоа ми била една од грешките.
Комбинирана накај мрсна може да значи дека ти фали хидратација. Многу често мрсната е дехидрирана кожа па порите доагаат до израз. Немаш ништо за ексфолијација, а со што отстрануваш шминка? Земи си го сквалан клензерот за вадење шминка (безопасен и пренежен), ниацинамид за порите и црнките и некоја киселина за ексфолијација-дали Аха Бха пилингот или Гликолик тонерот. Bio Oil е за белези и стрии колку што знам, за што го употребуваш? Дермаролерот одложи го за покасно и реално немаш толку сериозен проблем(како дупки од акни) за Дермаролер. Пробај првин со помалце агресивни работи.
Можам да ви предложам BHA 2% Lotion/Gel/Liquid од Paula's Choice. Тој им е најпродаван производ, се работи за бренд кој исклучиво користи состојки кои се научно докажани дека функционираат за одреден проблем (исто така, сѐ им е fragrance-free). За жал, shipping од Америка е прескап ($55), имаат и претставништва во Европа, но тоа важи само за земјите од Европска Унија + мислам Швајцарија и Норвешка. Ако имате некој во Америка/Европска Унија, порачајте му да ви донесе .
Био оил го користам дека имав неколку белези од акни. Почнав да го користам и за тело и лице кога бев бремена пред 4 години и од тогаш со неколку паузи нон стоп го користам. Мицеларна не користам, многу ретко се шминкам, и кога се шминкам ептен е нежна шминка и само се мијам нормално со гелот од Cerave и веднаш излегува. Ке ги порачам овие што ми ги предложи, плус и rose hip seed масло мислам дека ке ми одговара. Фала ти многу.
Аирол, сона или под кое име некоја крема со третиноин, без рецепт и која е цената и грамажата? Сакам да почнам со витамин а полека полека Се пробав за опаѓање на коса, и кога почнав редовно да ги пијам, еден месец, престана паѓањето, а новата коса си стои и не паѓа, си раснат влакненцата. И не ми се верува што ме спаси... Отпосле читав на интернет дека дерматолози препорачувале пиење на витамин Д за опаѓање на коса. А и кожата ми е во ред морам да признаам.
320 е Соната и Аиролот е тука некаде со цената. Соната е 30гр а Аиролот 20гр. Соната не а третиноин, адапален е. Подобро е да почниш со сона кога ќе се навикни лицето Аирол. Ги даваат без рецепт.
Ја земав зелената крема од др.конопка за мрсна кожа и пак лицето ми е мрсно, дури мислам и повеќе од претходно. Помош?
Ако ти е за акни тогаш почни со сона,но ако имаш цистични акни можеш и одма со аиролот, но ако ти е за анти ејџ тогаш купи некој серум со ретинол ретиноид,не креми за третирање акни.
Ти благодарам. За антиејџ ми е. На почеток а напорно, ама моментално како подлога си користам гранактивен ретинол, па после ќе почнам ариол. И онака се користи по зрнце три пати неделно дека е тешко да се навикне лицето, ама мислам дека вреди за резултатите. А можам и со адапален, дека иде лето... не ми се верува ќе џитнев за малку 20 долари за деферин