Здраво имам проблем со акни веќе незнам уште што не пробав,освен во пубертет никогаш не сум имала акни сега многу ми се појавија само околу устата и брадата на друго место не ми излагат сменив и јадење и пак имам секој ден се нови и нови веке нервоза ме фаќа, крвна слика цисти се ми е во ред. Некој дали има исти ваков проблем ПОМОШ Фала однапред
Искрено кај неа ни во лудило не би правела третман за лице, се додека не поведе рачун за хигиената во салонот. Ужасно е валкано!
Знам :/ но што се однесува до алатките на третманот и до самиот третман презадоволна сум. Пред мене ги дезинфизираше и чистеше
Еи не ѝ одам ако е прљаво. Боље во Дермаплус кај што кажа @ludamaja10 , нека ги дави во алкохол алатките ако сака, ако е гадно не одам
Не сум правела третман кај неа, само сум се чупала 2 пати. Убаво работи навистина, ама многу и е валкано...
Да ми препорачате некоја крема за лице или нешто друго , имам сува кожа , нормална до сува . Користам тоник и крема за лице на др. Хаушка . И ставам само навечер вит. Ц
Пази кај одиш,ако не им е чисто ќе те инфицираат не се иде сегде беља ќе си напраиш. Иако јас сум многу против стискање сепак ти си знаеш
Не е баш одговор на прашањето, ама од тоа што читам јас витамин ц се става наутро и потоа обавезно крем со заштитен фактор. Мој совет, пробај да пиеш повеќе вода.
Прашав баш за тоа но ми кажаа дека се става исклучително навечер бидејќи ако го ставиш и барем малце сонце да те фати не е убаво за лицето бидејќи оваа кремава на др. Хаушка нема заштитен фактор . Иначе пијам вода не знам зашто такво ми е лицето како затегнато :/
Девојки да ми препорачате некој крем или серум за хидратација на делот под очите?(на подочњаците) Овие денови приметив дека многу ми се суши кожата таму и се прават како мали лушпички а кога ќе ставам коректор многу лошо изгледа. Истиов проблем го имам и на носот и околу него,се прават лишаи и не знам што да ставам,па ако може и за ова нешто да ми препорачате. Само да не бидат некои производи што се нарачуваат,би сакала нешто што го има во нашиве продавници или аптеки и да бидат со попристапна цена(до кај 400-500 денари) Да напоменам дека имам 24 години
Девојки, веќе подолго време имам проблем со кожата. Имам комбинирана кожа, на т зоната ми е мрсна, зголемени ми се порите, а на образите остатокот ми е сува и имам црвенило. Сега во последно почнаа да ми се појавуваат акни на делот кај брадата и по линијата на лицето. Никогаш не сум имала вакви проблеми дури ни како тинејџерка. Имав закажано за испитување на хормоните и дерматолог, но поради ситуацијава со вирусов се одложи тоа. Шминка скоро и не користам, го мијам лицето со ладна вода 2-3 пати на ден, некогаш користам бебешки сапун, пред наносување на кремата користам органска мицерална вода од Corinne de farme за чувствителна кожа, на делот кај акните користам прополис природен, користам наутро и навечер bioderma sensibio ar, а преку ден користам крема од ziaja ревитализирачка со арганово масло. Дали некој има слично искуство или ако може совет? Исто така, ве молам препорака за средство за миење лице, некој тоник и пилинг. Внимавам на исхраната, но немам подобрување, 21 година имам.
Мицеларната вода обавезно измивај ја, таа не е тоник. Можеш да ја користиш наместо сапунот кој може да то ствара проблеми. Би ти препорачала после тоа да го измиеш лицето со бензоил пероксид, јас го користам Акнефуг. Исто и Сона крема за акните, а врз неа можеш некоја од кремите кои го имаш. Ова се разбира во меѓувреме додека се среди ситуацијава, после се разбира дерматологот ќе ти каже.
Тие што имате проблеми со акни дали прво проверувавте хормони или директно на дерматолог? Имам куп мали акни на едниов образ што си ги носам од септември и околу нив нови се појавуваат и исчезнуваат. Тоа само на еднава страна, другата ми е чиста. И шминка ретко користам, последно два месеци не сум нанела шминка воопшто и не се менува. И исхраната бајаги ја подобрив и си стојат. Дали може да се хормонски? Промени во циклусот немам никакви ниту сум имала откако ми се појавија
Толку сум си лута сама на себе што сум дозволила во минатото некој да ми го стиска лицето, што нема никогаш да си простам. Мака мачам со дупки на лицето. Големо НЕ! Прво на дерматолог, тој ќе процени дали акните би можеле да бидат хормонски или не, па ако се ќе те препрати тој да направиш испитувања. Едит: ако ги имаш само на едната страна, можеби поради тоа што спиеш на таа страна? Пробај менувај ги навлаките за перници почесто
Нешто може и да ги предизвика. Јас дури одев на работа ми се појавуваа неколку така на образот, особено кога бев во овулација ама мислам самата средина, многу луѓе на едно место, прашина, лицето не може да дише и тоа премногу ми влијаеше. Еве сега дома сум, се ми се исчисти. Хормони можеш да провериш, но консултација со дерматолог обавезно. Кај мене ќе се повлечеше акната но ќе останеше црвена точка. За флеки, од овој сум презадовола. Сепак, би ти рекла на своја рака ништо да не земаш, само со дерматолог. Можеш да ја влошиш состојбата, само стручно лице ќе ти каже кои испитувања треба да се направат и како после да се постапи.
Прво на дерматолог, но секако одам на гинеколог и секоја девојка треба да оди редовно, така што тоа плус.