Здраво бидејќи сум нова во skincare рутината, дали може некој да ми објасни што е Ниацинамид и за што се користи? ❤
Што предлагате за секојдневна рутина за чистење на мрсна кожа на Т зона а сува на образите? За насабајле пред работа и кога ќе се вратам ми треба, замрсена сум тогаш. Не сакам да сум мрсна ама ни сува па. Да се измијам со вода и Серум некој па спф крема и пудра одговара или нешто друго?
Јас бидејќи навечер ставам крема и сакам наутро на чисто лице да нанесам се, го мијам со некој од геловите на Балеа. Сега го земав тој розевиот gentle пишува на него, воопшто не ја затегнува кожата. Инаку другиот дел ти е супер.
Имам проблем со акни како од сликата,помалку на број. Веќе долго време не се повлекуваат. Сакам да прашам дали некој има искуство со јанг дерм кремот за длабински третман на акни, одговара ли за овој тип акни и по колку време има резултати. Ако не предложете ми нешто друго што е испробано и делува, кожата ми е прилично сува. Фала и поздрав
Мој совет, дерматолог. Можеш и на државно, помалку од 100 ден е преглед, а ќе добиеш стручно мислење. Мене ми изгледаат на хормонски, а ако е така ќе ти предложат и да ги испиташ хормоните. Во врска со Јанг дерм, јас ја имав целата колекција и не ми помогна, но секогаш има и такви што се задоволни.
Во прва прилика обрати се кај дерматолог, а во меѓувреме остави го лицето да мирува. Под мирување се подразбира нежно чистење, лесна крема со нежен состав и СПФ секојдневно. Не внесувај нови производи во негата на кожата, и не ја пресушувај со алкохоли и др. штетни состојки.
Јас користев јанг дерм и така-така беше, ни лошо ни арно. Но, добив совет дека има многу лоши состојки во составот и го баталив. Мој совет прво да консултираш дерматолот. Тие акни не се толку наивни и подобро да чуеш стручно мислење.
Здраво Имам кожа со доста масна Т зона, црнки на носот и акни кои се најпрво поткожни, потоа долго време ми се задржуваат на лицето и се губат веднаш чим станат флеки Значи доста проблематична кожа.. Користам масло од чајно дрво директно на акните само и масло од јојоба за целото лице и ми се допаѓа оваа комбинација како делува. Дали некој со слични маки може да сподели искуство со гелов на алверде? Дали е "магичен" производ што може да помогне во процесот на лечење?
Ваков вид на акни во најголем случај испаѓа дека се хормонски (ти кажувам од искуство). Провери си хормонален статус и направи еден гинеколошки преглед, да не се работи за полицистични јајници. Што и да ставаш на лицето, дури најдобрите и најквалитетните креми на светот нема да го решат проблемот ако доаѓа од внатре.
@sofija014 извинете што се мешам вака, сакав само да кажам дека советот го применив и јас. Резултатите од биохемија покажаа дека хормоните ми се океј, а сепак имам полицистичен јајник и лицево по се изгледа никогаш нема да ми биде стакло чисто..
Дали се консултиравте со гинеколог околу тоа, што би можело да се направи? Јас имав покачени андрогени машки хормони, а тоа доведува до полицистични јајници.. Ми препиша терапија ендокринолог таблети Диане 35 и сум задоволна, но овие таблети не помогнале секому. Најдобро е консултација со доктор.
Гелов сигурно нема да ти помогне за акни. Нема активни состојки како салицилна киселина или бензол пероксид кои би помогнале. Ова е повеќе секојдневен гел. Би ти препорачала да побараш гел за миење со некоја од овие состојки. Јас лично коростам Акнефуг, двајца дерматолози ми го препорачаа и сум задоволна. И маслото би го исфрлила. Тоа не ја хидрира толку кожата и не е замена за крема. Може само дополнително да ти ствара акни. Види ги кремите на Биодерма за акни, доста се фалени тука и мене ми ги препорача дермаролог.
@sofija014 Да, бев и на ендокринолог.. Првично ми покажа висок пролактин, што беше нелогично бидејќи немав ниеден од симптомите. Затоа и двајцата лекари ( и гинек и ендокринологот ) бараа пак да го испитам само пролактинот и на второто тестирање ми беше сосема нормален.. Јајникот ми е доста зголемен со што ми рекоа дека најверојатно е од ладно, но не се исклучува можноста да е полицистичен ( повторно е малце дискутабилно бидејќи имам циклус како саат точен.. ). Ми рекоа за 5 месеци да одам на истата контрола ( хормонски статус, ехо ).. Во секој случај, јас и никогаш не сум имала некое пречисто лице, но сега навистина состојбава е влошена..
После долго време лицето ми се нормализира. Наизменично го користам хемискиот пилинг на Неутрогена visibly clear и физичкиот пилинг на Балеа со масло од кајсија(овој 2х неделно), серумот со нијацинамид и цинк од The Ordinary, мешавина од 3 капки скавлен од The Ordinary со кремот за лице visibly clear од Неутрогена и на деловите од лицето(околу носот) со себореа ставам крем sensibio ds+ од Биодерма.
Мислам дека нема да имаш никаков бенефит од овој. Најубаво да пробаш со Cerave Salicylic Acid Cleanser, ама мораш да го порачаш онлајн. Ако сакаш директно да купиш од продавница, овој личи дека би бил океј за твојата кожа:
Од каде може да се порачаат производите на CeraVe? Бидејќи пред неколку месеци се обидов да порачам производи од CeraVe од lookfantastic но, конкретно нивните производи не ги доставуваа до МК, таква им била политиката на брендот.