исто 60таблети за 150денари таблетите се за кожа коса и нокти вреди да се пробаат а и доста биле барани позз
Дечки, и јас имам неверојатен проблем со акниве на лицево, додека бев во средно имав и на грбот но тие сами од себе се повлекоа,но овие на лицево еднаш ќе се подобрат ќе се повлечат, потоа пак ќе се појават...само белези на лице си правам (((( Имам појдено на доктор во Јане Сандански тој ми препиша еуцерин да користам но нема резултат, има користено и Хлоракол од галафарм што е, но и тоа има само моментален ефект и осеќам дека не ми ги лечи до крај...сакав да појдам дефинтивно во Дерма медика и ласерски се да отрстранам...па сакав да прашам дали некој знае колку чини таму третманот ??? Поздрав ****
пробај со Хлорамфениколот тој лосион е единственото нешто мене што ме спаси до тогаш никакви резултати немав а неможам да опишам колку пари потрошив од средно се борев со акните so ладна вода лицето го миев само со ладна вода и бекутанче потоа го чистев лицето со хломфениколот и ставав хидрататнтна крема ова терапија мене ми го исчисти лицето пробај да бидеш упорна јас би ти препорачала да ги земеш и таблетите дермабион малку погоре кажавме дека ги користат i се одлични за кожа коса и нокти имаш 60 таблети за 150денри применија оваа терапија на лицето и купиги таблетите пијајги редовно верувам дека ќе имаш резултати позз
на мене кога ке ми излезе некое мозолче веднаш го стискам а после на тоа место имам црвенило и ми се подуено но за тоа јас имам решение го мијам лицето со DOVE сапун пред легнување и си го чистам лицето со ДЕРМОГАЛ лосион за лице кој чини само 80ден првиот пат кога си го купив мислев дека нема да има никаков ефект бидејки за тие 80ден не се очекува многу ама се изленадив лицето малку по малку ми се исчисти Лусионот е на галафарм и го има во сите аптеки
Јас користам само Хлорамфеникол на фитофарм, и задоволна сум си Иначе ме интересира тие таблетите DERMABION што ги зборите, имаат некои несакани дејства?
Јас ги пијам Дермабион веке цела недела и не приметувам никакво несакано дејство. И јас помислив дека е можно да се поправам од апчињава, ама ми рекоа дека нема врска. Земи ги слободно.
Јас ги пиев тие апчиња Дермабион за побрз раст на косата, незнаев деке биле и за лице, меѓутоа ќе кажам дека поправаат, јас откако почнав да ги пијам се поправав, па затоа и прекинав да ги пијам.Така ти кажале дека нема врска, тоа зависи и од самиот организам, кај секого, различно влијание имаат тие апчиња.Така што ефектот од апчињата,ќе се види откако ќе почнеш да ги пиеш, доколку имаат спротивен ефект, прекини да ги пиеш, без разлика кој е стандарниот совет за тие апчиња ( не биле штетни итн.).
Епа ако ми дозволи мајка ми ќе пробам Она додека прво не се распраша секаде колку е штетен што како нема да биде мирна..
Кремата ми се многу допаѓа 300 денари е, а помага. За 1 месец ми се исчистија сите брунки и црнки на лицето. Се става само навечер затоа што е многу мрсна, а и светеш од неа, но за чисто лице вреди.
Каква е оваа крема? За што е? Јас бев пред 1 месец во Лимес и барав крема некаква за лице али ми дадоа една од краставица и поткожни ми се напраија , а ја платив доста добро
Редовен пилинг дефинитивно. Без разлика дали е домашно направен или купен. Од купените од авон се убави јас ги имам.
Јас сакам да прашам што да користам за чистење на флеки од бубљици и акни? Исто така, не најдов тема за акни на грб, па тука да прашам, за грбот што да користам?!
Хлоракол лосион за акни во сите аптеки го има. Не е скап околу 120 денари е а навистина помага. И јас прашав овде на фемина за акните на грбот и ми го препорачаа него. Го користам 2 недели и има резултати.
aknefug oxid wash користам за акните на грбот и сум презадоволна ми го препишаа на кожно негативна страна е што кошта 1050 денари
Едноставно: го мијам лицето со млака вода (ладна не чисти, а жешка не е добра за кожата) и ставам крем Nivea Visage Moisturizing Day Care...толку сега за сега... мислам дека за кожа до 22-23 години доволно е хидратантен крем, за хијалуронска киселина и сл.работи се уште ми е рано
Во пола литар или литар вода се вари една китка магдонос, се прави чај и откако ќе се свари се цеди преку газа магдоносот за да се истисне целиот сок, и кога ќе се олади се додаваат 4-5 лажички јаболков оцет. Се мачка со памукче 4-5 пати во денот. Рецептов го слушав на ТВ и жената што го кажуваше кажа дека помагал за црнки и за акни и дека за 7 дена се забележувало губење на акните, црнките. Btw братучедка ми го испроба пошто немаше време за 4-5 пати да се мачка во денот, по 2 пати се мачкаше и задоволна е. Се надевам на некој ќе помогне. Спојлер се извинувам што постов го постирам во неколку теми но можеби ќе им помогне на читателите
Па вака, до пред извесно време немав проблем со акните, сите ми се восхитуваа колку ми е чисто лицето (и уште ми се восхитуваат ), ама од коа си напраив шишки почнаа да ми се појавуваат поткожни мозолчиња. Си го чистев лицето со млека, тоници триста чуда ама не само што не помага туку и лицето почна да ја губи природната влажност и почна да се создава кора што се лупеше (сега за среќа го решив проблемот и пак лицето си ја има потребната природна влажност). Сакам да ве прашам дали ќе ми препорачате некој препарат, да го решам конечно проблемов Иначе знам дека сум во пубертет и такви ствари се дешаваат, сеа не е толку страшно, мозолчињата се само на челото, ама многу ме нервираат . Ако може да ми помогнете многу би ви била благодарна. П.С. Во моментов користам некој лосион против акни Хлоракол од галафарм па да видиме дали ќе помогне
Па јас навечер пред легнување најпрво го мијам со гел за лице,па го тонирам-моментално со тоникот на Дебора кој е со витамини и освежува па ставам крема за лице,и крема за околу очи... Наутро се мијам и ставам крем.Еднаш неделно си правам пилинг и ставам маска,тоа ми е вообичаено,иначе некогаш се прскам и со термална вода за свежина-на vichy ми е најдобра содржи магнезиум калциум и натриум се што треба,мн сум задоволна.