Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. eelche

    eelche Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2009
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    2
    Луѓе мене полека,полека со Господ напред ми помина лицето(инаку бев ужасна)е сега имам уште флекички ама се надевам дека ќе се исчистат со тек на време.
    Значи земав таблети Миноциклин грчки се ама мн се јаки,потоа земам таблети на шмукање со цинк и витамин ц и еден мелем од една жена на природна база..бев упорна и конечно ќе се откачам од тоа зло.
    Е сега не знам што да користам за понатаму некоја убава крема и пудра...дајте некој совет
    Поздрав и многу успех на сите :)
     
  2. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    е сеа ја нешто да ви кажам, будала или не слушајте ме и уште утре набавете ако немате :D онаа белата течност за сипаници на фитофарм ја знаете? епа тоа е тоа :clap: со памукче врз секоја бубулица и оп за 2-3 дена исушена мераци, незнам како порано не го открив чудово, од аптека 70 ден ;)
     
  3. Sunshine.love

    Sunshine.love Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    10
    Јас сум од Кочани, а кремата ми ја порача мајка ми преку една жена. Прашај по аптеките можеби негде ќе најдеш. ;)
     
  4. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Море овој хлораколов ептен бил ефикасен :D Еве има само една недела од коа го користам и сите тие мали бубуљички на челото почна да ги снемува. Пола и повише ги нема :clap: Да биде благословена аптекарката што ми го препорача :lol:
     
  5. wings

    wings Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    1.201
    Допаѓања:
    2.889
    Ќе бидам малку офф од темава, тој хлоракол или хлорамфеникол лосион сеедно прочитав дека наводно бил канцероген а и слушнав дека во Германија го забраниле да се продава.Јас цел живот го користам тој ама што е сигурно-сигурно е , се префрлив на клиндамицин кој е малку поскап но и поефикасен. поздрав ! :*
     
  6. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Не знаев дека е отровен ама знам дека е шетен, ми има кажано и дерматолог да не се става тоа на лице.
    АКо имате проблеми со кожата подобро побарајте совет од дерматолог. Можеби ќе ви даде некој поскап лек ама барем ќе го решите проблемот.
     
  7. fificaaa

    fificaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Женски
    Па штом толку брзо го чисти лицето и за толку кратко време значи дека има нешто екстра јако. И мене ми рече аптекарката да не го користам долго време па така од кога ми се среди лицето за одприлика недела ипол престанав да го користам и пак ми се вратија бубуличките :worried: Затоа сеа барам спас во креми :)
     
  8. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    1.111
    Хлорамфениколот е ефикасен, нормално антибиотик е, но не е за долготрајно користење во никој случај. Исто и паста за заби никако ставање на лице. Делува ко да може да се стави на бубуљицата па да ја исуши, но не е тој составот и нема ништо да направи.

    Течна пудра од аптека, онаа што е за алергии, обично ко деца комарци кога ме касале ми ставаа, само на врвот одозгора и суши. Све што е со цинк суши. Здраве крема исто, и на пазар се наоѓа. Мустела исто со цинк кремот.
    И од аптека Злата во Битола, прават еден лосион за акни со сулфур, исто со памук само се тапка одзгора, да постои талогот, потхитно суши све. Мене последново многу ми има помогнато. :D
     
  9. AhThatFemaleProblems

    AhThatFemaleProblems Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    200
    Мене прилично многу ми помогнаа овие производи:

    Посебно ова ролончево е ефикасно, на само едно до две мачкања тие ситни бубуљици што ми се појавуваат ги снемува, а исто и тие помасовните што ми се појавуваат пред да ми дојди. Си купив уште едно вакво, првото ми беше при крај, и немав во последно време голема потреба да го употребувам на лице, пошто доволно ми е и гелот само, а тоа второто си го употребувам за друга намена (ова треба да го кажам и во посебната тема, за акнички на задникот). Стварно многу помага, а не е ни скапо, околу 200-250 беше, а трае некаде околу месец, месец и пол и тоа ако го користите секојдневно по 2 пати.
     

    Прикачени фајлови:

  10. fificaaa

    fificaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Женски

    Ејјјј кажи ми нешто подетално кај е таа аптека и како се вика лосионот , другарка ми е во Битола па додека не се вратила да и го порачам ако не тука пиши ми во лп вечно ке ти бидам благодарна :)
     
  11. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    Конечно ми се исчистија бубулиците со кои се мачам од почетокот на пубертетот. Е сега, проблемот е тоа што имам флеки (темни, ниски, кафени). Да не знае некој случајно некој природен начин за отстранување? :)
     
  12. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    1.111
    Со текот на времето сами избледнуваат, си се регенерира кожата. Вода многу за изедначување на тенот. Подобро е да не ставаш ништо, зависи од флеката, за пар месеци се повлекува у принцип. Лузна е тоа, нишо страшно. И никако хлорамфеникол, пун е со вазелин и затнува пори, јас би ти препорачала да не ставаш ништо, ќе испровоцираш само кожата. :) Го имав истиов да речам проблем, исчезнуваат сами. :)
     
  13. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.207
    Допаѓања:
    8.431
    Девојки многу ми се мрси лицево особено околу т- зоната неподносливо станува и тоа користам гел за чистење лице од авон ама нема ефект ......... пробав и со сапунот од Doctors ама воопшто не ми помогна aј помош ако може ;( ;(
     
  14. AhThatFemaleProblems

    AhThatFemaleProblems Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    200
    Ај пробај со гарние пјур? Ги има ете по горе и во темата за „производи од кои сте задоволни и од кои не сте“ имам пишувано, знам дека напнав со колекцијава, ама мене ми се досега најсовршеното нешто што имам употребено на лицево, а башка, имам исто мрсна кожа како тебе, посебно во т-зоната. Пробај ги, ем не се скапи, ем се прекрасни, за брзо ќе се заљубиш во нив (ги имам препорачано на лица со сериозни проблеми со кожата, брат ми и на козметичар одеше, но овие стварно му помогнаа..) ти си знаеш пак.. ама јас од срце ги препорачувам :)
    Поздрав ;)
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    истиот проблем го имам,моја другарка користеше Скинорен и се пофали а и лицето подобрено и е но некои велат не помага не е баш за таа намена кремата незнам... |( :(
     
  16. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
  17. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.207
    Допаѓања:
    8.431
    колку пари е ???
     
  18. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Кате другарками го користеше некаде 3 месеци имаше флеки и по некое мозолче и се појавуваше пред циклус но повеќе не а и флеките и се видно избледени ми кажуваше дека лицето го мие со ладна вода и го мачкаше со кремата има многу убави резултати е сега дали е до кремата или до времето сами и избледија незнам но имам прашано во аптека и не е тајна дека Скиноренот го земаат и за флеки и е некаде околу 500 денари добра цена :$
     
  19. bella.honey

    bella.honey Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    295
    Ако си во пубертет, тоа е нормално :) Јас немам некој сериозен проблем со брунчињата, само ги стискам, потоа на тоа место има мал помодерн белег, но со текот на времето исчезнува. И не планирам да користам пудра, со тоа само му штетам на лицето, не му помагам ! ;)
     
  20. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    девојки користела ли некоја од вас дермогал лосион од галафарм?пред некој ден го видов, не беше скап, а пишува убав е за мрсна кожа, за чистење на порите и спречува создавање на митесери и акни :?: