Здраво, девојки. Искрено, не знаев каде да го поставам прашањето, а гледам и дека оваа тема е најактивна, па ќе прашам тука. Имам сува кожа и особено на зима ми се поистакнати вакви црвени ситни мозолчиња во пределот меѓу носот и брадата и кожата тука ми е најсува. Одвреме-навреме (иако не премногу) и ме чеша брадата. Знаете ли што е? Претпоставувам дека е некоја хронична појава и дека не можам да ја „излечам", туку можам само да ја смирам. Мислев дека е атопичен дерматитис/егзема, ама на сите слики што сум ги видела на интернет кожата е далеку поцрвена и нема баш вакви мозолчиња. Сега-засега ему маслото ми ја смирува кожата колку-толку, но би сакала да знам дали некој има подобро решение .
Веќе скоро 3 месеца користам комбинација од Клиндамицин лосион наутро и Сона крема навечер како третман за акни. Можам да кажам дека после 2-3 месеца конечно се виде ефект. Знам дека ова е комбинација што ја даваат многу дерматолози и затоа ме интересира што да правам понатаму? Со Сона секако планирам да продолжам секој ден, но Клиндамицин е антибиотик и лично не ми е океј да го користам долго време, мислев да го прекинам за некој ден. Има некој искуство? Преферирам одговори од некого што се има консултирано со дерматолог за ова.
Некој третман за болни поткожни акни? Скоро секоја недела мора да ми се појави некоја нова умрев нема спас
Леа Клиндамицинот знам дека е антибиотик и јас на многу наврати го прекинував на своја рака.На моето прашање секој месец на дерматолог "Дали да продолжам со леата или да правам пауза" ми одговараа со да леа мачкаш цело време...знам дека може да се створи по некое време одбивност кон клиндамицинот,ама мене еве 2 години не ми го прекинува.И тоа само на акните да мачкаш
Да пробаш со липолиза. Ја прават скоро сите дерматолози. Јас конечно успеав да се решам од постинфламаторните хиперпигментации и од акните. Во прилог ќе ви ја пишам мојата рутина за нега на лицето. Може би ќе му биде од корист на некој. Наутро: Миење на лице со гел со салицилна киселина ( Геровитал стоп акне), тоник за лице Балеа за сува кожа, Natural wealth серум со витамин Ц. Навечер: Мицеларна Оливал, миење на лице со хипп детско гелче, тоник балеа, адапален и третиноин во комбинација заедно (Сона и Аирол) и на крај кога ќе се впијат Bioderma cicabio за регенерација.
Тоникот ти е базиран на алкохол или не? Исто, од каде може да се купат кремиве Сона и Аирол или мора по рецепт на дерматолог? Мене не ми било волку чисто лицето како до сега. Рутината ми е едноставна: АМ: Геровитал гел за миење на лице Алверде Тоник - секој втор ден Bioten крем за очи The Body Shop Vitamin E хидратантна крема Bioderma Pigmentbio SPF 50 (ако излегувам) Балеа дневен крем СПФ 15 (ако не излегувам) PM: Геровитал гел за миење на лице Corine del Farm мицеларна вода Ziaja enzyme peeling (еднаш или двапати неделно, практикувам понеделник и четврток) Алверде Тоник The Body Shop Vitamin E серум Revuelle ноќна крема (with oat, wheat and chia oils) Имам проблем со отворени пори, меѓутоа периодов на карантин го користам да не ставам воопшто шминка и многу ми е почисто од претходно. Имам лузни и флеки како резултат на постоење на акна и тоа мислам дека се средува со витамин ц, ниацинамид, што сакам да ги вметнам во мојата ПМ рутина. И треба да се почне да се користи ретинол, бидејќи на 29 год е веќе време. Дали некој има нарачувано од децием во овој така малку повеќе заебан период?
Како можам да го контролирам црвенилото? Ми се појави на левиот образ и не се повлекува, каде грешам а не користам ништо. Не се ни шминкам ниту ништо.
Без алкохол е. Со ретиноидите никако алкохол. Инаку Сона и Аирол ги има во Зегин. По правило треба со рецепт од дерматолог да одат но ги даваат без него.
Здраво дечки сакам да прашам дали некој знае каде можам да најдам масло од јојоба или може да се порача од некаде?
315 ден е во Биокосмос, 50мл. Може и онлајн да се нарача, но не сум нарачувала до сега. http://www.biocosmos.mk/organic/organic-oils/organic-cold-pressed-jojoba-oil
Уште сум во потрага по ефективна...Јас користев Скинорен и Uriage Hyseac 3-Regul.Кој знае нека даде предлог
Здраво девојки, многу ми е мило што успеав конечно да се најавам на форумот. Би сакала да ве прашам за мислење за Еуцерин колекцијава, дали некој ја користел и колку чини ако имате информација. Имам 32 години и мрсна кожа и никако не можам да погодам со кремите што ги користев до сега. Ви благодарам.
Серумов на The body shop го нанесуваш на влажна кожа? Мене некако ми го масти лицето па го ставив моментално на страна..
Здраво, пред одприлика месец дена ми се направи огромна циста над увото. Самата пукна без да ја допрам и нормално излезе премногу гној и крв. На местото повеќе не ми расти коса, големина околу монета од 1 денар. Се мачкам со ракија и го тријам со лук и како да се подобрува по малце. Има некој искуство со ова?
Не затоа што содржи алкохол. Секое антибактериско сретство влажни марамици, тврд сапун, течен сапун содржи алкохол што ја суши кожата