Сега не разбрав. Витамин Ц се употребува ако имаш акни или за хидратација. Читав негде ако седиш во затворена просторија повеќе време тогаш можеш да го употребуваш витаминот,во спротивно и не е пожелно. Јас стварно не се разбирам во skincare. За мејк ап прва сум,за ова нула.
Не верувам дека е од Соната, јас сум немала таков проблем. Да не треба да добиеш или да си во овулација? Тогаш знае кожата да се исфрли повеќе.
За акни не сум нашла дека помага, но помага за флеки од акни. Исто за темни кругови под очите, хиперпигментација од сонце и сл. Помага за регенерација на кожата, а со тоа е и антиејџ. После него се става крема. Доколку се користи преку ден врз него треба спф.
Од тоа е, и мене знае во овулација да ми излезе по некоја акна. Види дали ќе се смири состојбата во следниве денови.
Јас кога користев витаминот Ц од TO, бидејќи беше појак од 23% ми делуваше и на акни. Побрзо ми заздравуваа. И го користев само на вечер. А во глобала е за изедначување на тен (осветлување на сите темни дамки и флеки) и антиејџ како што пиша членката погоре.
Не ни има друг во Охрид, ќе мора да одиш во некој друг град за жал. И јас не сум задоволна од него,бев еднаш на преглед, 2 мин се на се, кога успеа да ме види, дијагноза да ми постави, да ми препише лек не знам. И тоа што го прашав не ми го објасни.
Што е тоа Ниацинамид, како се користи? Инаку пијам 3 литра вода на ден, внимавам на исхрана не е до тоа
Kazete mi pokraj sona koja hidrantanten krema da ja koristam?liceto mi se isusi i nekoi delovi pocnaa da mi se lupat
Да, исто..А од некои слушнав доста позитивни искуства. Можеби е индивидуално, ама си викам ќе пробам, па можеби ќе се подобри нешто, сепак и онака е подобро отколку експериментирање на своја рака. Со кој дерматолог имаш позитивно искуство?
Јас имам огромно подобрување на кожата и сум презадоволна. Немам перфектна кожа но за разлика од тоа каква бев сум задоволна од резултатот. Акните ми се хормонални и пијам терапија Диане 35, 3 месеци. Во дневната рутина за порите и флеките користам нијацинамид, навечер крема Сона препорачана од дерматолог и Биодерма Хидро крема. Еднаш неделно користам АХА 30% серум од Ревокс (ова ми е ново во рутината). Секогаш на крајот од дневната рутина користам СПФ 50. Сега само ме нервира неизедначената површина на кожата (skin texture) но се надевам дека со тек на време кожата ќе се регенерира. Исто така го намалив на минимум консунирањето на млеко и млечни производи. Спојлер: Слики пред и потоа