http://biodevojka.blogspot.com/2015/08/blog-post_26.html Прочитај го текстот од биодевојка.Ги ценам нејзините совети и пред да се одлучам што да купам за мене доста читав за анти ејџ состојките, кога треба да се воведат и како. За ретинолот што ти го препорачале да го купиш почекај до 25години минимум и потоа бавно се воведува како што ти објасни членката со задолжително користење на крема со висок спф фактор затоа што кожата ќе ти стане многу осетлива на сончевите зраци.Серуми со вит Ц и хијалуронска киселина се се првите со кои се почнува кога сакаш да користиш анти ејџ состојки но според мене пред 25 години нема потреба од ништо. Бришење на шминката, хидратантна крема и крема со спф фактор пред изложување на сонце се најважните работи за млада кожа.Твоето лице си продуцира се нормално нема потреба со креми ти ништо да стимулираш, во доцните 20 се почнува тоа.
Првото прашање го отстапувам на некој што има познавање, јас не сум имала таков проблем. Што се однесува до второто, користам Slow Age крема на Vichy, која што топло ја препорачувам на сите за првите појавени брчки. Мириса феноменално, го освежува лицето и во себе содржи SPF 15, што всушност и ја прави одлична за дневна употреба. Го изедначува тенот, кожата блеска. Ја користам веќе месец дена и сум презадоволна. За третото прашање, алое вера имам користено за изгореници и смирување на кожата после депилација или било каква и да е иритација (некогаш и на некои бесни бубулки добиени пред ПМС), меѓутоа никогаш во секојдневна скин кер рутина.
Jaс користам алое вера гел скоро секојдневно Го ставам после кремата па прскам со ружина вода и потенок слој крема одгоре за да се „заклучи“ влагата. Ми го измазнува убаво лицето и некои лузни или моментални акни ги отстранува колку толку. Јас го користам на ЕSI со масло од чајно дрво и витамин Е и имам комбинирана кожа
Препорачана ми е од Др.Коста од Дермаплус ординацијата. Тебе? Дали ти се подобри кожата барем и колку време ја користиш ? Околу сушењето мене исто ми се случува понекогаш кога ќе нанесам повише од што треба..
Колку години си ако не е тајна? Се мислам да не почнам рано со anti age па да направам штета.. немам 30 , уште малку
Мене ми беше предобра додека ја користев ама бидејки почна да ми ги суши очите многу сега баш по препорака на @Kimberly11 ќе си земам гелче па да видиме. Инаку ми кажаа у аптека подобра е СОНА од Аирол
25 за еден месец. Првите маааали брчки ги приметив на чело пред околу месец дена и од тогаш решив да превземам нешто додека имам време за да ги намалам знаците. Одобрено ми е користење и од страна на козметичар.
Не, на сува го нанесувам. Па потоа ноќен крем ама по 30тина минути од нанесувањето на серумот, и неретко заборавам, па останувам само со серумот. Мене убаво ми делува, иако имам мрсна и комбинирана кожа, а витамин е се ставало за сува (подоцна дознав) али сепак е ок, ја масти зошто е oil based али не ми смета зоштоппред спиење го ставам и наутро другиот ден ми е премеко и хидрирано лицето.
Кај во Скопје би ми препорачале после коронова да отидам да ми го исчистат лицето? Не сакам само пилинг и маска, толку и сама можам.Сакам убаво да ме исчистат пошто црнки имам и по образите не можам да се достискам веќе а маските за лице од ДМ ми отидоа. Не можам да се гледам гадна сум!
Истото ме интересира и мене, а дополнително дајте совет за добра крема за лице за 30+ мрсна кожа. Постојано имам чувство на вина дека грижата за лицето ми е очајна. Сите креми што ги прогуглав имаат комедогени својства или сл. глупости и не знам што да одберам. Ставам редовно крем наутро и навечер, ама мислам дека правам погрешни избори на креми.
Некој крем или гел да ми препорачате за мрсна кожа и против акни, моментално си имам рутина го мијам лицето со два различни гела ии му ставам серум на крај и во врска со мрсната кожа многу ми помага, но до другиов проблем не. Немам страшно многу акни туку ептен ситни кои се видливи само на јака светлина, ама ме нервираат кога ги забележувам при чистење на лицето.
Јас сакав да купам сега на биодерма викаат дека е добар но за мојата кожа треба да го земам тој што е црвениот , ти можеш да го земеш плавиот за мрсна кожа види дали ќе ти помогне . Ваков како на сликава само плавиот
Дермаплус прават супер третмани ти го чистат лицето црнки тоа плус пилинзи маски,дермоабразија итн.. Но, во Чаир има едно девојче што работи и 100 пати подобро ти ги чисти црнките на нос ниту една не останува додека во Дермаплус не ти се замараат толку .. Девојчево ти праи пилинг, чисти црнки , маска и едно топло нешто поминува низ лице не знам што е тоа,500 денари се разлика...
Мхм. Го знам овој, ама го немам пробано, баш се мислев. Фала ти. Само дане знаеш во кои аптеки го има?